Вежбај и заштеди до септември: Топ 5 начини како

visa-fit-kit

Дали некогаш ти се случило да паузираш од вежбање, затоа што членарината ти била прескапа? 🤔

Дали си размислувал/а за алтернативи за вежбање, пријателски расположени кон твојот џеб? 

Дополнително, ако не дозволуваш високите температури во лето да ти бидат изговор да не вежбаш, овој блог е дефинитивно за тебе. ⬇️

Како да заштедиш додека вежбаш?

Начин 1: Вежбање во природа

Летото е идеалното време за активности во природа. ⛰️

Ако сè уште се двоумиш дали да му дадеш шанса на трчањето во парк, кајакарењето, возењето велосипед или искачувањето на планина, можеби овие придобивки од вежбање во природа ќе те предомислат:

✅ Изложеност на свеж воздух и витамин Д.

✅ Смирувачки ефект врз умот и душата, ослободување од стресот и намалување на симптомите на депресија и анксиозност.

✅ Подобрување на координацијата и стимулирање на мускулите кога се вежба на нерамни површини.

✅ Можност за групни активности и многу, многу дружба.

✅ Развивање на свеста за важноста на природата што ќе те поттикне повнимателно да се однесуваш кон околината и природните ресурси.

visa-fit-kit

Начин 2: Купување ФитКит претплата со VISA картичка

Плаќањето членарина за фитнес центри може да биде прилично скапа инвестиција, особено ако плаќаш за цел месец, а не се појавуваш на тренинг поради некоја причина.

Затоа, во соработка платежниот гигант VISA, спроведуваме кампања за промоција на активниот начин на живот. 🚀

Ако купиш ФитКит претплата М или L со картичките VISA Gold или VISA Premium, ќе добиеш 500 денари попуст на месечната претплата.

Имај на ум дека овој попустот за вежбање преку ФитКит апликацијата ќе трае заклучно до крајот на Септември 2023 година! ⌛ 

Дознај повеќе како да заштедиш на вежбање со VISA Premium или Gold картичка.

Начин 3: Вежбање од дома

Вежбањето од дома ти нуди огромна флексибилност, особено во оние денови кога температурите се над 40от степен. 🥵

Предноста кај онлајн тренинзите е тоа што можеш да вежбаш кога сакаш, колку сакаш, што сакаш. На овој начин ќе си ја задржиш рутината за вежбање, без да го напуштиш комфорот на твојот дом.

Кликни овде за да ги разгледаш FitKit Plus програмите за вежбање од дома. А потоа избери ја активноста што ќе ти делува како најзабавна.

visa-fit-kit

Начин 4: Алтернативни физички активности

Дали знаеш дека ако 1 час возиш велосипед, можеш да согориш до 590 калории на час? 🚲

Пешачењето ќе ти потроши околу 400 калории за еден час, додека трчањето околу 920.

Со пливање можеш да согориш околу 700 калории, а групните активности како одбојка, кошарка и фудбал ќе ти помогнат да потрошиш до 900 калории за еден час. 

Начин 5: Домашни реквизити

Дали си велиш дека кога би имал/а фитнес реквизити дома кo во теретана, постојано би вежбал/а? 🤭

Но, што ако можеш да искористиш неколку едноставни домашни реквизити кои што ќе ти овозможат различни можности за вежбање во твојот дом.

Еве неколку реквизити што ги имаш по дома и ќе ти го направат вежбањето уште позабавно: 

✅ Јаже – со скокањето на јаже по 10 минути на ден, ќе согориш повеќе калории отколку да трчаш половина час.

✅ Детергент за чистење – замена за руско ѕвоно за да ја одржуваш мускулната маса.

✅ Шишиња со песок – замена за тегови, идеални за да ги обликуваш бицепсите, трицепсите, рамената и стомачните мускули од удобноста на твојот дом.

✅ Статива на фудбалски гол – замена за монтажна шипка на врата за да го зајакнеш горниот дел од телото.

✅ Хулахопки – замена за ластици за отпор за подобрување на мускулниот тонус и согорување масти.

Нареден пат кога ќе се најдеш оптегнат/а на каучот барајќи изговори дека премногу е жешко и немаш доволен буџет за вежбање, потсети се на овие совети и фрлај се во акција! 🚀

visa-fit-kit

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore