Како хормоните влијаат на дебелината и што можеш да направиш во врска со тоа?

Wellcast with Josif

Дали 2023 ја започна ветувајќи си дека ќе се избориш со својата телесна тежина? 🤔

Дали си размислувал/а дека можеби дебелеењето ти е поврзано со нарушување на хормоналниот баланс? 🤨

Зошто диетите со гладување не се добра идеја? ❌

Соња Пановска, Магистер по јавно здравје, едукатор и нутриционист на лица со дебелина, дијабет и остеопороза ги дава одговорите во Wellcast with Josif.

Wellcast with Josif

Како да знам дали имам прекумерна тежина?

Дали имаш прекумерна тежина или не, можеш да пресметаш според твојот индекс на телесна маса (тежината подели ја со висината, како на сликата или искористи го калкулаторот). ⬇️

индекс-на-телесна-маса
Извор: drmitov.mk

Зошто се јавува забавен метаболизам?

Стресот е еден од главните виновници за вишокот на килограми. 😟

Мора да постои причина зошто метаболизмот е забавен. Тоа може да бидат проблеми со тироидната жлезда како Хашимото тироидитис, воспаление на тироидната жлезда кога сопственото тело си го напаѓа својот организам. Стресот е најголемата причина за ова. Пациентите од многу стрес лачат кортизол и инсулин и прекумерно јадат – не знаат кога им е доста. Тогаш организмот станува спор.

Надворешните фактори, но и консумирањето нездрава храна му предизвикуваат најголем стрес на телото

ishrana-hormoni
Извор: https://www.pexels.com/

Како настанува хормонски дисбаланс?

Ние сме сите родени со правилно лачење на сите хормони, но надворешната околина, воспитувањето, навиките придонесуваат во пореметување на тој хормонален баланс.  

Навиките во детството најмногу влијаат во начиниот на функционирање на телото во секојдневието. Доколку детето се храни со многу шеќер, сол, конзервирана и процесирана храна, тоа придонесува до зависност. Оваа храна не му помага на телото во раст и развој и затоа телото реагира соодветно. Доколку децата имаат здрави навики на исхрана во рана возраст со многу овошје, зеленчук, мешунки, житарици, тогаш правилно ќе се развива организмот, во комбинација со физичка активност. 👶

Зошто диетите со гладување не се добра идеја?

🙅 Посегнувањето по екстремни диети со преголеми калориски дефицити дополнително го нарушуваат правилното лачење на хормоните.

Вакви нискокалорични диети веднаш му влијаат негативно на организмот. Кога ни доаѓаат пациенти со дебелина, им правиме целосен индивидуален преглед за да ги детектираме причините – хормонален статус, индекс на телесна маса, обем на струк и колкови, навики во исхраната. Врз основа на резултатите, одредуваме таблетарна терапија и правилен начин на исхрана. Не треба да се заборави и на физичката активност, бидејќи храната што ќе се внесе, треба и да се потроши. Во спротивно, се претвора во масно ткиво. 💡

ishrana-hormoni
Извор: https://www.pexels.com/

Кои се првите знаци за дијабетис тип 2 и како може да се спречи развивање на болеста?

Дебелината е најголем причинител за дијабетис тип 2. 

Кога има зголемено лачење на инсулин при прекумерен внес на храна, тој веќе не може да го транспортира шеќерот до клетките и тој останува висок. Mногу висока гликемија (висок шеќер во крвта) во крвните садови предизвикува висок крвен притисок, замастен црн дроб, замастени параметри на липиден статус. 

Првите симптоми за дијабетис тип 2 се следниве:

⚠️ Преголема жед

⚠️ Зачестено ноќно мокрење

⚠️ Сува уста

⚠️ Замор

⚠️ Малаксаност

⚠️ Проблеми со видот

⚠️ Дигестивни нарушувања

⚠️ Раздразливост и промени во расположението

Доколку се дијагностицира дијабет што е зависен од инсулин, тогаш боцкањето инсулин е доживотно бидејќи резервите се потрошени. Кај дијабет тип 2 сè уште има резерви што помагаат гликозата да стигне до клетките. Затоа, се дава терапија во форма на таблети или инјекции за слабеење коишто го намалуваат апетитот. 💊

ishrana-hormoni
Извор: https://www.pexels.com/

Како се решава проблемот со дебелина?

Гастричен балон – силиконски балон исполнет со течност или воздух што се вметнува во желудникот со помош на гастроскопија. Неговата големина гарантира дека чувството на исполнетост се јавува побрзо при јадење.

Гастрична лента – вметнување силиконски уред исполнет со солен раствор околу горниот дел на желудникот. Ова го намалува капацитетот на желудникот да држи храна, пациентот да се чувствува сит многу побрзо, со што го намалува внесот на калории и големинaтa на порциите.

Гастректомија – хируршка процедура со која се отстранува ⅔ од желудникот што помага при побрзо слабеење на пациентот за 30-40%.

Мојата исхрана претежно ми се состои од житарици, овошје, салата, намази. Не пијам газирани пијалоци или слатки сокови, не јадам грицки, благо јадам само за родендени или прослави, не консумирам процесирана и конзервирана храна, бел леб и бели пецива, бурек, или симит.  Секој ден практикувам да пешачам барем 30 минути дневно и да направам 10.000 чекори. 🙌

Погледнете ја целата епизода на WELLCAST with Josif: ⬇️

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore