Услови за користење и услови за купување
Добредојдовте на FitKit мобилната апликација. Со нејзиното користење се согласувате со Условите за користење и Условите за купување (дефинирани подолу). Ве молиме прочитајте ги внимателно. Ако имате прашања, обратете ни се на [email protected].
Претплати
FitKit нуди повеќе пакети на претплата (S, M, L, XL), кои овозможуваат пристап до различен обем на услуги и користење на кредити, согласно условите на избраниот пакет.
Информациите поврзани со износот на претплатата, бројот на кредити вклучени во секоја претплата и дневните и месечните ограничувања за користење услуги се јавно достапни и редовно ажурирани на официјалната веб-страница на FitKit и во мобилната апликација.
FitKit го задржува правото на измена на понудата на пакети, цените и кредитниот систем, при што сите промени ќе бидат навремено објавени на веб-страницата и ќе важат од моментот на нивното објавување.
Детали за плаќањата
- Доколку плаќањето не е успешно, на корисникот му се блокира пристапот до услугите се додека не настапи успешна трансакција при обидите во следните 30 дена.
- Доколку корисникот сака да мигрира во пакет со повисока претплата, не може да се изврши дополнување на веќе уплатената сума од понискиот пакет - корисникот ќе треба да ја уплати предвидената претплата за надградениот пакет, кој се активира веднаш.
- Доколку корисникот сака да мигрира во пакет со пониска претплата, во менито за подесување прво ќе треба да се откаже од моменталниот пакет и истиот ќе биде активен до истекот на последниот ден од соодветниот месец, по што ќе може да мигрира во пакетот со пониска претплата.
- Доколку корисникот се претплати на последен ден во тековниот месец, секое следно наплаќање ќе се случува во последниот ден од месецот.
Правила на однесување и заштита од злоупотреби
Еден профил, односно еден корисник, може да биде логиран исклучиво на еден уред во дадено време. Ова правило важи и кога профилот се користи за пристап до услугите од страна на малолетното дете на Корисникот.
Доколку еден профил (корисник) смени уред повеќе од два пати во рок од 30 дена, на третиот обид корисникот ќе добие опомена дека не е дозволено повеќе од 2 пати да се менува уред. Во случај корисникот сепак да го смени уредот по трет пат во еден месец, профилот ќе биде блокиран.
Корисникот изречно потврдува дека е запознат и се согласува да плати договорна казна на FitKit во петкратна висина на паричниот износ со кој давателот на услугата ќе го задолжи FitKit, како последица на злоупотреба или користење на апликацијата спротивно на овие Услови, особено во случај на: злоупотреба на процесот на резервација, пријавување (check-in) на локација или валидација (вклучувајќи прикажување, споделување или обид за користење слики од екран, застарени потврди, истечени резервации или невалидни екрани за потврда на присуство, како и злоупотреба на кодови, вклучително и кај месечните претплати); споделување податоци за влез со трети лица (важи за вработени во компании кои немаат писмена дозвола за споделување на бенефициите); или користење на претплати (S, M, L, XL) од повеќе лица.
За злоупотреба или користење на апликацијата спротивно на овие Услови не се смета кога услугите резервирани преку профилот на Корисникот ги користи неговото малолетно дете.
Кредити во апликацијата
Кредит е валутата што ја користиме во FitKit апликацијата. Секоја локација, услуга или активност има одредена вредност изразена во кредити и, со секоја резервација, закажување или донација, од избраниот пакет на Корисникот се одзема одреден број кредити.
Секој месечен пакет со кредити има важност од 30 дена. Неискористените кредити после 30-тиот ден се бришат и не можат да се користат повторно, освен доколку FitKit има актуелна промоција за која ќе ја смени оваа ценовна политика во тој период.
Корисникот може да купи различен број на кредити преку апликацијата користејќи дебитна или кредитна картичка. Информациите поврзани со достапните пакети на кредити, нивниот износ и важност се јавно достапни и ажурирани на официјалната веб-страница на FitKit и во мобилната апликација.
1. Прифаќање на условите за користење и условите за купување
Со користењето на мобилната апликација, Корисникот ги прифаќа Условите за користење и Условите за купување (дефинирани подолу).
2. За апликацијата
Апликацијата претставува системски развиена платформа која им овозможува на Корисниците пристап до информации за фитнес, велнес, рекреативни, онлајн, добротворни и други достапни услуги, како и можност за правење резервации, закажување и користење услуги понудени од давателите на услуги на FitKit.
Во зависност од видот на услугата или активноста, присуството или користењето на услугата може да се евидентира и потврди на различни начини, вклучително преку пријавување на локација, автоматска валидација преку системот на FitKit или, во исклучителни случаи како што се месечните претплати, преку генерирање код.
Апликацијата како платформа за симнување е поставена на App Store и Play Store.
3. Кориснички профил
Корисникот може да регистрира и одржува само еден профил наменет за лична употреба. Овој профил може да се користи и за пријавување на присуство на тренинзи/вежби и резервирање термини за неговото малолетно дете. Корисникот е должен да ги обновува податоците во својот профил. Корисникот е согласен дека FitKit нема никаква одговорност за инцидент поврзан со корисничкиот профил. Единствено Корисникот е одговорен за одржување на безбедноста на својот профил.
Корисничкиот профил не е пренослив и не смее да се сподели или продаде на друго лице. Непочитување на овие Услови може да доведе до исклучување на профилот без претходно известување. Исклучен или отстранет профил ги губи уплатените претплати. Корисникот го креира своето кориснично име и лозинка и исклучиво тој е одговорен за нивно доверливо чување и безбедност.
4. Користење на апликацијата
Како предуслов за користење на апликацијата, Корисникот се согласува дека има најмалку 18 години; дека користењето на апликацијата во секое време ќе биде во согласност со овие Услови; дека купените пакети се само за лична употреба на Корисникот или за употреба од неговото малолетно дете преку истиот кориснички профил; и дека FitKit може да ја користи е-маил адресата на Корисникот за испраќање промотивни понуди исклучиво во контекст на услугите достапни на апликацијата.
Единствено Давателите на услугите се одговорни пред Корисниците за квалитетот на услугите кои се нудат.
5. Услови за купување
Корисниците можат да купуваат претплати, кредитни пакети или други достапни услуги на FitKit преку апликацијата, само доколку имаат регистрирана корисничка сметка.
Апликацијата користи безбедносен систем за виртуелна наплата поддржан од Стопанска Банка АД Скопје. При плаќање, можете да ги зачувате податоците од Вашата платежна картичка за идни купувања со изречна и јасна согласност, преку означено поле за штиклирање пред да ја завршите трансакцијата.
Кај плаќање на претплати, со активирањето на претплатата корисникот дава согласност за зачувување на платежните податоци во форма на токен, неопходно за автоматско и повторувачко наплатување согласно избраниот пакет. Имате право да ја повлечете согласноста во било кое време, по што сите зачувани податоци за платежната картичка ќе бидат избришани.
FitKit не го чува целиот број на картичка (PAN), CVV/CVC кодот или датумот на истекување на своите сервери. За безбедно процесирање, соработуваме со специјализиран давател на платежни услуги (PSP). FitKit складира само уникатна референца (токен) од PSP, заедно со последните 4 цифри од бројот на картичката и нејзиниот тип.
За повеќето електронски трансакции се применува засилена автентикација (SCA) со најмалку два независни фактори, со цел да се обезбеди дополнителна сигурност и заштита од неовластени трансакции.
За описот на понудите дадени од Давателите на услугите, FitKit не гарантира ниту е одговорен за давањето на услугата или замерки во однос на квалитетот. FitKit не е одговорен во случај Давателот на услуга да одбие да обезбеди услуга на малолетно дете на Корисникот, дури и ако услугата е резервирана преку профилот на Корисникот.
