ФитКит Херој на Неделата: Александар Ристевски

александар-ристевски
александар-ристевски

Љубител на пливањето, доброто вежбање во теретана и личност којашто не признава изговори. 💪

Запознајте го Александар Ристевски од Битола, нашиот ФитКит херој на неделата.👋

Александар цела деценија тренирал пливање и учествувал на пливачки натпревари, а сега љубовта кон пливањето ја има заменето со добро потење во теретана. 🏋️

Најмногу се пронаоѓам во фитнесот. Поради Ковид пандемијата сè уште не сум бил на базен. Кога тренирав пливање, не практикувавме вежбање во теретани. Тој недостаток сега го надополнувам со секојдневни тренинзи. 

Првиот тренинг што го има закажано преку ФитКит апликацијата е во Fitness Park. Од тогаш, секојдневно ја користи платформата за да си го оформи телото од соништата, следејќи ги Sylvester Stallone и Jason Statham како негова инспирација. 

Consistency е клучот за сè во животот, па и за одржувањето на физичкото здравје. Едноставно мора! Мислам само болест може да ме извади од колосек. Се друго е изговор! 💯

александар-ристевски

Онлајн тренинзите се одличен начин да се остане во форма, особено ако често патувате. ✈️Тренинг од 30-45 минути по долг пат со автомобил или авионски лет знае доста брзо да ви ја врати енергијата и вкочанетоста. 

Како Senior Test Engineer во компанијата Netcetera, Александар вели дека воведување на ФитКит како бенефит за вработените драстично ја зголемилo неговата продуктивност. 🙌

ФитКит ти дава слобода, голем избор на активности, како и флексибилност на локација за вежбање. Можете да вежбате и во друг град ако сте на пат, или ако се враќате во родното место. Моментално живеам во Скопје, а можам да ја користам и во Битола. 

александар-ристевски

На своите колеги што немаат навика за вежбање им го препорачува следново:

Отворете го мобилниот телефон и проверете screen time. 🕒 Оваа е најдобрата метрика за да сфатите колку време сте потрошиле залудно, а не сте извежбале барем 30 минути. 

александар-ристевски

За да дознаеш повеќе за Александар:😎

📸 Следи го на Инстаграм: @lavishte

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Aleksandar Ristevski

FitKit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови.

Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.