ФитКит Херој на Неделата: Марјан Петровски

Marjan Petrovski

TRAIN. EAT. SLEEP. REPEAT. е мотото според кое се води за да го одржи своето тело на оптимално ниво, да биде здрав, витален и да се чувствува одлично. 🙌

Тој е прв на борбените редови против стресот како најголем непријател на човечкото тело.

Запознајте го Марјан Петровски од Скопје, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

Мојата цел во фитнесот е да го одржувам моето тело на оптимално ниво, да бидам здрав, витален и да се чувствувам убаво. Тоа единствено може да се постигне преку водење на здрав живот, а тоа подразбира редовна физичка активност, консумирање на што повеќе здрава храна, а што помалку нездрава храна и квалитетен сон. 😴 Според мене, ова се 3те најбитни работи што функционираат како синџир: TRAIN – EAT – SLEEP – REPEAT. И би додал уште една многу битна работа, а тоа е елиминирање на стресот. 😟 Колку и да звучи тоа апсурдно, треба да се обидеме да го сведеме на минимум, затоа што стресот е најголем непријател на човекот кога станува збор за фитнесот, а поента на фитнесот е да креираме здрави и добри навики за да имаме здрав живот.

Marjan Petrovski

Еве како изгледа дневната фитнес рутина на Марјан: 

Се будам, станувам од кревет, појадувам, потоа се спремам за на работа, одам на работа каде што поминувам една третина од денот. Додека сум на работа, имам уште 2 оброци пред тренинг. Откако ќе завршам со работните обврски, следува најомилениот дел од денот, тренингот, каде што сум фокусиран на она што треба да го одработам тој ден. 🎯 Секогаш се трудам да дадам максимум и покрај тоа што некогаш сум изморен и не се чувствувам баш најдобро. Откако ќе завршам со тренингот, се туширам, се средувам и се враќам дома. Потоа следува оброк после тренинг, па малку релаксација после напорниот ден гледајќи ТВ или читајќи нешто на интернет. Денот завршува со припрема на храна за следниот ден и вечера или последен оброк пред спиење.

Marjan Petrovski

🏋️ Фитнесот и бодибилдингот се неговите омилени фитнес дисциплини.

Покрај другите физички активности, фитнесот и бодибилдингот се оптимални за одржување на здрав живот и подобрување на менталната и физичка подготвеност која е многу важна за останатите предизвици во животот. Покрај фитнесот и бодибилдингот, сакам да играм фудбал, да возам велосипед, да пливам, да планинарам и да поминувам што повеќе време во природа со моите најсакaни. ⛰️

Marjan Petrovski

Опремата за вежбање и реквизитите се голем сојзук за Марјан да ги оствари своите фитнес цели. 🤝

Jас би одбрал да вежбам во теретана или фитнес студио, затоа што пред сè, таму има сè што ми е потребно да направам еден тренинг, а и од социјален карактер имам дружба со пријатели, можам да разменам мислење или искуство со некого. Користам сè она што ми е од полза за да ја постигнам или остварам зацртаната цел. Во зависност од активноста што ја правам, одбирам што и како ќе користам. Доколку правам анаеробен – тежински тренинг во теретана, користам тегови, шипки и справи за вежбање. Но, доколку правам аеробен – кардио тренинг, тогаш тоа може да биде со сопствена тежина без додатна опрема или пак најчесто користам велосипед. 

Најдобриот тренинг што го имал досега се вежби за грб и бицепс, еден од неговите омилени и најпредизвикувачки тренинзи што изгледа вака: ⬇️

  • Pull Ups 6 sets to Failure
  • Deadlifts 5 sets x 5reps
  • Bent Over Barbell Row 4 sets x 8-12 reps 
  • Lat Pulldown 4 sets x 8-12 reps
  • Seated Cable Row 4 sets x 8-12 reps
  • Straight Arm Pulldown 4 sets x 8-12 reps
  • Barbell Curl 4 sets x 8-12 reps
  • Reverse Grip Barbell Curl 4 sets x 8-12 reps
  • Concentration Curl 4 sets x 8-12 reps

Го инспирираат икони од фитнес и бодибилдинг индустријата како Arnold Schwarzenegger, Dorian Yates, Dr. Jim Stoppani кои несебично го споделуваат своето знаење и искуство. 🙏

🎵 A oд песни, ова е мелодијата што го асоцира на акција:

Најсмешната ситуација што му се има случено при вежбање е следнава:

Ми се случи да ставам повеќе тежина на едната страна од шипката при изведување на чучњеви (squats) и да мислам дека едната страна од торзото не ми функционира како што треба. Ми требаше време додека да сфатам дека всушност сум ставил повеќе тежина на едната страна од шипката. 🤣

Marjan Petrovski

Марјан работи како Графички Дизајнер во компанијата Sopro. 🧑‍🎨

Тој вели дека можноста преку ФитКит да ги користи услугите што му причинуваат задоволство, убаво чувство и инвестирање во неговото здравје и изглед, значително се афектираат врз продуктивноста на работно место. 🙌

Секоја компанија треба да вложува во растот и развојот на своите вработени, не само на професионално ниво, туку и на лично. Едукацијата и овозможувањето за водење на здрав начин на живот и создавање на здрави навики може само да придонесе за поголеми резултати на секоја единка во општеството. Секоја општествено одговорна компанија би требало да се грижи за своите вработени, не само на работното место туку и надвор од него, овозможувајќи им бенефиција како што е ФитКит за спорт и рекреација која може само позитивно да влијае ментално и физички врз вработените и на тој начин да чувствуваат дека компанијата вложува во нив. 

Еве што ги советува своите колеги за да ги мотивира да вежбаат:

Користете ја ФитКит апликацијата за да се пронајдете во некои од активностите што ги нуди самата апликација, како би инвестирале во себе и своето здравје, затоа што здравјето е на прво место. 🥇

Marjan Petrovski

За да дознаеш повеќе за Марјан:😎

👍 Додај го за пријател на Фејсбук: Marjan Petrovski

📸 Пиши му на Инстаграм: @marjan.maci

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Marjan Petrovski

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore