TERMS AND CONDITIONS

УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ И УСЛОВИ ЗА КУПУВАЊЕ

Добредојдовте на FitKit мобилната апликација. Со нејзиното користење Вие се согласувате со Условите за користење и Условите за купување (дефинирани подолу). Ве молиме прочитајте ги внимателно. Ако имате некои прашања обратете ни се на info@fitkit.app

ПРЕТПЛАТИ

Пакет “S”

  • Месечната претплата за овој пакет е во износ од 1.500 денари.
  • Во случај на еднократно плаќање за период од 12 месеци претплата е во вкупен износ од 15.000 денари.
  • Овој пакет вклучува користење на услуги со вредност од 1 или 2 кредити, а корисникот на овој пакет може да искористи еден термин/посета дневно.

Пакет “M”

  • Месечната претплата за овој пакет е во износ од 3.400 денари.
  • Во случај на еднократно плаќање за период од 12 месеци претплата е во вкупен износ од 34.000 денари.
  • Овој пакет вклучува користење на услуги со вредност од 1, 2, 3, 4 и 5 кредити кредити, а корисникот на овој пакет може да искористи еден термин/посета дневно.

Пакет “L”

  • Месечната претплата за овој пакет е во износ од 9.000 денари.
  • Во случај на еднократно плаќање за период од 12 месеци претплата е во вкупен износ од 90.000 денари.
  • Овој пакет вклучува користење на услуги со вредност од 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12,13, 14 или 15 кредити.

15 кредити, а корисникот на овој пакет може да искористи максимум два термини/посети дневно, со дневно ограничување на вкупниот број искористени кредити на 15.

Претплата “XL”

  • Месечната претплата за овој пакет е во износ од 21.000 денари.
  • Во случај на еднократно плаќање за период од 12 месеци претплата е во вкупен износ од 210.000 денари.
  • Овој пакет вклучува користење на сите понудени услуги, а корисникот на овој пакет може да ги користите услугите без ограничување на бројот на термини/посети дневно, со дневно ограничување на вкупниот број искористени кредити на 30.

ДЕТАЛИ ЗА ПЛАЌАЊАТА

  • Доколку плаќањето не е успешно, на корисникот му се блокира пристапот до услугите се додека не настапи успешна трансакција при обидите во следните 30 дена.
  • Доколку корисникот сака да мигрира во пакет со повисока претплата не може да се изврши дополнување на веќе уплатената сума од понискиот пакет. Во овој случај корисникот ќе треба да ја уплати предвидената претплата за надградениот пакет во кој сака да мигрира и претплатата од повисокиот пакет ќе се активира веднаш.
  • Доколку корисникот сака да мигрира во пакет со пониска претплата, во менито за подесување, корисникот прво ќе треба да се oткаже од моменталниот пакет и истиот ќе биде активен до истекот на последниот ден од соодветниот месец кога е направено откажувањето. Откако ќе заврши последниот ден од активниот пакет корисникот ќе може да мигрира во пакет со пониска претплата.
  • Доколку корисникот се претплати на последен ден во тековниот месец, секое следно наплаќање ќе се случува во последниот ден од месецот.

ПРАВИЛА НА ОДНЕСУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ЗЛОУПОТРЕБИ

  • Еден профил, односно еден корисник може да биде логиран исклучиво на еден уред во дадено време.
  • Доколку еден профил (корисник) смени уред повеќе од два пати во рок од 30 дена, тогаш на

третиот обид корисникот ќе добие опомена дека согласно условите за користење на апликацијата не е дозволено повеќе од 2 пати да се менува уред. Во случај корисникот сепак да го смени уредот по трет пат во еден месец, профилот ќе биде блокиран.

Корисникот изречно потврдува дека е запознат и се согласува да плати договорна казна на FitKit во петкратна висина на паричниот износ со кој давателот на услугата ќе го задолжи FitKit, како последица на злоупотреба или користење на апликацијата на FitKit од страна на корисникот спротивно на овие Услови за користење и Услови за купување, особено во случај на:

  • Генерирање на кодови што корисникот свесно ги откажува, а подоцна ги покажува како слика на рецепција кај давателот на услуги;
  • Споделување на кодови за влез со трети лица, што важи за корисници – вработени во компании кои немаат писмена дозвола за споделување на бенефициите;
  • Користење на претплати (S, M, L, XL) од повеќе лица.

КРЕДИТИ ВО АПЛИКАЦИЈАТА

Кредит е валутата што ја користиме во FitKit апликацијата. Имено секоја локација или активност има одредена вредност од одреден број кредити и со секое генерирање на код и евентуална посета на термин, од одбраниот пакет на корисникот се одзема одреден број на кредити. Секоја месечен пакет со кредити има важност од 30 дена. Неискористените кредити после 30-тиот ден се бришат и не можат да се користат повторно, единствено доколку FitKit има некоја актуелна промоција за која што во одредениот временски период на промоцијата FitKit ќе ја смени оваа ценовна политика.

Корисникот може да купи различен број на кредити преку самата апликација користејќи дебитна или кредитна картичка и тоа:

  • 2 кредити за вкупен износ од 160 денари
  • 15 кредити за вкупен износ од 1000 денари
  • 30 кредити за вкупен износ од 1800 денари
  1. ПРИФАЌАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ И УСЛОВИТЕ ЗА КУПУВАЊЕ

Со користењето на мобилната апликација, Корисникот ги прифаќа Условите за користење и Условите за купување (дефинирани подолу).

ЗА АПЛИКАЦИЈАТА

Апликацијата претставува системски развиена платформа со информации за пријавување присуство на тренинзи/вежби и резервирање на термини од страна на Корисниците на услугите преку генерирање на кодови.

Апликацијата како платформа за симнување е поставена на App store и Play Store.

КОРИСНИЧКИ ПРОФИЛ

Корисникот може да регистрира и одржува само еден профил за лична употреба. Корисникот е должен да ги обновува податоците во неговиот профил. Корисникот е согласен дека FitKit нема никаква одговорност за било каков инцидент кој може да произлезе или е поврзан со корисничкиот профил. Единствено Корисникот е одговорен за одржување на безбедноста на својот профил.

Корисничкиот профил не е пренослив и не смее да се сподели или продаде на друго лице. Било кое непочитување на овие Услови на користење може да доведе до исклучување на профилот без претходно известување до корисникот. Исклучен или отстранет профил ги губи уплатените претплати. – Корисникот го креира своето корисничко име и лозинка и исклучиво корисникот е одговорен за нивно доверливо чување и безбедност.

КОРИСТЕЊЕ НА АПЛИКАЦИЈАТА

Како предуслов за користење на апликацијата, Корисникот се согласува дека:

  • Има најмалку 18 години;
  • Користењето на апликацијата во секое време ќе биде во согласност со овие Услови;
  • Купување пакети се само за лична употреба на Корисникот.
  • FitKit може да ја користи е-маил адресата на Корисникот за испраќање на промотивни понуди исклучиво во контекст на услугите достапни на FitKit апликацијата.

Единствено Давателите на услугите се одговорни пред Корисниците за квалитетот на услугите кои се нудат.

УСЛОВИ ЗА КУПУВАЊЕ

Корисниците на услугите можат да купат претплата за генерирање на кодови кои се користат за закажување на термин кај давателите на услуги само доколку имаат регистрирано профил на апликацијата.

Апликацијата користи безбедносен систем за виртуелна наплата поддржан од Стопанска Банка АД Скопје. Податоците од платежната картичка кои се внесуваат при плаќањето односно купувањето не се зачувуваат во апликацијата.

FitKit нема пристап до информациите од платежните картици на Корисниците, ниту за оние кои би извршиле плаќање во корист на корисниците.

За описот на понудите во FitKit Апликацијата кои се дадени од страна на Давателите на услугите, FitKit не гарантира, ниту е одговорен за давањето на услугата или замерки во однос на квалитетот поврзани со понудата.

FitKit може да одбие процесирање на купување или да откаже направено купување, ако е тоа разумно неопходно, во согласност со важечките закони или со цел да одговори на погрешна интерпретација, измама или потенцијално кршење на законите или Условите за користење.

Ако одредена понуда стане недостапна за купување, FitKit ќе го откаже купувањето и за истото ќе го извести Корисникот по е-маил.

Термините кои се објавени на апликацијата се достапни за резервација за секој регистриран член.

Со резервацијата и плаќањето на термин преку апликацијата се генерира код, кој е потребно да се презентира на Давателите на услугите пред отпочнување на закажаниот термин во одбраната локација.

УПОТРЕБА НА КОДОВИTE ЗА УСПЕШНО ЗАКАЖАНИ ТЕРМИНИ

Корисникот е должен пред почеток на закажаниот термин да му го покаже на Давателот на услугите купениот код од апликацијата како и својот профил со точно име и слика за идентификација.

Доколку Корисникот не го покаже кодот и својот профил со точно име и со слика, Давателите на услугите имаат право да го одбијат Корисникот да ја користи услугата.

Корисникот е должен да го запази времето и местото на одржување на вежбата/тренингот и да носи соодветна опрема за вежбање, во спротивно Давателите на услуги го задржуваат правото да не му дозволат на Корисникот да го искористи закажаниот термин.

Кодовите за закажани термини кои се купени од страна на Корисниците се со важност од 30 (триесет) дена сметано од датумот на купување. По истекот на 30 дена Кодовите стануваат неважечки и Корисниците нема да можат да ги користат.

ПОЛИТИКА ЗА РЕФУНДАЦИЈА И ПАУЗИРАЊЕ НА ПРЕТПЛАТАТА

Корисникот може да достави барање за рефундација на средства („Барање за рефундација”) до FitKit, на е-маил info@fitkit.app, со детално образложение зошто истото се бара.

FitKit има целосно дискреционо право да одлучи дали поднесеното Барање за рефундација ќе биде прифатено или не.

