11 начини како разговорот со психолог ќе ти го подобри менталното здравје (покрај вежбањето)

ментално-здравје-фиткит

Имаш ли често денови кога се чувствуваш анксиозно, депресивно? 😔

Не ти се станува од кревет, иако веќе си резервирал/а тренинг?

Постојано си под стрес или те мачи несоница?

Дали толку многу се посвети на физичкиот изглед периодов, што тотално го занемари менталното здравје? 🧠

Ако некогаш си посетил/а психолог, сигурно ти е јасно колку само еден разговор со стручно лице, целосно ќе те препороди, исто како и после добар тренинг. 🙌

⬇️ И статистиката го потврдува истото: 

ментално-здравје-фиткит

Во следниве неколку минути, ќе дознаеш зошто покрај вежбањето, треба да му дадеш шанса и на разговорот со лиценциран психолог за да постигнеш благосостојба на целото твое тело и ум. 😇

Придобивка #1

Сесиите со психолог имаат ефект на долг рок. Не само што работиш на твојата тековна емоционална состојба, туку ги развиваш и алатките што ќе ти помогнат да се справиш со идните предизвици.

Придобивка #2

Потиснувањето на чувствата може да резултира со стомачни болки, главоболки, проблеми со спиењето и чиреви, како некои од начините на коишто нашето тело реагира на стрес и психичка болка. Разговорот со психолог и канализирање на емоциите ќе превенира да се појават овие последици.

Придобивка #3

Необработените негативни настани и емоции, можат да ти создадат негативни шеми на размислување што ќе влијаат во сите области на твојот живот – кон себе, кон твојот партнер, децата, пријателите, на работа. Учењето како да ги обработиш негативните настани во твојот живот, ќе го промени начинот на кој се справуваш со овие ситуации.

ментално-здравје

Придобивка #4 

Ќе научиш како да ги елиминираш пасивно-агресивните облици на изразување што се појавуваат поради наталожен гнев и фрустрација.

Придобивка #5

Терапијата не само што ќе ти помогне подобро да се разбереш себеси, туку и подобро да ги разбереш луѓето околу тебе. Ќе ти даде и нови очила низ коишто ќе го гледаш светот. 😎

Придобивка #6 

Ќе добиеш алатки за на здрав начин да знаеш како да справиш со конфликти и фрустрации што досега си ги потиснувал/а.

Придобивка #7 

Ќе се освестиш за работите што ги правиш кога се чувствуваш вознемирено, тажно, луто, фрустрирано. Дури тогаш ќе ја имаш моќта да одлучиш како ќе управуваш со овие чувства или каква акција ќе преземеш за да ги ублажиш.

ментално-здравје

Придобивка #8 

Ќе ти се намали чувството на осаменост, бидејќи знаеш дека имаш стручна поддршка што ќе ти помогне да излезеш од било каква ситуација.

Придобивка #9

Ќе ги идентификуваш негативните шеми на размислување на коишто редовно се навраќаш и ќе ги замениш со нови и позитивни ментални навики.

Придобивка #10 

Ќе го намалиш користењето на медикаменти за стрес, спиење или анксиозност, бидејќи посетата на психолог може да има поголем ефект од апчиња. 💊

Придобивка #11 

Можеш да го пренесеш стекнатото знаење на твоите пријатели, деца, роднини за да им помогнеш и тие ефективно да се справат со животните предизвици.

Имајќи на ум колку е важно менталното здравје, од неодамна, ФитКит го направи советувањето со психолог лесно и пристапно за тебе. 😇

Во соработка со мобилната апликација Разговор.мк, воведовме нова опција како дел од нашата апликација – закажување (онлајн или во живо) сесија со лиценциран психолог. 📞

ментално-здравје-фиткит

Секој од овие психолози е специјализиран за различни предизвици и има свој уникатен пристап на работа и советување.

Ова значи дека освен тренинзи, со твоите кредити и претплати можеш да закажуваш сесии со психолог. 

Еве како: 👣

Чекор 1:  Отвори ја нашата мобилна апликација и најди ја категоријата ментално здравје.

Чекор 2:  Разгледај ги сите психолози и дознај повеќе за нивиот пристап и искуство. 

Чекор 3:  Кога ќе го пронајдеш идеалниот психолог за тебе, резервирај го својот термин со твоите кредити или претплата.

Чекор 4: По сесијата, пиши ни review како си поминал/а. 💬

 

FitKit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.