ФитКит Херој на Неделата: Марија Мишева

Марија Мишева

Вежба за да се чувствува добро во сопственото тело, избалансирано и енергично. Кросфит и табата го вадат максимумот од неа и ја полнат со позитивна енергија.

Запознајте ја Марија Мишева од Штип, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

marija-misheva

Првата активност што Марија ја закажала преку ФитКит апликацијата е Total Body Workout програмата на Елена Бубало.

Придобивките од вежбањето на оваа програма, чувството на исполнетост, среќа, убавиот изглед, ослободување од секојдневниот стрес се едни од причините што биле пресудни за Марија да продолжи да инвестира во своето физичко здравје. 🙌

Омилени активности ми се кросфит и табата. Овие дисциплини умеат да го извадат максимумот од мене, а после тоа се чувствувам одлично. Дополнително, физичката активност ми помага да ги елиминирам честите главоболки.

marija-misheva

Понеделник, среда и петок се деновите кога Марија има тренинзи во сала. Останатите 2-3 дена се наменети за трчање или јога.🧘

Најдобрите тренинзи ми се состојат од кардио во комбинација со вежби за отпор со долги ластици. Обично користам различни реквизити, но омилени ми се вежбите со сопствена тежина.

Преферира да вежба во фитнес студио, бидејќи смета дека не би ја имала истата дисциплина доколку вежба сама дома.

Ако треба да бирам помеѓу вежбање со личен тренер или сама, мојот избор е вежбање со тренер. Мотивацијата од тренерот и останатите членови во фитнес центарот е неопислива. 💪

marija-misheva

Како Account Executive во компанијата Pixyle.ai, Марија вели дека тренинзите што ги закажува преку ФитКит апликацијата ѝ помагаат да ја избистри главата, да има поголем фокус и енергија во текот на целиот ден. 

Големиот број на опции во апликацијата ти даваат можност да откриеш која е твојата идеална физичка активност. ФитКит им пружи можности на сите да го направат првиот чекор кон подобра верзија од себе. 👣 Once you try it, you get addicted to it! 

marija-misheva

За да дознаеш повеќе за Марија:😎

👍 Додај ја за пријател на Фејсбук: Misheva Marija

📸 Пиши ѝ на Инстаграм: @mishevamarija

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Marija Misheva

FitKit logoФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.