ФитКит Херој на Неделата: Христијан Петровски

Hristijan-Petrovski

Тренирањето го прави да се чувствува поисполнето, да спие подобро и да има поуспешен работен ден. Верува дека токму енергијата е наш двигател за суштината на живеењето. 💡

Запознајте го Христијан Петровски од Битола, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

Христијан е од оние луѓе што не можат да си го замислат денот без добро да се извежбаат и испотат во теретана. Токму тоа е и првата активност што ја закажал преку ФитКит апликацијата. 

Од тогаш, тој постојано ги користи ФитКит кредитите за да биде активен и да си го обликува телото од соништата

🏋 Теретана е моја омилена активност, затоа што после секој тренинг се чувствувам поисполнето, имам подобар сон и поуспешен работен ден. Дневно вежбам 1 до 1 ипол час во теретана. Најчесто ги користам 90% од справите и реквизитите што ми се на располагање, секако, зависно од тренингот.

Hristijan-Petrovski

Неговата фитнес рутина е следнава:

2 часа пред вежбање имам добар и обилен ручек со малку повеќе јаглехидрати. Потоа, следува тренинг околу 18-19 часот, зависно од тоа што имам во план за вежбање за тој ден. Најчесто неделата ја почнувам со тренинг за гради, а потоа следи оброк со малку повеќе протеини. Редовно консумирам OPTI-MEN мултивитамини за подобри перформанси. 💊

Hristijan-Petrovski

Христијан смета дека колку ќе ти биде добар тренингот, зависи само од тебе, дали си добро одморен и најаден за да ја имаш потребната сила за да го издржиш темпото на вежбање. 

Ulisses Jr е неговиот финтес гуру, а кога му треба екстра мотивација за вежбање, оваа мелодија му е секогаш од помош: 🎶 

Преферира да вежба во фитнес центар, бидејќи смета дека во домашни услови има помалку инспирација за вежбање

Христијан работи како Associate Software Engineer во компанијата Damilah

Тој смета дека за да има попродуктивен ден, треба да биде активен, а тоа ФитКит секојдневно му го овозможува. 🙌

ФитКит e најдобрата фитнес мобилна апликација за вежбање и релаксација што нуди голем број активности за сечиј вкус. Според мене и луѓето коишто се физички активни, ФитКит претставува најдобар бенефит што може компанијата да ни го понуди. Затоа, ако твојата компанија нуди бенефит како ФитКит, искористи го тоа максимално, почни да вежбаш и да вложуваш во себе! 💪

Hristijan-Petrovski

За да дознаеш повеќе за Христијан:😎

👍 Додај го за пријател на Фејсбук: Hristijan Petrovski

📸 Пиши му на Инстаграм: @christijan.kiko

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Hristijan Petrovski

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore