Дали чекаш да се симнат високите температури за да почнеш да вежбаш? Колку често си даваш изговори од типот на: „Нека помине жештината, сега не е време за вежбање”? 😳
Но, дали знаеш дека вежбањето при високи температури ти помага да согориш повеќе калории? Твоето тело работи понапорно за да ти ја регулира телесната температурата што предизвикува поголема потрошувачка на калории во споредба со вежбање на пониски температури. 🤯
Зошто треба да вежбаш и во лето?
🌞 Вежбањето на отворено во летниот период ти овозможува да апсорбираш повеќе витамин Д, особено ако одбереш активности како пливање, шетање, трчање или возење велосипед.
🌞 Вежбањето при високи температури може да го подобри твоето кардиоваскуларно здравје, бидејќи твоето срце треба поинтензивно да работи за да им обезбеди кислород и хранливи материи на твоите мускули.
🌞 Редовното вежбање на високи температури му овозможува на твоето тело поефикасно да ја регулира својата температура со што го намалуваш и ризикот од заболувања поврзани со топлината.
🌞 Летото е идеално време за дружба со луѓе. Приклучувањето кон групни активности, учество во спортови на отворено или вежбање со пријатели ќе го претвори вежбањето во еден од најубавите спомени што ќе ги имаш летово.
Што сѐ може да вежбаш оваа лето?
Кога веќе си запознаен/а со придобивките од вежбањето при високи температури, еве неколку предлози што сѐ можеш да вежбаш летово (на отворено) за да си бидеш во топ форма: ⬇️
✅ Предлог #1: Пешачење
Пешачењето е одлична активност ако сакаш да активираш повеќе групи на мускули додека истовремено трошиш калории.
Дополнително, пешачењето има и многу предности за менталното здравје како намалување на стресот и подобрување на фокусот.
✅ Предлог #2: Пливање
Пливањето е идеалната активност за подобрување на кардиоваскуларното здравје, обликување на мускулите, зголемување на флексибилноста и издржливоста на телото.
ФитКит апликацијата изобилува со локации каде што можеп да ја пробаш оваа активност и да се увериш во нејзината ефективност. 🏊
✅ Предлог #3: Возење велосипед
Согорување калории, подобрување на здравјето на срцето и одлично зацврстување на мускулите особено на долните делови на телото се дел од придобивките што ќе ги искусиш ако се одлучиш за возење велосипед.
✅ Предлог #4: Трчање
Оваа бесплатна активност не бара никаква опрема и буквално можеш да трчаш каде и да добиеш желба за тоа – покрај плажа, во парк, низ маало, по дома, низ ходниците на канцеларијата, на лента во сала, итн.
✅ Предлог #5: Кошарка, одбојка, фудбал, пинг-понг на плажа
Овие не само што се забавни активности, туку се и одлични начини за согорување калории, ја подобруваат работата на срцето, кондицијата, координацијата и секако – ти овозможуваат дружба и многу, многу смеење.
✅ Предлог #6: Тренинг на отворено
Без разлика дали ќе се одлучиш за планинарење, групно вежбање јога, функционален тренинг или зумба на отворено, овие активности ќе ти понудат на забавен начин да си го обликуваш телото и да запознаеш нови луѓе.
Сè што треба да направиш е да ја отвориш ФитКит апликацијата и да си ја букираш дисциплината што најмногу се вклопува во твојот летен распоред.
✅ Предлог #7: Онлајн тренинзи
Има ли подобар начин да се сокриеш од жештината, а да останеш во фит форма од онлајн вежбање?
FitKit Plus ти овозможува да вежбаш со твоите омилени инструктори било кога, било каде со темпо кое што најмногу ти одговара.
П.С. За безбедно да вежбаш летово, не заборавај дека секогаш треба да носиш вода со себе, да бидеш соодветно облечен, намачкан/а со фактор за сончање и внимателно да го бираш делот од денот кога вежбаш за да спречиш ризик од топлотен удар. ⚠️
И секако, не заборавај да го слушаш своето тело и да правиш паузи кога ти е потребно.
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог.
ФитКит е и платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.