Финансискиот сектор во земјава го скрши мразот со фитнес и велнес бенефити за своите вработени

fitkit-app-diners

Финансискиот сектор во Македонија ги отвора своите врати за услугите што ги нуди ФитКит апликацијата за заеднички да го поддржат здравјето и благосостојбата на своите вработени. 🙌

Првата кредитна картичка и алтернатива за безготовинско плаќање во светот Diners Club Македонија ја увиде потребата за унапредување на физичкото и ментално здравје на своите тимови.

Статистиката само потврдува дека оваа компанија преку воведувањето фитнес и велнес придобивки за вработените, драстично ќе влијае врз задоволството на вработените, нивната лојалност кон компанијата и зголеменото ниво на продуктивност. ⬇️

Фитнес велнес статистика

Од неодамна, ФитКит апликацијата е дел од пакетот бенефти за вработените во Diners Club Македонија, кршејќи го мразот како прва финансиска институција во земјава што е дел од ФитКит фамилијата. 🥇

Токму ФитКит апликацијата ќе му помага на тимот на Diners Club Македонија да ја унапреди физичката и емоционална благосостојба на своите вработени што поволно ќе влијае како на работното место, така и во нивните домови.

fitkit-app

Физичката и психичка добросостојба се максимално важни како за приватниот, така и за деловниот дел од секојдневието на тимот на Diners Club Македонија.

Луѓето коишто се физички активни и психички и емоционално стабилни и зрели, пренесуваат многу повеќе позитивна енергија и даваат многу поголем придонес во компанијата, велат од Diners Club Македонија. 🙌

Кога ги разгледувавме можностите за соработка во делот на пружање на услуги што покриваат физичка активност, очигледниот избор беше ФитКит. Пријателскиот пристап и професионалноста на тимот на ФитКит, како и разновидноста на активностите и објектите што се опфатени со нивната платформа, беше пресуден за почеток на нашата соработка. Неодамнешното вклучување на категоријата „ментално здравје“ во апликацијата е исто така за поздрав, бидејќи е од исклучителна важност во денешното секојдневие кога речиси сите живееме во доминантно дигитален свет и полека ги губиме физичките контакти и комуникација. 

fitkit-app-diners

Преку користењето на ФитКит, тимот на Diners Club Македонија ќе ги поддржи своите вработени во нивниот пат кон подобро физичко и ментално здравје, а со тоа и кон позитивен импакт врз целите на компанијата. 🎯

Нашата компанија функционира како едно големо семејство во кое потесниот круг се вработените. Го цениме нивниот труд и индивидуалните карактеристики коишто секој еден ги вложува за единствената цел и визија на компанијата. Затоа сметаме дека само преку вложување и развој на различни полиња, ќе постигнеме подобри резултати и ќе креираме задоволство кај нашите членови.

Креирањето на здрава работна средина не значи само отстранување на факторите што би можеле да го загрозат здравјето на вработените. 

Ова значи и вложување во позитивни фитнес и велнес практики за вработените што ќе придонесат за поголема мотивираност, продуктивност и финансиски перформанс. 🚀

fitkit-app

ФитКит ќе продолжи да инвестира во градење на позитивна и здрава работна средина во компаниите во земјава, помагајќи им преку вложување во бенефит како ФитКит платформата, да ги отклучат неоткриените потенцијали и уникатни вештини на своите сегашни и идни вработени. 

За да ги искусите придобивките од користење на ФитКит како додадена вредност за вашите вработени, пишете ни мејл на 📧 info@fitkit.app или јавете се на 📞 075 420 308 за да добиете персонализирана понуда. 

 

FitKit logoФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.