ФитКит Херој на Неделата: Ивана Паскоска

ivana-paskoska

Тренингот го гледа како канал за ослободување од стресот, а инспирација црпи од секој кој што успеал да ја постигне својата цел во фитнесот

Спортско качување (rock climbing) e нејзината најголема љубов. 🧗

Запознајте ја Ивана Паскоска од Прилеп, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

Сите физички активности ми се омилени во даден период.😊Но сепак, морам да признаам дека до ден денес, посебна љубов имам кон спортско качување или rock climbing (иако искрено моментално не го практикувам толку често колку што би сакала).

ivana-paskoska

Ивана вели дека понекогаш тешко се убедува себеси да оди да вежба, но по тренингот сфаќа дека нема поубаво чувство од доброто испотување. 💯

Секогаш избирам да вежбам во фитнес студио. Од дома можам да се приклучам на часот, да јадам чипс и да гледам како другите вежбаат. 😂 Јас сум тип на човек кој што не може да вежба од дома и секогаш одам во сала каде што користам сè што има на располагање соодветно зададениот тренинг: руско ѕвоно, тегови, ластици за отпор, кутии за скокање и во последно време – вреќа. 

ivana-paskoska

Ако треба да избира дали да вежба сама или со личен тренер, нејзиниот избор е очигледен:

Со тренер! Кога станува збор за вежбање, особено изминативе неколку години, јас сум тип на човек на кој што ако не му викнеш да се фати за работа и да престане да “забушава,” ќе ги забавувам сите додека вежбаат, ќе им бидам диџеј, ќе направам сè само да можам да украдам време од тренингот за дружба. This being said, сакам јавно да им се заблагодарам на сите мои тренери до сега. 🤗

Ивана вели дека нема посебна фитнес рутина. Единствено ѝ е важно да јаде 3 часа пред тренинг, да влезе во сала, да го даде својот максимум и да се врати дома.

Немам за цел конкретна идеална килажа што сакам да ја постигнам со вежбање, желба да ослабеам или слично. Тренингот го гледам како канал за ослободување од стресот. 😌

ivana-paskoska

Првата активност што ја закажала преку ФитКит апликацијата е час по CrossFit во Team Basement

Изминатава година барав локација која што ќе ми биде во непосредна близина на мојот дом. Ги одбрав Team Basement сосема случајно и не погрешив. Дечките се цареви! 👑 ФитКит ми ја дава можноста да бирам различни типови на тренинзи и адаптација на термините според моето слободно време. Ова е можеби и најважната причина поради која што сум голем фан на апликацијата. 

ivana-paskoska

Ивана работи како Маркетинг Координатор во компанијата Netcetera

Таа вели дека користењето на бенефит како ФитКит ѝ помага при ослободување од акумулираниот стрес, да го сврти фокусот кон себе за време на тренинг, да ја зголеми продуктивноста не само на работното место, туку и од социјален аспект.

Постојано се трудам да ги убедам дел од моите колеги да почнат да ме дружат на тренинг. За жал, што и да им кажам, сè уште не ми успеало. Сигурно нешто не правам како што треба. Имате ли некаков предлог? 🤔

ivana-paskoska

За да дознаеш повеќе за Ивана:😎

👍 Додај ја за пријател на Фејсбук: Ivana Paskoska

📸 Пиши ѝ на Инстаграм: @sarcasticdwarf

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Ivana Paskoska

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore