ФитКит Херој на Неделата: Стојан Стамков

stojan-stamkov

Фитнесот му служи како филтер за негативната енергија, а истовремено и го исполнува со позитивност, го прави подобар човек и му помага за дополнителна мотивација, самодоверба и подобар физички изглед. 🙌 А колку повеќе е физички активен, толку повеќе енергија има во него.

Запознајте го Стојан Стамков, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

Како што оди фразата „во здраво тело здрав дух”, така и мојата цел е да бидам физички активен секојдневно со цел да го одржувам, а воедно и подобрам моето физичко и ментално здравје на долгорочен план, особено земајќи го во предвид и фактот што мојата работа вклучува прекумерно седење пред компјутер. Моментално сум во фаза на “cutting” и се стремам да го намалам нивото на телесни масти за летнава сезона. 🤞

stojan-stamkov

Физичката активност е дел од неговото секојдневие уште како дете. Се занимавал со разни спортови како фудбал, кошарка, пинг понг. 

Денес, Стојан е посветен на вежбањето во теретана. 🏋️

Мојата најзастапена активност е одењето во теретана. Понекогаш за промена комбинирам и со функционални тренинзи во група. Долг период имам вежбано со тимот на CrossFit Basement  каде што запознав прекрасни луѓе. Иако тренинзите таму беа доста предизвикувачки, сепак беа и многу забавни благодарениe на дружбата што ја имавме (поздрав до членовите на CrossFit Basement ако го читаат ова). 😎

Покрај фитнесот како неговата омилена активност, има пасија и кон тенисот. 🎾

Како фан на Џокович, тенисот е дел од мене веќе 15тина години. Во последниов месец, почнав почесто таа пасија да ја пресликувам и на тениските терени, рекреативно секако.

stojan-stamkov

Иако во денешно време има голем број познати фитнес инфлуенсери, сепак мојата инспирација доаѓа од луѓето што сум ги запознал и сè уште ги запознавам во фитнес објектите низ Скопје и Гевгелија (мојот роден град). Трансформациите на кои сум бил сведок кога некој почнува со теретана, пропратниот прогрес што го имаат, нивото на дисциплина и пожртвуваноста која ја покажуваат со цел да ги постигнат нивните цели е она што влева инспирација во мене.

Неговата фитнес рутина вклучува барем 4 тренинзи неделно.

Тренингот ми започнува со 5 до 10 минути истегнување и загревање на трака. Потоа продолжувам со weight lifting каде што комбинирам една поголема со една помала мускулна група. Во зависност од слободното време што го имам на располагање, тренингот го завршувам со кардио сесија од 30 до 60 минути, што резултира во тренинг приближно од 90 до 120 минути. Иако тренинзите понекогаш се интензивни, сепак, по завршениот тренинг нивото на енергија ми е драстично зголемено и ме удира фазата на хиперактивност.😄

🎶 Музиката што дополнително го мотивира да го даде својот максимум е оваа мелодија: 

Најдобриот тренинг што го имал досега е следниов: ⬇️

Ќе го издвојам тренингот што ме остави неподвижен во рацете неколку дена од преголемо воспаление на мускулите. Тој ден вежбав рамо (предно, средно и задно) и комбинирав со трицепс. Големи тежини и повеќе повторувања во сериите сè до неуспех. Кон крајот на тренингот, мислам дека од напорот цело тело почна да ми се тресе и да губам свест, па морав да прилегнам на клупата.😅 Наредните 2 до 3 дена не можев рацете да ги кренам нагоре или да сменам маица. Но, да се разбереме, иако знам да претерам со интензитетот, јас го обожавам чувството на воспаленост бидејки тогаш сум сигурен дека сум дал максимум од себе. 😊

stojan-stamkov

Смешните ситуации му се неизбежен дел од вежбањето, особено кога започнувал да се запознава со фитнес светот.

Тука мора да ја издвојам мојата снаодливост во почетоците на мојата вежбачка кариера, кога бев средно. Имено, тогаш кога сè уште се запознавав со вежбите, како до правилна форма, и секако тоа што не знаев до кај ми е силата, поштено си заглавив на бенч прес клупата. 😂 Ставив преголема килажа за мене тогаш, а немав споттер да ми помага. Па едноставно, откако ја спуштив шипката од држачот, не можев да ја кренам истата нагоре. Веднаш се потсвртев лево-десно да видам некој да ми помогне, но немаше никој во близина. За среќа, имав некоја контрола врз тежината да не падне директно врз мене, па додека лежев ја спуштив врз градите и постепено почнав да ја спуштам шипката надолу по телото како ролер. Таа пола минута за мене траеше многу подолго, но од тогаш знам да не претерувам со тежините. 😅

stojan-stamkov

Првите ФитКит кредити ги искористил за вежбање во CrossFit Basement

Од тогаш, Стојан ја користи ФитКит апликацијата бидејќи му овозможува флексибилност да го реализира својот тренинг според своето слободно време кога сака и каде сака.

Како програмер, голем дел од денот ми поминува пред компјутер што ме прави да се чувствувам доста заморно, па затоа особено важно ми е веднаш после работа да заминам во теретана, да го пуштам „мозокот на пасење“, да ја зголемам циркулацијата во телото и да ја исфилтрирам негативната енергија или стресот што некогаш се акумулира. 🙌

stojan-stamkov

Стојан работи како Senior Software Engineer во компанијата Netcetera.

ФитКит како бенефиција потврдува дека Netcetera се грижи за менталното здравје на вработените. Апликацијата ми овозможува голема флексибилност за да си ги организирам моите тренинзи со цел да го подобрам моето ментално здравје. Со секој извежбан тренинг расте енергијата, мотивацијата и фокусот во мене за извршување на работните и останатите приватни обврски. Со користењето на овој бенефит, барем од мое лично искуство, а верувам и од искуството на многу други, расте продуктивноста на работното место. Win-win! 💪

За да дознаеш повеќе за Стојан:😎

👍 Додај го за пријател на Фејсбук: Stojancho Stamkov

📸 Пиши му на Инстаграм: @sstamkov

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Stojan Stamkov

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore