ФитКит Херој на Неделата: Марина Петровска

Марина-Петровска

Дисциплинирана, секогаш полна со енергија и подготвена за акција. Таа ни е одличен пример за тоа дека никогаш нема да зажалиш ако одиш на тренинг, а ќе ти биде навистина мака ако пропуштиш вежбање. 🙌

Запознајте ја Марина Петровска, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

„Мојата примарна фитнес цел е секако –  подобро здравје. Кога сум континуирано физички активна, секогаш се чувствувам добро – физички и ментално. Неколкупати сум се каела што не сум отишла на тренинг. Но, ниту ниеднаш не сум се каела кога сум отишла да вежбам. Мојата втора фитнес цел (краткорочна) е да јадам што сакам без да имам грижа на совест”. 😄

Марина-Петровска

Во сала најчесто ќе ја најдеш како вежба со kettlebells, нејзините омилени реквизити.

„Покрај тренинзите во сала, моја омилена активност е и искачување на планината Водно. Планинарењето е бесплатна активност. Во природа си и секое одење можеш да си го направиш колку сакаш тешко или лесно”. 

Марина-Петровска

Нејзината фитнес рутина е совршена комбинација од сите активности што ја прават среќна. ⬇️

„Понеделник, среда и петок имам функционален тренинг (HIIT) во фитнес центарот Play Fit Move. Дополнително, од месец март, па се до крајот на октомври, одам на Водно 3 пати во неделата. Во остатокот од годината, покрај функционален тренинг, ми останува само викендот за да пешачам на Водно и да чекам да се смени сезоната. Трчање не сакам воопшто, ама од време на време знам да се пријавам за некоја мини трка, чисто како за дружба. Дополнително, скоро секаде одам со велосипед, па ќе си го бројам и тоа како фитнес активност”. 

Дополнително, оваа мелодија ја поттикнува да го даде својот максимум. 🎶

Најдобриот тренинг што го имала досега било учеството на трката „Прв до врв 2022” каде што освоила прво место во планинско трчање. 🏆

„Би сакала да се сретнам себеси на 60 години и да се бориме на рака, па да видиме која е појака”. 😅

Марина-Петровска

Иако вежбањето од дома ѝ било супер опција за време на пандемијата, Марина преферира вежбање во сала со тренер што ти дава фидбек и не ти дозволува да се откажеш до самиот крај на тренингот.

„Вежбање од дома беше супер опција за време на пандемијата. Но, јас секогаш би избрала вежбање во студио. Сакам вежбање во друштво бидејќи сме група, тренерот дава супер фидбек, секогаш има повеќе избор на опрема, тежини и повеќе простор. Во принцип, секој вежба сам и за себе, но има тренер да ти дава насоки, но и мала доза на компетитивност кога се вежба со други, што мене ми се допаѓа”. 💪

Марина-Петровска

Марина работи како Release Director во компанијата RLDatix.

Таа вели дека користењето на ФитКит апликацијата ѝ помага да се чувствува убаво и физички здраво, а кога е ослободена од стрес, продуктивноста си доаѓа сама.

„Голем дел од нашата работа вклучува седење пред компјутер. Па, фактот дека секој месец имаме ФитКит кредити на располагање, за мене значи дека компанијата се грижи за нашето здравје. Останува само на нас да ги користиме овие поволности редовно. ФитКит е супер апликација што нуди голем избор на опции за вежбање, а особено ми се допаѓа тоа што може да се избере активност според локацијата каде што се наоѓам во тој момент. Оваа апликација има опции за сечиј вкус, треба само да пробате и ќе го најдете тренингот што Ви одговара. Ако не, секогаш постојат масажи”.🤸‍♀️

Марина-Петровска

За да дознаеш повеќе за Марина:😎

📸 Пиши ѝ на Инстаграм: @chao_marina

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Marina Petrovska

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore