Таа е голема обожавателка на фудбал и стравствена навивачка на Манчестер Јунајтед. ⚽ Ја користи секоја прилика за да ги потроши калориите од јадењето благо и кифличките на мајка ѝ.
Запознајте ја Рената Тодевска од Пробиштип, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋
Причината поради која што вежбам е да си ја оддржувам посакуваната телесна тежина со тоа што ќе бидам физички активна, а воедно ќе си го подобрам и здравствениот живот бидејќи мојата професија налага седење 8 часа во текот на денот. Преферирам вежбање сама или во група со тренер кој ќе ме надгледува и насочува како правилно да ги правам вежбите.
Најчесто вежба со тегчиња со помала тежина и ластик за отпор.
Првата активност што ја закажала преку ФитКит е аеробик, бидејќи сакала да проба нешто ново. Сепак, нејзината лојалност останува кон пилатесот. ✨
Омилена активност ѝ е динамичен пилатес, затоа што е моќна комбинација од кардио и вежби за истегнување.
Во домашни услови најчесто вежбам пилатес, посетувајќи онлајн часови преку ФитКит апликацијата. Понекогаш посетувам и јога часови, а скоро секој ден пешачам околу 5 километри. 👣
Најмногу ja инспирират Инстаграм инфлуенсерите кои тренираат, мотивираат и даваат совети за вежбање и исхрана. 🙌
Рената работи како Senior Software Engineer во компанијата Damilah.
ФитКит апликацијата како дел од бенефитите за вработени, ѝ помага да има повеќе енергија и фокус на работното место.
Многу мои поранешни и сегашни колеги и колешки ја користат апликацијата за закажување на разновидни активности. Сметам дека на овој начин, тие чувствуваат како компанијата се грижи за нивното физичко и ментално здравје и вложува во истото. ФитКит ти дава опција да пробаш најразлични физички активности и сигурно во некоја ќе се пронајдеш. Повеќето од тренинзите можат да се пробат и во домашни услови. 🏠
За да дознаеш повеќе за Рената:😎
👍 Додај ја за пријател на Фејсбук: Renata Todevska
📸 Пиши ѝ на Инстаграм: @todevskarenata
🎯 Конектирај се на LinkedIn: Renata Todevska
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог.
ФитКит е и платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.