ФитКит Херој на Неделата: Мартин Климовски

martin-klimovski

Веќе 6 години вежба функционални тренинзи и кросфит за да си го активира целото тело како физички, така и психички. Групните тренинзи му се интересни и го мотивираат да ги надминува своите граници, а дружбата во сала му е мотив плус. 🙌

Запознајте го Мартин Климовски, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

Се трудам 3-4 пати неделно да вежбам функционални тренинзи. Доколку не можам да ја посетам салата за вежбање, гледам да истрчам некој километар околу зграда или на кеј. Исто така, за движење низ градов користам еколошки превозни средства како точак и „longboard“. 🚲

🎶 Ритамот на германската група Scooter му оди рака под рака со интензивните вежби што ги прави.

Од опрема за вежбање, Мартин најчесто користи тегови, шипки, јаже за скокање, високи кутии, а еве како изгледа најдобриот тренинг за него:

Секој ден имам различен тренинг кој е комбинација од повеќе вежби и движења. Најдобриот тренинг за мене изгледа вака: комбинација од weight lifting со кардио вежби, каде што навистина се гледа колку е издржливоста на телото. 💪

martin-klimovski

Комичните ситуации се неизбежен дел за личност чиј втор дом е фитнес студиото.

Имам многу интересни ситуации, но една ми е многу драга и смешна. По бурна ноќ, се појавив со наочари за сонце во сала (која беше затворена) и бев спремен да вежбам, иако во тој момент сѐ што ми требаше беше само сон. На крај, си земав само мали тегови и спиев на клупата за бенч прес. 😂

Ако треба да бира дали да вежба од дома или во фитнес студио, со личен тренер или сам, неговиот избор е следниов: 

За мене дефинитивно фитнес студио. Ги има сите потребни реквизити за добро вежбање. Секако тука е и социјалниот аспект – дружбата со групата. Исто така знам и дека нема да му “лупам” на комшијата бидејќи живеам во стан. 🤭 Искрено, преферирам да вежбам со личен тренер. Те едуцира за сите движења и како правилно да ги изведуваш, те набљудува при вежбање и може да те поправи се со цел да не се повредиш и да ја активираш правилната група на мускули. 

martin-klimovski

Ако може да запознае еден фитнес гуру, тоа би бил Арнолд Шварценегер. ✨

Во моментов го гледам документарецот за Арнолд Шварценегер. Човекот е успешен на 3 полиња (како бодибилдинг, актер и гувернер). Би сакал да слушнам дополнителни анегдоти и да дознаам за неговото секојдневие.

martin-klimovski

Мартин работи како QA Engineer во компанијата Valtech

Тој ја користи ФитКит апликацијата како дел од бенефициите за вработени за да посети изобилство од активности.

Сметам дека компаниите знаат дека после долг напорен ден од работа, на вработените им треба некој стимул и издувен вентил за да можат да останат фокусирани и мотивирани и следниот работен ден. Со самиот чин што компанијата овозможува  да користиме ФитКит, покажува дека таа вложува и се грижи за вработените. 🙌

 

martin-klimovski

За да дознаеш повеќе за Мартин:😎

👍 Додај го за пријател на Фејсбук: Martin Klimovski

📸 Пиши му на Инстаграм: @klimovskim

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Martin Klimovski

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore