Политика на приватност
FitKit нуди услуги преку повеќе свои компании во земјите од регионот („FitKit“, „ние“). Оваа Политика за приватност има за цел да ги опише нашите практики за собирање, употреба, откривање и обработка на Вашите лични податоци, кои FitKit ги прибира од лицата што ја посетуваат и користат нашата веб платформа (www.fitkit.app) и/или мобилната апликација („FitKit апликацијата“), како и од други лица чии лични податоци се користат за давање на нашите услуги и во врска со користење на нашите продукти.
Контролор на Вашите лични податоци
Кога се регистрирате за користење на услугите на FitKit или резервирате конкретни фитнес/велнес активности преку апликацијата или веб-платформата, или преку друга соработка, контролор на Вашите лични податоци за тие конкретни услуги е FitKit компанијата која Ви ги обезбедува услугите во Вашата земја на регистрација или користење. FitKit дејствува преку одделни локални друштва во Северна Македонија, Србија, Грција, Бугарија и Словенија.
- Држава
- Северна Македонија
- Назив на контролор
- Фиткит Интернешнел ДОО Скопје
- Адреса
- ул. Вангел Тодоровски бр. 5/1-30, Скопје - Аеродром, Република Северна Македонија
- Контакт
- [email protected]
- Офицер за заштита на лични податоци
- +389 75 420 308
Собирање на Вашите лични податоци
FitKit ги собира личните податоци што Вие самите ни ги доставувате со воспоставување директен контакт со нас и/или регистрирање за промотивен материјал, како и со користење на нашата веб страна, апликација и услугите и продуктите кои Ви ги нудиме. Личните податоци кои ги собираме кога отворате профил на апликацијата ги користиме за одржување на Вашиот профил, обезбедување на нашите продукти и услуги и подобрување на Вашето искуство.
Лични податоци за корисниците може да собираме и од трети (правни) лица, кога се остварува соработка за користење на апликацијата во име на вработените и/или клиентите кај правните лица. Ние исто така собираме и обработуваме лични податоци од даватели на услуги и добра со кои соработуваме заради унапредување на продуктите и услугите кои ги нудиме.
- Податоци за корисници на нашите услуги: име и презиме, адреса на живеење, пол, датум на раѓање, финансиски податоци и податоци за кредитна картичка, лична фотографија и профил на социјални медиуми (само за корисниците кои се најавуваат преку Facebook). Контакт податоците (е-маил и телефонски број) се користат за регистрација и управување со сметката, испорака на услуги и важни известувања, прилагодување на содржината според локацијата, заштита на сметката и спречување измами, корисничка поддршка и маркетинг цели со изречна согласност.
- Податоци за Вашето користење на платформите, апликацијата и услугите (кориснички податоци за активности и профил). Ова може да содржи информација дека малолетно лице користи одредени услуги преку Вашиот профил/сметка, но не вклучува собирање податоци со кои може да се идентификува малолетното лице.
- Посебни категории лични податоци: резервирањето психолошки услуги преку апликацијата вклучува обработка на сензитивни податоци за менталното здравје, строго заштитени со прописите за заштита на лични податоци. FitKit ги обработува овие податоци единствено за безбедно и ефикасно закажување и нема дополнителни податоци за Вашето здравје или сесии.
- Податоци за овластени лица и вработени кај добавувачи/даватели на услуги кои се правни лица: име и презиме, адреса, контакт податоци, работна позиција, правно лице, вид на договор и услуга.
- Податоци за физички лица даватели на услуги, како ангажирани тренери: име и презиме, адреса, ЕМБГ согласно закон, податоци за исплата, вид на договор и услуга, финансиски и даночни податоци, фотографии и видеа за цели на тренинг програмите, профил на социјални медиуми.
- Кориснички податоци за активности: IP адреса на уредот, тип и верзија на пребарувачот, страни кои ги користите, датум/време на логирање и времетраење на посетата, уникатни идентификатори на уредот и други дијагностички податоци, вклучително мобилно-специфични податоци (тип уред, оперативен систем, мобилен пребарувач) при пристап преку мобилен уред.
- Податоци кои ги собираме од трети страни - социјални медиуми: лични податоци споделени преку профил или делување во јавниот домен на социјални мрежи, вклучително при најава преку профил на социјална мрежа или споделување сведоштва за Вашето искуство.
- Локациски податоци: со Ваша претходна дозвола, приближна географска локација при користење на апликацијата, за подобро и полесно користење на можностите и подобрување на продуктите и услугите. Пристапот може да се дозволи или оневозможи во секое време преку поставувањата на уредот.
- Технологии за пратење и колачиња: податоци собрани со колачиња и пиксели за пратење при посета на платформите, регистрација или барање информации. Видете ја нашата Политика за колачиња за целосни детали.
Цели на користење на Вашите лични податоци
Ние може да ги користиме Вашите лични податоци за следниве цели:
- За обезбедување и одржување на нашите платформи и услуги, вклучително следење на користењето на продуктите и услугите.
- За одржување на Вашиот профил: спроведување на регистрацијата и управување со профилот, со пристап до различни функции, продукти и услуги на апликацијата.
- За склучување и исполнување договор: за договори за услуга, договори за дело и други договори склучени со соработници заради обезбедување на продуктите и услугите, вклучително дополнителни лични податоци потребни за пристап до одредени продукти.
- За комуницирање со Вас: по е-маил, телефон, СМС или преку нотификации во апликацијата, за ажурирања на услугите или друга информативна комуникација во однос на функционалноста на продуктите и услугите, вклучително ажурирања на безбедносните системи.
- За управување со и одговарање на Вашите барања упатени до нас.
- За промоција на нашите услуги и активности преку споделување на Вашето искуство преку веб страната или социјалните медиуми.
- За доставување таргетирани маркетинг понуди согласно Вашите интереси, преференци и/или локација, само со претходна доброволна согласност - која може да ја повлечете во секое време преку линк во маркетинг пораката или на [email protected].
- За целите на учество во Програмата за предизвици и давање подароци на FitKit: со прифаќање на предизвиците и собирање поени преку копчето „Собери” во апликацијата, се согласувате Вашите лични податоци да бидат обработувани за следење на напредокот, доделување поени и подароци, вклучување во ранг-листата и анализа заради подобрување на Програмата. Регистрираното име, сликата на профилот и освоените поени ќе бидат јавно прикажани на топ листата; личните податоци на учесниците се бришат или анонимизираат 3 месеци по завршувањето на Програмата или повлекувањето на согласноста, во зависност од тоа што настане прво.
- За други цели: спроведување анализа на податоци, идентификување трендови на користење, мерење на ефикасноста на промотивните кампањи и други активности за оцена и подобрување на нашите услуги, продукти, маркетинг и Вашето искуство.
Правни основи за обработката на Вашите лични податоци
- Согласност: за една или повеќе специфични цели, како директен маркетинг, споделување на корисничко искуство или зачувување на податоци од платежна картичка во токенизирана форма. FitKit не ги чува целиот број на картичката, CVV/CVC или датумот на истекување на своите сервери, туку само уникатна референца (токен) од специјализиран давател на платежни услуги (PSP), заедно со последните 4 цифри и типот на картичката. Можете да ја повлечете согласноста во секое време, по што зачуваните токенизирани податоци се бришат; засилената автентикација (SCA) обезбедува дополнителна сигурност.
- Исполнување на договор: обработката е неопходна заради исполнување на договор склучен со Вас, вклучително пред-договорни права и должности.
- Законски должности: обработката е неопходна за исполнување на законски обврски на FitKit, како даночни обврски или барања од државни органи.
- Легитимни интереси: обработката е неопходна за легитимните интереси на FitKit - заштита на деловните операции и веб страната (детектирање проблеми, анализа, тестирање, безбедност и поддршка на системи, хостирање и известување), управување и соработка со даватели на услуги, водење судски постапки за наплата и подобрување на услугите и продуктите.
Откривање и пренос на Вашите лични податоци на трети страни
- Со даватели на услуги: за одржување на платформите и услугите, процесирање плаќања, или со продукциски куќи/телекомуникациски оператори за снимање и прикажување видео материјали.
- Со соработници: како ИТ консултанти и програмери кои помагаат во одржувањето и надградувањето на апликацијата, обврзани со оваа Политика.
- За креирање промотивни содржини: со маркетинг агенции и други даватели на услуги кои помагаат во креирање и испраќање промотивни содржини лично до Вас или на платформи на трети страни.
- Со деловни партнери: за пристап до широк спектар на фитнес и велнес услуги (спортски центри, фитнес студија, базени, индивидуални тренери и други правни лица). При резервирање термин или услуга кај партнер, се споделуваат одредени лични податоци (име и презиме, фотографија од профил, телефонски број, е-маил, податоци за резервацијата, статус и време на пријавување, и кога е применливо код за услугата) со цел партнерот да го потврди Вашиот идентитет и да ја верификува искористеноста на резервираната услуга. Правната основа е извршување на договорот со Вас и легитимниот интерес на партнерите. Со сите даватели на услуги и партнери имаме склучено договори за обработка на податоци кои гарантираат заштита, доверливост и користење исклучиво за наведените цели, согласно GDPR и применливите национални прописи.
- Со други корисници: лични податоци јавно достапни на Вашиот профил на социјални мрежи (име, фотографија, опис на активностите) може да се споделат за подобрување на комуникацијата, соработката и споделувањето на корисничко искуство.
- По основ на закон и други правно обврзувачки побарувања: до судови, владини агенции и извршители кога тоа е потребно според закон, за остварување на нашите законски обврски, заштита на нашите права и сопственост, спречување или истражување на злоупотреба, или заштита на личната или јавната безбедност.
Пренос на Вашите лични податоци во трети земји
Вашите лични податоци може да бидат пренесени во трети земји надвор од Европската Унија и Европскиот економски простор - на пример до нашата матична компанија Фиткит Интернешнел ДОО, Скопје во Република Северна Македонија, со цел обезбедување административна, техничка или оперативна поддршка поврзана со нашите деловни активности.
Без разлика дали сте корисник од Европската Унија или друга земја, се обврзуваме да обезбедиме дека секој пренос на лични податоци во трети земји се врши во согласност со важечките прописи, вклучително договори за обработка на податоци кои може да содржат стандардни договорни клаузули одобрени од Европската Комисија или друго надзорно тело, а кои обезбедуваат соодветно ниво на заштита.
Кога се претплатувате или купувате услуги преку мобилната апликација, соработуваме со специјализиран давател на услуги регистриран во ЕУ, со цел да ги обезбедиме највисоките стандарди за заштита на податоците и усогласеност со GDPR при обработката на Вашата трансакција и плаќања.
Чување и безбедност на Вашите лични податоци
Ние користиме различни технологии, процедури и безбедносни мерки за да ги заштитиме Вашите лични податоци од неовластен пристап и од противправно користење и/или споделување.
FitKit ги чува Вашите лични податоци за времетраењето неопходно за остварување на целите утврдени со оваа Политика, освен доколку законот дозволува или наложува подолго чување. Кога податоците не се повеќе потребни, ги бришеме на навремен и безбеден начин.
Може да продолжиме да ги чуваме Вашите лични податоци подолго од утврдениот рок доколку тоа е потребно заради остварување на законски и договорни права и обврски, решавање спорови, наши легитимни интереси (деловни цели, усовршување на производите, компетитивност, судски постапки) или заради усогласување на нашите безбедносни мерки и стандарди.
Вашите права во однос на употребата и обработката на Вашите лични податоци
Автоматизирано носење одлуки: Вашите податоци може да бидат предмет на автоматизирано донесување одлуки врз основа на Вашите преференци, претходна интеракција со нас, употреба на услугите или демографски податоци, со цел да доставиме најсоодветни маркетинг понуди, но само со Ваша претходна согласност.
- Право да бидете информирани за обработката на Вашите лични податоци.
- Право на пристап до Вашите лични податоци, вклучително право да добиете копија од податоците што ги чуваме и користиме.
- Право на исправка на Вашите лични податоци ако се нецелосни или неточни.
- Право на бришење на Вашите лични податоци во било кое време.
- Право на ограничување на обработката ако ја оспорувате точноста, правниот основ и/или целта на обработката.
- Право на приговор кон обработка заснована на легитимен интерес и/или за цели на директен маркетинг.
- Право на преносливост на Вашите лични податоци до трети страни и/или до Вас лично, во структуиран и машински читлив формат.
Остварување на Вашите права во однос на заштитата на личните податоци
Доколку имате прашање, барање или жалба во однос на обработката на Вашите лични податоци во FitKit, обратете се на соодветниот Офицер за заштита на личните податоци, чии податоци се наведени во табелата погоре. Испраќањето на вакво барање е бесплатно, а обработката ќе побарува дополнителни трошоци само во исклучителни околности. Имате право да поднесете приговор и до соодветното национално тело за заштита на личните податоци.
- Северна Македонија: Агенција за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија - 14-ти кат, булевар Гоце Делчев 18, Скопје 1000. azlp.mk · [email protected] · +389 (2) 3230 635.
- Србија: Повереник за информации од јавен карактер и заштита на лични податоци - Булевар краља Александра 15, Белград 11000. poverenik.rs · [email protected] · +381 11 3408 900.
- Грција: Hellenic Data Protection Authority (HDPA) - Kifissias 1-3, PC 115 23, Атина. dpa.gr · [email protected] · +30-210 6475600.
- Бугарија: Комисија за заштита на личните податоци - 2 Prof. Tsvetan Lazarov Blvd., Софија 1592. cpdp.bg · [email protected].
- Словенија: Информациски повереник на Република Словенија - Dunajska cesta 22, 1000 Љубљана. ip-rs.si · 01 230 97 30.
Промена на Политиката за приватност
Политиката за приватност редовно ќе се проверува и ажурира, како и по потреба и согласно настанатите промени. Доколку имате прашања за оваа Политика или за начинот, целите и другите аспекти на тоа како ги користиме и обработуваме Вашите лични податоци, пишете ни на [email protected] или посетете ја нашата контакт страница.
© 2026 FitKit International. Сите права се задржани. · Услови и одредби · Политика за колачиња · Контакт
