Колку пати до сега ти се случило да платиш за цел месец вежбање, а да отидеш само 3-4 пати? 😳
Дали си започнал/a да вежбаш некоја дисциплина, за на сред месец да сфатиш дека повеќе не ти се допаѓа? 👎
Како да најдеш активност што ти е по мерка, без залудно да трошиш пари за месечни членарини? 🤔
Зошто луѓето плаќаат за вежбање, а пропуштаат тренинзи?
Во просек, вежбачите што плаќаат месечна членарина за вежбање и треба, во просек, да посетат 10 тренинзи тој месец, се појавуваат едвај на 4 тренинга.
Дали си и ти еден од нив? 😳
Старите обрасци на однесување тешко се менуваат.
Ако до сега си одел/a еднаш неделно на вежбање, a си ветуваш дека од новата година ќе одиш 4 пати неделно, многу е мала веројатноста да си стоиш на зборот.
Затоа, важно е да се почне со мали чекори.
На пример, наместо да си ветиш дека ќе вежбаш 4 пати неделно, а знаеш дека голема е веројатноста да те мрзи, почни со 2 тренинга неделно и види како ќе ти оди.
Ако си останеш конзистентен/а со 2 тренинга неделно, тогаш можеш да целиш поамбициозно. 🎯
Ако решиш да вежбаш со личен тренер, подобро закажи 1-2 сесии за да видиш како ти се допаѓа стилот на тренерот, пред да платиш поголема сума.
Што ако не можеш да се пронајдеш во некоја дисциплина?
Ако уживаш во некој тип на вежбање, големи се шансите дека долго време ќе го правиш тоа.
Но, ако не сакаш да одиш во фитнес студио, не убедувај се себеси да одиш по секоја цена, само затоа што другарите го посетуваат истото место. ❌
Вежбањето треба да биде време за тебе и нешто во коешто навистина ќе уживаш.
Па, како да ја најдеш дисциплината што би се вклопила во твојот начин на живот?
Преку експериментирање со повеќе различни физички активности, наместо да се фокусираш на една дисциплина.
Води се според следново правило:
Треба да ѝ дадеш 3 до 4 недели шанса на одредена активност за да сфатиш дали таа е вистинската за тебе или не. 📅
Како ФитКит апликацијата го решава ова?
Предноста на ФитКит апликацијата е што не те обврзува да посетуваш една дисциплина постојано. 🙌 Не мораш однапред да плаќаш месечни членарини за активности за коишто не си ни сигурен/а дали и колку ќе ти се допаѓаат.
Напротив, те мотивира да експериментираш со најразлични видови дисциплини како функционален тренинг, фитнес, боречки вештини, пливање, танцување, пилатес, аеробик, јога, спа, масажа, кардио, онлајн часови и многу други.
Со плаќање на месечна членарина или купување кредити, може да избереш кога и каде сакаш да вежбаш, онлајн од твојот дом или со физичка посета на локација.
Можностите се неограничени! 🚀
Сè што е потребно е да имаш желба да излезеш од твојата комфор зона и да им дадеш шанса на фитнес активностите што ќе ти делуваат интересно.
Затоа, те охрабруваме да пробаш активност што никогаш не си ја пробал/а и да пишеш review.
Којзнае, можеби тоа ќе биде твојата омилена дисциплина. Вреди да се проба! 💪
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог.
ФитКит е и платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.