ФитКит Херој на Неделата: Тамара Илова

Тамара Илова

Најчесто ќе ја најдеш во теретана, каде што со преголема посветеност кон здравиот и активен начин на живот, успева во предизвиците што самата си ги поставува под будното око на нејзиниот тренер.

Таа верува дека со добра музика, секоја физичка активност оди лесно. 🎶

Запознајте ја Тамара Илова од Штип, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

Кога за прв пат почнав со вежбање, си мислев дека никогаш не би успеала бидејќи не верував во себе. Но, подоцна сфатив дека вежбањето е она што навистина ми недостасувало. Пред неколку години започнав со тренинзи по дома, кои самата си ги смислував. Но, не видов голем ефект, па преминав во фитнес студио на тренинзи со тегови. За помалку од една година, станав личноста за која мислев дека никогаш нема да сум. Формата, силата, целите коишто секојдневно ги исполнувам и поставувам нови, понапорни од претходните, ме прават едноставно да се гордеам на самата себе и постигнатиот резултат. 🙌

Тамара Илова

Теретаната е нејзина најголема пасија и омилена активност за којашто одвојува по 2 часа дневно. 🏋️ Трчањето и планинарењето се нејзината втора љубов.

Освен тренирањето во теретана, сфатив дека трчањето е одличен начин за да си посреќен и да се чувствуваш исполнето. Секогаш кога завршуваш со трчање, имаш насмевка на лицето. Во текот на викендите, кога сме послободни од работните обврски, практикувам со друштво да пешачиме низ долги пешачки патеки и да откриваме нови нешта во природата. 🌳

Ја инспирираат онлајн фитнес тренери како Jack Fettes бидејќи со своите истражувања и стратегии ѝ дава самодоверба и ја ,,турка” да верува во себе, своите цели и замислени желби. 

Тамара Илова

Сепак, најголема мотивација е нејзиниот личен тренер. 

Со мојот фитнес тренер и ,,невозможното” што сум си го ,,зацртала” во мојата глава, станува возможно. Во нашата комуникација не постои зборот НЕ или фразата НЕ МОЖАМ. Сè што се замислува – се исполнува. 🏆 Не би ја достигнала мојата сегашна форма без него. Кога започнав со одење во теретана не без запознаена со ништо, сè беше ново за мене. Но, кога до себе имаш искусен и посветен тренер сè е многу полесно. Самиот план низ којшто те води, напорот и трудот кој го вложувате обострано и самиот ефект и резултат кој што сте го постигнале, значи дека вредело секое ,,мачење” и ,,жалење”. 

Тамара е физички активна 6 дена во неделата. Вежба во теретана 4 пати неделно, а останатите 2 дена ѝ се наменети за трчање.

Секој тренинг си е тежок на свој начин, но како најдобар тренинг, би издвоила еден од тренинзите за нозе. Самиот тренинг обично се состои од неколку вежби, со неколку повторувања. Почнуваме со ,,мојата омилена” вежба – squats, каде што ја оставам половина енергија. 😅 Потоа, правиме неколку вежби на различни преси (машини), наменети за преден и заден дел на нозете. Ова се напорни, супер серии што те исцрпуваат. По ваков тренинг, не си ги чувствувам нозете, како да ми се отсечени од слатка болка.

Тамара Илова

Најсмешната ситуација што ѝ се случила при вежбање изгледа вака:

Правев исчекор на справа и најнормално си течеше одвивањето на вежбата. При последното повторување, среќна што завршило ,,мачењето” предизвикано на нозете од напорот и тежините, ја оставив шипката што ми беше на рамо, се свртив и се удрив во шипката, директно во чело. 😳 И така си носев огромна модринка една недела на среде чело. Среќна околност во вакви ситуации е тоа што сме девојчиња, па постои едно магично чудо, кое го нарекуваме пудра. 🤭

Диџејот Boris Brejcha и неговите миксови, дополнително придонесуваат вежбањето да биде нејзин омилен дел од денот. 

Како Data Annotator Manager во компанијата Pixyle.ai, Тамара вели дека вложувањето во бенефити како ФитКит апликацијата е одличен начин за една компанија да покаже дека вработените се многу повеќе од човечки ресурси.

Тоа што Pixyle ни го овозможи на нас вработените преку користење на ФитКит е топол гест за да воведеме некои здрави навики, кои дел од нас ги немаа претходно, но и за опуштање на самиот ум и уживање во сите активности што ги нуди платформата. Фактот дека ги имаме најдобрите понудени места за тренинг и релаксирање во Штип, те прави да се стремиш кон здрав начин на живот! 💪

На нејзините колеги што уште бараат изговори за да не почнат со вежбање, им го порачува следново: 

Верувајте во себе, секој почеток е тежок. Крајниот резултат мами насмевки и задоволства! 😊

Тамара Илова

За да дознаеш повеќе за Тамара:😎

👍 Додај ја за пријател на Фејсбук: Tamara Ilova

📸 Пиши ѝ на Инстаграм: @ilovatamara

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Tamara Ilova

 

FitKit logoФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.