Како да се мотивираш да почнеш да работиш на себе?

tomas-performance

Како да се избориш сам/а со себе за да го надминеш гласот во глава што ти вели да се откажеш? 🤔

Кое прашање треба да си го поставиш за веднаш да се мотивираш да работиш на себе

Томе Попчевалиев, познат како Tomas Performance, ги дава одговорите на овие прашања во Wellcast with Josif

Томе е активен спортист, натпреварувач и подкастер кој ќе те мотивира да се ставиш во акција веднаш по читањето на овој блог. 💪

Како да се избориш сам/а со себе за да постигнеш повеќе?

Кога гласот во себе ти кажува дека си дошол до границата на твојата издржливост, треба да научиш како да го исклучиш и да продолжиш  – тој чекор се нарекува перформанс. 💡

podobar-performans

Секоја индивидуа сама за себе си знае кога ќе се соочи со ѓаволчето од страна што му кажува „Ајде, батали што се замараш?!”. И во тие моменти, таа борба што се случува во тебе за да го исклучиш тој глас и да продолжиш – за мене тоа е перформансот. И тоа постои кај секој од нас, не само кај светските шампиони. Mоментот кога се соочуваш со гласот во себе што ти кажува дека е толку, знај дека тој глас никогаш не е во право – немаш граници ниту на телото, ниту на духот, ниту на умот. 

Најдобар начин да се подготвиш да му кажеш НЕ на тој глас што ти ја полни главата со изговори зошто треба да се откажеш е преку тренирање. 🏋️

Мindfull awareness – духовна алатка за надминување на ограничувањата што си ги даваме

Mindfull awareness е свесност за процесите што ти се случуваат во умот и телото кога сметаш дека си го постигнал својот лимит. Тоа е техника што можеш да ја искористиш за да си ги надминеш физичките и ментални ограничувања. 🧠

podobar-performans

Пример, возиш велосипед и доаѓа момент кога ти е тешко да продолжиш. Додека трае тоа, ти имаш грчеви, ти се темни пред очи, те фаќа страв. Во тој момент, треба да си го направиш следниов внатрешен дијалог:

-Зошто ја имам оваа мисла?

-Затоа што ме боли!

-А зошто ме боли? Болката е опасна по живот или ме боли зошто одбрав да возам точак?

-Аха, оќеј, значи не е опасна по живот. Тогаш, можам да продолжам. 🚲

Кое прашање да си го поставам за да се мотивирам за да почнам со работа на себе?

Како да се мотивира една личност да го крене првиот тег? 🤔

Томе би го прашал:

Што сакаш од животот? Зошто не креваш тегови? Ако рече дека сака да крева, тоа е веќе друга тема на разговор. Ако човекот е задоволен и среќен таму каде што е, тоа е тоа. Ама ако сака промена, а не знае како, наредниот чекор ми е да го прашам: Замисли си ја последната декада од животот? Како ќе ти изгледа? Скоро сите луѓе ми даваат исти одговор. Прво е изненадувачко прашањето, па потоа ми велат дека последната декада ќе им биде слична верзија на животниот стил што го имаат и во моментот, функционален, независен од другите, многу патувања. Ако сакаш да ти е таква последната декада од животот, работата почнува СЕГА! Ако не правиш ништо и го живееш животот по инерција, последната декада нема да ти биде таква каква што си ја имаш замислено. Ќе ти биде полна со лекови, болници, зависност од други луѓе, неможност да се наведнеш да ги гушнеш внуците и да уживаш во животот. Само свести се и погледни околу тебе колку здрави, агилни, функционални 80-90 годишни луѓе познаваш? 👴

Исхраната како гориво за перформанс

broenje-kalorii

Томе од ден за ден си ја адаптира исхраната во зависност од тренингот.

Кога сум на велосипед неколку часови, зависам примарно од консумирање масти. Или претходниот ден или сабајлето, свесно размислувам дали сум внел доволно масти како ореви, путер од кикирики и многу малку јаглехидрати. При тренинг со тегови или интензивен тренинг, знам дека ќе зависам од многу глукоза и јаглехидрати. Тогаш ден претходно, го спремам горивото за тренинг преку исхраната. 

Неговата исхрана најмногу се фокусира на здрави масти во форма на јаткасти плодови и протеини како јајца и месо. 🥩🥚

Јаглехидрати јаде само кога тренингот му го бара тоа, како на пример тренинзи со тегови, интензивни интервалски тренинзи или трчање.

Шеќерот како причина за избувливост и лошо расположение

podobar-performans

Томе ги советува луѓето да пробат да ги елиминираат процесираните шеќери барем на една седмица. 🍭 Шеќерот што го има во овошјето е секогаш добредојден.

Кога целосно го елиминирав шеќерот од мојата исхрана, по неколку дена сè ми стана посмирено. Реакциите кон другите луѓе ми станаа поодмерени. Многу поголемо нешто треба да се случи да ме изнервира и тоа само поради елиминирање на шеќерот. Кога си зависен од шеќерот и го консумираш секојдневно, ситни работи може да те извадат од такт како крцкање, штракање на пенкалце и слично. 

Прекумерното тренирање како честа грешка

 

Една од работите што Томе би ги сменил е тоа што бил многу мотивиран на негова штета – се има претренирано во животот, бидејќи не знаел кога било доста, а немало ниту други да му посочат дека претерал. 🤦

Сигурен сум дека ќе сум имал подобри резултати ако внимателно сум ги дозирал тренинзите. Толку многу бев мотивиран што се прегорев себеси. Наместо да одмарам пред секој натпревар, јас го зголемував бројот на тренинзи. ❌ Луѓето со високи амбиции во спортот најчесто се многу мотивирани луѓе. Таа огромна мотивација треба да се обидеме да ја намалиме, да ја контролираме или да ја фокусираме на нешто друго. 

podobar-performans

Зошто професионалниот спорт може да биде нездрав?

Професионалното спортување е одлично, но од друга страна, брзо и интензивно го троши телото. Одењето во екстреми со своето тело не е здраво.

Се дозволува одење во крајности со телото на ретко одбрани моменти кога наградата ќе вреди за тоа. Нездраво е ако ја немаш свесноста за тоа како го трошиш телото долгорочно и тоа го правииш постојано, без да размислуваш на последиците. 😰

Погледни ја целата епизода на WELLCAST with Josif: ⬇️

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore