Петар од Nagomy Fitness: Сите го имаат ѕверот во себе, ние го будиме!

Nagomy Fitness

Под мотото Сите го имаат ѕверот во себе, ние го будиме!, Nagomy Fitness од Скопје веќе 15 години ги поместува стандардите за тоа како еден современ фитнес центар треба да изгледа и да функционира. 🏆

Од пред 3 месеци, Nagomy Fitness доби сосема нов изглед како уште еден доказ за децениската посветеност да им се овозможи најдоброто на вежбачите, објаснува Петар Видиновски од тимот на Nagomy Fitness.

Nagomy Fitness полни 15 години! 🎂 Студиото сега е комплетно реновирано, со нов изглед и целосно нова опрема, со посветен тренер со над 15 години искуство присутен на секој тренинг. Nagomy Fitness нуди нова, модерна и чиста атмосфера на површина од 450м2 прилагодена за секој вид на фитнес активности, со олимписки шипки, комплетен состав на kettlebell, над тон ипол во олимписки тегови, 14 модерни справи како Skierg, Airbike, Row machines и многу друго.

Nagomy Fitness

Ако му дадеш шанса на Nagomy Fitness, еве кои дисциплини ги имаш на располагање:

Функционален тренинг

Фитнес

Кардио

Nagomy Fitness

Новина во Nagomy Fitness се 3 внимателно креирани програми прилагодени за секој вид и ниво на вежбачи кои доаѓаат заедно со опцијата за open gym:

💪Сила и кондиција

🏃 Кардио и издржливост

🏋️ Dumbells мастер

Овие програми можеш да ги пробаш во следниве термини: понеделник, среда, петок од 18:00 до 21:00 часот и да видиш која од нив најдобро ќе се вклопи со твоите физички преференции.

Nagomy Fitness е место каде што мотивацијата кај вежбачите секогаш е до плафон, бидејќи таа се одржува преку едукација, посветеност и напорна работа.

Nagomy Fitness

Студиото нуди фитнес програми наменети за почетници и напредни вежбачи. Дополнително, има и индивидуална група посветена исклучиво за професионалните натпреварувачи. 🏋️

Ако сакаш да постигнеш побрзи резултати, ја имаш можноста да вежбаш и со личен тренер. А ако си редовен вежбач во Nagomy Fitness, ќе добиеш попуст на членарината и попуст при плаќање за неколку месеци однапред.

Nagomy Fitness

💸 Доколку сакаш и ти да бидеш дел од приказната на Nagomy Fitness, закажи си термин преку ФитКит апликацијата и посети го студиото што се наоѓа на адреса „Александар Мартулков” број 2А во населбата Хром во Скопје.

👣 За да бидеш во тек со сите новости на Nagomy Fitness:

📸 Следи ги на Инстаграм: @nagomyfitness

FitKit logo ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови.

Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.