FitKit може да одбие процесирање на купување или да откаже направено купување, ако е тоа разумно неопходно согласно важечките закони или со цел да одговори на погрешна интерпретација, измама или потенцијално кршење на законите или Условите. Ако одредена понуда стане недостапна за купување, FitKit ќе го откаже купувањето и ќе го извести Корисникот по е-маил.
Во зависност од видот на активноста или услугата, закажувањето, резервацијата, донацијата, присуството или користењето на услугата може да се потврди преку пријавување на локација, автоматска потврда преку системот на FitKit или, во исклучителни случаи како месечните претплати, преку генерирање и прикажување код на Давателот на услугата.
6. Користење на резервирани услуги и потврда на присуство
Корисникот е должен да ја користи резервираната услуга во согласност со избраниот вид на активност, закажаниот или договорениот термин, локацијата на Давателот на услугата и важечките правила прикажани во апликацијата.
За активности што бараат физичко присуство и пријавување на локација, Корисникот е должен да го изврши пријавувањето преку апликацијата при пристигнување на локацијата и може да биде побарано да го прикаже екранот со потврда за успешно пријавување, заедно со корисничкиот профил кој го содржи точното име и фотографија, заради идентификација.
За активности што автоматски се потврдуваат преку системот на FitKit (одредени интернет, добротворни, авантуристички или други применливи активности) не е потребно пријавување на локација, освен ако поинаку не е наведено. За месечните претплати и други исклучителни случаи во кои се генерираат кодови, Корисникот е должен да го прикаже генерираниот код на Давателот на услугата, кога тоа е применливо.
Доколку Корисникот не го изврши потребното пријавување на локација, не го прикаже потребниот екран со потврда или генерираниот код, или не го прикаже профилот со точно име и фотографија заради идентификација, Давателот на услугата има право да одбие користење на услугата од страна на Корисникот или неговото малолетно дете.
Корисникот е должен да го почитува закажаниот или договорениот термин и место на активноста, како и да понесе соодветна опрема кога тоа е потребно, во спротивно Давателот на услугата може да не му дозволи користење на резервираната услуга.
За активности кај кои Корисникот најпрво директно договара термин со Давателот на услугата, а потоа прави резервација преку FitKit, резервацијата останува активна 30 дена од моментот на резервација, освен ако поинаку не е наведено. Доколку Корисникот не го изврши потребното пријавување или не ја искористи услугата во овој период, резервацијата ќе истече.
За активности резервирани за конкретен датум и термин, активноста може да се искористи само во резервираниот датум и термин. Доколку Корисникот не се појави во резервираниот термин и не го изврши потребното пријавување, резервацијата повеќе нема да биде достапна за користење.
7. Политика за рефундација и паузирање на претплатата
Корисникот може да достави барање за рефундација на средства („Барање за рефундација”) до FitKit, на е-маил [email protected], со детално образложение. FitKit има целосно дискреционо право да одлучи дали поднесеното барање ќе биде прифатено.
Во случај на прифаќање, FitKit од вкупната платена сума ќе задржи: соодветен износ за периодот додека претплатата била активна, и 30% како административен трошок, кој се однесува на ресурси поврзани со обработката на барањето, вклучително и времето на агентите за корисничка поддршка и финансискиот сектор на FitKit.
Во случај на одбивање, FitKit нема обврска да даде причина. Доколку корисникот достави веродостоен доказ за постоење конкретна медицинска причина, FitKit може да му дозволи паузирање на претплатата, која ќе може да ја продолжи кога ќе престане причината поради која е поднесено барањето.
8. Програма за предизвици и давање подароци
Корисниците на FitKit можат да учествуваат во Програмата за предизвици и давање подароци („Програма”), базирана на учество во дневни и месечни предизвици поставени од FitKit, преку чие исполнување Корисниците собираат поени и добиваат подароци.
Учеството во Програмата е отворено за сите регистрирани Корисници и не бара уплата. Корисниците собираат поени единствено преку успешно исполнување на предизвиците и избирање на опцијата за собирање поени во апликацијата. Месечните членарини кон теретани и апликации достапни на FitKit се исклучени од Програмата и не овозможуваат собирање поени.
На почетокот на секој месец FitKit го објавува подарокот кој ќе го додели. Корисникот со најголем број поени во текот на месецот го добива подарокот; во случај на еднаков број поени, го добива Корисникот кој прв го достигнал тој број. Топ 30 корисници со најголем број поени се јавно прикажани на ранг-листа во апликацијата, а FitKit дополнително објавува активна листа на 50-те корисници со најголем број поени од почетокот на Програмата.
FitKit ќе го контактира по е-маил Корисникот со најголем број поени за подигање на подарокот. Доколку Корисникот не одговори или не го прифати подарокот во рок од една недела, подарокот се доделува на следниот највисоко рангиран Корисник. Еден корисник може да добие подарок најмногу два пати во текот на календарска година; при трето прво место во истата година, подарокот се доделува на следниот највисоко рангиран корисник.
Поените собрани во текот на еден месец важат само за тој месец и не се пренесуваат во следниот. Со учеството во Програмата, Корисниците се согласуваат со собирање и обработка на нивните лични податоци, детално опишани во Политиката за приватност на FitKit. FitKit го задржува правото да ги измени правилата, да не додели подарок во случај на измама или злоупотреба, или да ја прекине Програмата во било кое време без претходно известување.
9. Заштита на лични податоци
FitKit ги обработува личните податоци на Корисниците во согласност со законските прописи за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија, односно Законот за заштита на личните податоци и подзаконските акти.
- Податоци за идентификација: име и презиме на корисникот, лична фотографија, адреса на живеалиште и телефонски број на корисникот.
- Податоци за користење на апликацијата: е-маил адреса на корисникот, пол, датум на раѓање и локација на уредот од кој се користи апликацијата.
10. Авторски права и трговска марка
Апликацијата содржи заштитен материјал, авторски права и трговска марка, вклучувајќи текст, софтвер, слики, видео и графика. Се што се наоѓа на апликацијата е во ексклузивна сопственост на ФИТКИТ ИНТЕРНЕШНЕЛ ДОО ([email protected]), кое има авторско право над селекцијата, одбирањето, координацијата или модификацијата на содржината, како и врз содржината која оригинално ја поседува, вклучително и фотографиите за целите на понудите.
Секое копирање, дистрибуирање, пренесување, модифицирање, учествување во продажба, поставување линкови или користење на содржината од апликацијата, делумно или целосно, без изречна писмена согласност од ФИТКИТ ИНТЕРНЕШНЕЛ ДОО, е строго забрането и може да резултира со прекршоци на авторските права или друга интелектуална сопственост, вклучително граѓански и/или кривични постапки.
FitKit логото е заштитена трговска марка на ФИТКИТ ИНТЕРНЕШНЕЛ ДОО. Сите права во однос на оваа марка се задржани. Доколку не е поинаку назначено, сите други трговски марки кои се појавуваат на FitKit се сопственост на Давателите на услуги.
11. Решавање на спорови и надлежност
Сите спорови кои можат да произлезат исклучиво во врска со употребата на апликацијата, страните ќе се обидат да ги решат спогодбено или по пат на медијација. Во случај споровите да не можат да се решат спогодбено, надлежен суд ќе биде Основниот граѓански суд Скопје.
FitKit не е одговорен за спорови кои може да настанат помеѓу Корисниците и Давателите на услугите. За се што не е уредено со овие Услови се применуваат важечките законски прописи во Република Северна Македонија.
© 2026 FitKit International. Сите права се задржани. · Политика за приватност · Политика за колачиња · Контакт
