ФитКит Херој на Неделата: Јосип Миленков

josip-milenkov

Редовното вежбање му помага да одржи високо ниво на енергија што му е потребна за исполнување на дневните обврски, како на професионално, така и на приватно поле. 🔋

Запознајте го Јосип Миленков, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

Фитнесот ја крева мојата самодоверба, ментално и физички. Едноставно, се чувствувам подобро кога тренирам. Мојата цел е да изгледам, да се чувствувам одлично и да водам здрав живот.

josip-milenkov

За да ја постигне својата фитнес цел, Јосип вежба 3 пати неделно.

Омилена активност ми се кревањето тегови и кардио, затоа што на тој начин ги вежбам сите важни мускулни групи од телото. Од опрема најчесто користам рачни тегови, Orbitrexk elite, справа за стомачни, медицинска топка, руско ѕвоно и рачки за склекови. Некои денови правам вежби со кревање тежина, а некои денови сум фокусиран на кардио тренинзи. 🏋️

josip-milenkov

Еве како изгледа неговата фитнес рутина:

✅ 10-15 минути загревање

✅ 50-60 минути тренинг со висок интензитет

✅ По тренинг протеински шејк и туширање со поладна вода за регенерација на изморените мускули

Арнолд Шварценегер е неговиот фитнес гуру, а мелодијата што му дава дополнителна сила да ги издржи интензивните тренинзи е следнава: 🎶

Преферирам да вежбам од дома, затоа што можам да вежбам во било кој период од денот. Сепак, многу често ми се случува да вежбам во подоцнежните вечерни часови поради обврските што ги имам во текот на денот. Вежбам сам, но не гледам ништо лошо и во тоа да се вежба со личен тренер.

Првата активност што Јосип ја закажал преку ФитКит апликацијата е масажа во хотелот Русија.💆 Тој смета дека секој физички активен човек треба да практикува и масажа на тело за да ги регенерира своите мускули.

josip-milenkov

Јосип работи како Operations Team Manager во компанијата SoPro

Тој вели дека вежбањето го исполнува со позитивна енергија и му дава елан во текот на работниот ден, но и дома.

Користењето на ФитКит како бенефит за вработените, ме прави да се чувствувам дека компанијата се грижи за моето здравје и ме поттикнува да размислувам на балансот помеѓу работата и животот. Би го цитирал доктор Кенет Купер: We do not stop exercising because we grow old- we grow old because we stop exercising! 🙌

За да дознаеш повеќе за Јосип:😎

👍 Додај го за пријател на Фејсбук: Josip Milenkov

📸 Пиши му на Инстаграм: @josipmilenkov

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Josip Milenkov

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore