Фитнесот е неизоставен дел од нејзиното секојдневие, а планинарењето нејзината најголема љубов. ⛰️ Физичката активност ѝ помага да избега од секојдневната рутина и ја има научено колку малку е потребно за човек да биде среќен.
Запознајте ја Ана Палчевска од Скопје, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋
Активна сум (без поголеми паузи) повеќе од 10 години. Почнав со комбинации на аеробик, пилатес, кикбокс, степ аеробик и продолжив со функционален тренинг. Потоа како да ми требаше одмор, па се свртев кон танцувањето зумба. Денес сум најпосветена на јога (хата и аштанга) и малку подинамична power yoga. Мислам дека тоа го успорува моето и онака брзо секојдневие и ми дава чувство на исполнeтост. Во текот на денот мора да сум физички активна (барем 1 час пешачење и 30 минути брзи стомачни и чучњеви). За мене е најважно тоа што вежбањето ме одржува во добро здравје, одлично расположение, имам многу енeргија и секако како плус доаѓа и физичкиот изглед. 🙌
Ана обожава да експериментира со дисциплини, но планинарењето за неа е активност што не може да се замени со ништо друго.
Нема поубаво чуvство кога после цел ден планинарење ќе стигнеш до зацртаната дестинација. Планината за мене е вистинско бегство од секојдnевните рутини и ме има научено колку малку е потребно човек да е среќен. 😇 Доволна е ливада со цвеќиња, сончево време, пиење од изворче со бистра вода после 2-3 часа пешачење, без интернет конекција. И секако нема поубава гозба кога после целиот ден на планина се враќате во цивилизација и си седнувате во некое убаво локално кафанче да се одморите и почастите за убав поминатиот ден.
Без разлика дали е во сала или на врвот на некоја планина, она што ја инспирира Ана е можноста да се забавува во самиот процес на вежбање.
Не е сè во резултатите, туку во процесот додека да стигнеш до целта. А јас секогаш се трудам максимално да се забавувам. Дури и кога ќе ја постигнам целта, си наоѓам нова цел и забавaта продолжува. 🥳
Еве изгледа нејзината неделна фитнес рутина: 📅
Обожавам да сум активна рано наутро (типичен morning person). Сакам денот да ми започне со истегнување и музика. Ако имам повеќе енергија, одам да пешачам или трчам. Од неодамна почнав и 2 пати неделно (баш преку ФитКит) да посетувам утринска јога. Доколку немам време за вежбање наутро, попладне 2-3 пати неделно практикувам јога. Останатите денови се исполнети трчање, пешачење, може и еден час зумба или пилатес. За викенд, идеалниот избор ми е планина (макар и до нашето Водно).
Најчеста опрема што ја користи за вежбање се мат подлога и тегчиња, а кога користи топки за вежби за баланс, тоа често е проследено со смешни случки.
Најсмешна ситуација што ми се случува на тренинг е кога при правње на некоја вежба за баланс, 1000 пати ми има избегaно топката на fitball pilatеs. Постојано си ја бркам низ салата. Добро е што до сега немало последици. 😅
🍫 Чоколадо и секоја форма на благо се нејзиното guilty pleasure, проследено со добар тренинг и потење за да ја елиминира грижата на совест.
Јас сум човек кој баш сака добро да се испоти. Порано тоа го постигнував со добар кардио како дел од функционалниот тренинг и плио вежби. Од неодамна, power јогата ми е омилениот начин на потење. 💪
🎶 Штом ја слушне песнава, веднаш се фрла во акција:
Првата активност што ја има закажано преку ФитКит апликацијата е масажа. 💆♀️
Во брзото темпо на нашето секојдневие, повеќе од потребно е одржување на здрави навики. Наоѓање време за вежбање, а и опуштање со по некоја масажа, претставуваат неизоставен дел од тоа секојденвие. За мене е најважно балансот помеѓу професионалните и приватните обврски да не помине без да си посветам време за себе во текот на денот. На тој начин си позадоволен и попродуктивен како дома, така и на работа.
Како Senior QA Engineer во компанијата One Inside, Ана вели дека ФитКит како дел од бенефициите за вработени има позитивен придонес за секој вработен, без разлика дали сака да вежба или едноставно да се опушти по напорниот ден.
Можеби не секој ги гледа придобивките од вежбањето, ама на добра масажа никој не останал имун. Ако сакаш да пробаш да се активираш на било кој начин, а не знаеш со што да почнеш, тогаш ФитКит апликацијата е идеална за тебе. Има од се помалку за секој. Ако не си по вежбањето, можеби си по опуштањето – ФитКит има и голем избор на масажи, спа, сауна. Само пробај и сигурно ќе се пронајдеш во нешто! 🙌
За да дознаеш повеќе за Анa:😎
👍 Додај ја за пријател на Фејсбук: Ana Palcevska
📸 Пиши ѝ на Инстаграм: @anapal5
🎯 Конектирај се на LinkedIn: Ana Palchevska
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.