FitKit Глобализација: како функционира апликацијата и што значи тоа за тебе

FitKit започна локално, но денес функционира без граници.
Без разлика дали првпат се среќаваш со FitKit или веќе го користиш, во продолжение ќе најдеш објаснување како функционира новата глобална верзија и што значи тоа за тебе.

Што е FitKit и како функционира?

FitKit е апликација што ти овозможува да се грижиш за себе без да се врзуваш за една услуга или едно место.
Можеш да вежбаш, да одиш на спа или третман за убавина, да користиш активности за деца или, кога ќе ти треба, да закажеш и разговор со психолог.
Сè тоа е достапно преку една апликација, со пристап до 3,750+ активности во 5 земји: Србија, Северна Македонија, Бугарија, Грција и Словенија.

Дознај повеќе за FitKit:
FitKit за индивидуалци | FitKit за партнери | FitKit за компании

Што се FitKit кредити, а што FitKit претплата?

Со FitKit имаш две флексибилни опции за користење на услугите, преку кредити или преку претплата.

FitKit кредитите се нашата „валута“ со која се вреднуваат услугите во апликацијата.  Секоја активност има своја фиксна вредност изразена во кредити.

FitKit претплатите овозможуваат месечен пристап до активности, во зависност од пакетот што ќе го избереш.  Постојат четири пакети: S, M, L и XL, со можност за прекин во секое време.

FitKit Глобализација

Што значи FitKit Глобализација?
Со FitKit Глобализација, апликацијата сега е достапна во 5 земји.
Тоа значи дека можеш да ги користиш истите кредити или претплата и кога си во друга земја, без нов акаунт.

Каде е достапен FitKit?
FitKit во моментов може да се користи во 5 земји, со постојано растечка мрежа на партнери и активности:

Северна Македонија, 1600+ активности
Скопје, Велес, Куманово, Тетово, Охрид, Прилеп, Битола, Гевгелија, Штип, Струмица, Гостивар, Струга, Кочани, Виница, Маврово и Кавадарци.

Србија, 387 активности
Белград, Нови Сад, Панчево, Суботица, Ниш и Златибор

Словенија,  827 активности
Љубљана, Марибор, Копер, Крањ, Ново Место, Домжале, Радовљица, Литија, Медводе, Водице, Помарје при Јелшах, Гросупље, Равне на Корошкем и Церкље на Горењском.

Бугарија, 550 активности
Софија, Пловдив, Бургас, Стара Загора, Свети Влас, Банско и Бања

Грција: 380 активности
Атина, Солун, Хераклион, Керкира, Волос, Јанина, Серес, Халкида, Трикала, Капандрити и Верија

*Сите достапни градови и активности секогаш ги гледаш директно во апликацијата.

Како функционира користењето на FitKit во пракса?
Апликацијата ја користиш исто како и досега само што изборот сега е многу поголем и достапен на повеќе локации.

Кога сакаш да најдеш активности во друга земја, едноставно ги користиш филтрите во апликацијата. Избираш држава, град и категорија фитнес, релаксација, убавина, ментално здравје, активности за деца).

FitKit ти прикажува што е достапно околу тебе во тој момент, што значи дека кога патуваш, повеќе не мораш да правиш пауза од грижата за себе.

Локација и прикажување на активности

Дали апликацијата автоматски ќе ми ја смени државата кога ќе патувам?
Ако имаш дозволено локација, FitKit автоматски ти ги прикажува активностите што се најблиску до тебе и дома и кога патуваш.
Така го добиваш најрелевантното искуство, без дополнително пребарување.
Секако, секогаш имаш целосна контрола и можеш рачно да ја смениш државата и градот преку Филтри → Земја → Град, кога и да посакаш.

Што ако сум во Србија, а ми покажува само локации од Македонија?
Едноставно промени ја земјата во филтрите.
Апликацијата веднаш ќе ги прикаже достапните локации за новата селекција.

Дали ако сменам држава/град автоматски ќе ми се прикажат локации и услуги достапни во таа околина?
Да. Секогаш кога ќе смениш земја или град, апликацијата прикажува само локации и услуги што се достапни таму.

Како функционираат цените и кредитите

Во која валута ќе ги гледам цените во апликацијата?
Цените се прикажуваат во валутата на твојата примарна земја, одредена според телефонскиот број што го користиш.

Дали ми треба нова претплата за секоја земја?
Не. Твојата постоечка претплата или кредити важат во сите поддржани земји.

Дали кредитите функционираат исто во сите земји?
Да, начинот на користење е ист во сите земји.
Сепак, бројот на кредити по активност може да варира во зависност од земјата, градот или типот на услуга.

Дали ако имам М претплата во Македонија, ќе можам да користам услуги до 5 кредити и во Србија?
Да, aко имаш М претплата, можеш да користиш активности до 5 кредити и во Србија, исто како и во Македонија. Истото важи и за другите претплати

Може ли да купам кредити или претплата додека сум во странство?
Да, сите купувања можеш да ги направиш директно преку апликацијата.

Дали има лимит колку пати можам да користам услуги во странство?
Не, нема ограничување, можеш да користиш FitKit онолку пати колку што имаш кредити или активна претплата.

Користење на апликацијата

Дали треба нешто да направам за да почнам да го користам FitKit глобално?
Потребно е само:

  1. Да ја ажурираш апликацијата
  2. Да го потврдиш твојот телефонски број

По тоа, FitKit е подготвен за користење и во други земји.

Кога да избирам активности, пред патување или кога ќе стигнам?
И двете опции се можни.
Можеш однапред да разгледаш што има на располагање или да пребаруваш активности откако ќе пристигнеш.

Дали морам да се држам до еден тип активност?
Не, со FitKit можеш да комбинираш различни активности, еден ден јога, друг ден базен, трет ден третман за убавина.

Дали можам да откажам или променам резервација направена во друга земја?
Да, откажувањето и промената функционираат исто како и дома, според условите прикажани во апликацијата.

Дали сите земји имаат ист квалитет и тип на партнери?
FitKit работи со внимателно одбрани партнери во сите земји. Сепак, бројот и типот на активности може да варираат по земја и град.

Дали сите категории (теретана, спа, терапија, јога, beauубавина) се достапни во сите земји?
Не секоја категорија е достапна насекаде.
Во апликацијата секогаш ќе ги видиш само активностите што се реално достапни во избраната локација.

Дали можам да користам персонален тренер од Словенија ако сум во Македонија (онлајн)?
Да, доколку услугата е онлајн и е означена како таква во апликацијата.

Комуникација и поддршка

Како комуницирам и резервирам пример масажа / онлајн сесија за друга држава ако треба да се јавам на телефонски број?
Сите информации за резервација и контакт ги добиваш преку апликацијата. Каде што е потребно, ќе видиш и директен контакт.

Дали работното време и празниците се различни по земја и како тоа влијае на резервацијата?
Да, работното време и празниците зависат од земјата и локалните правила, а апликацијата го прикажува актуалното достапно време.

Што ако имам прашање додека сум во друга земја?
Ако имаш какво било прашање, можеш слободно да ни пишеш на info@fitkit.app. Нашиот тим е тука да помогне, без разлика каде се наоѓаш.

FitKit = Една апликација, еден систем, 5 земји 3,750+ активности и слобода да ја избираш грижата за себе, каде и да си.

Истражи го FitKit