Во случај на прифаќање на Барањето за рефундација, FitKit од вкупната платена сума ќе задржи:

– соодветен износ за периодот додека претплатата била активна; и

– 30% како административен трошок кој трошок се однесува на ресурси поврзани со обработката на Барањето за рефундација, вклучително и времето на агентите за корисничка поддршка и финансискиот сектор на FitKit.

Во случај на одбивање на Барањето за рефундација, FitKit нема обврска да даде причина за истото.

Во случај на одбивање на Барањето за рефундација поднесено од корисник кој доставил веродостоен доказ за постоење на одредена медицинска причина поради која всушност е и поднесено Барањето за рефундација, FitKit може да му дозволи на корисникот паузирање на претплатата која ќе може да ја продолжи кога ќе престане причината поради која е поднесено Барањето за рефундација.

ПРОГРАМА ЗА ПРЕДИЗВИЦИ И ДАВАЊЕ ПОДАРОЦИ

Корисниците на FitKit имаат можност да учествуваат во Програмата за предизвици и давање подароци на FitKit („Програма”). Програмата е базирана на учество во дневни и месечни предизвици поставени од FitKit, преку чие исполнување Корисниците собираат поени и имаат можност да добијат вредни подароци.

Учеството во Програмата е отворено за сите регистрирани Корисници на FitKit и не е потребна уплата или влог за да се учествува во истата. Корисниците собираат поени единствено преку успешно исполнување на предизвиците и избирање на опцијата за собирање поени поставена во апликацијата.

На почетокот на секој месец FitKit на апликацијата ќе го објавува подарокот кој ќе го доделува. Корисникот кој ќе собере најголем број на поени преку исполнување на дневните и месечните предизвици во текот на месецот, ќе го добие објавениот подарок. Во случај на еднаков број на поени на два или повеќе Корисници, подарокот ќе го добие Корисникот кој прв го достигнал тој број на поени. Притоа, FitKit ќе води тековна евиденција на сите Корисници кои учествуваат во Програмата и собираат поени. Топ 30 корисници со најголем број на поени ќе бидат јавно прикажани на ранг-листа во апликацијата, која листа ќе биде активна на апликацијата во текот на целиот месец. Дополнително, FitKit ќе води посебна евиденција и ќе објави на апликацијата активна листа на 50 корисници со најголем број на добиени поени од почетокот на Програмата па се додека FitKit не го прекине спроведувањето на Програмата.

FitKit преку емаил ќе го контактира Корисникот со најголем број на добиени поени со цел подигање на подарокот. Доколку Корисникот во рок од една недела од испраќањето на емаил од страна на ФитКит до Корисникот не одговори повратно или изјави дека не го прифаќа подарокот, предметниот подарок ќе биде доделен на следниот највисоко рангиран Корисник.

Еден корисник може да добие подарок најмногу два пати во текот на една календарска година. Доколку ист корисник по трет пат го освои првото место во рамките на предметната календарска година, подарокот ќе биде доделен на следниот највисоко рангиран корисник.

Поените собрани во текот на еден месец се валидни само за тој месец и не се пренесуваат во следниот месец. Секој месец Корисниците започнуваат од нула поени.

Со учеството во Програмата, Корисниците се согласуваат да ги почитуваат правилата на истата предвидени во овие Услови. FitKit го задржува правото да не го додели подарокот доколку утврди дека се повредени правилата на Програмата или било кој друг закон, како и во случај на било каква измама или злоупотреба.

Со учеството во Програмата, Корисниците се согласуваат со собирање и обработка на нивните лични податоци. Детални информации за начинот на собирање и обработка на личните податоци се достапни во Политиката за приватност на FitKit.

FitKit го задржува правото да ги измени правилата и условите на Програмата, како и да ја прекине истата, во било кое време без претходно известување.

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

FitKit ги обработува личните податоци на Корисниците во согласност со законските прописи за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија односно Законот за заштита на личните податоци и подзаконските акти.

Категории на лични податоци кои се обработуваат:

  • Податоци за идентификација: Име и презиме на корисникот, лична фотографија на корисникот, ЕМБГ на корисникот, број на лична карта на корисникот, адреса на живеалиште на корисникот и телефонски број на корисникот.
  • Податоци за користење на Апликацијата: е-маил адреса на корисникот, пол, датум на раѓање, локација на уредот од каде се користи Апликацијата.

FitKit е исклучив контролор на личните податоци кои Корисниците директно ги имаат споделено во апликацијата и се обврзува да не ги оддаде личните податоци на трети лица, освен во случаите како што е дефинирано во овие Услови.

FitKit е процесор на личните податоци кои Корисниците ги имаат споделено врз основ на Договор склучен со одредени соработници на FitKit, а ги користат услугите достапни во Апликацијата врз основ на взаемна согласност и договор. Како процесор на овие податоци FitKit се обврзува да не ги оддаде личните податоци на трети лица.

FitKit може да ги употреби податоците на Корисниците исклучиво за идентификување на корисниците при креирање на профил, за присилна наплата на долгови, сопствени статистички цели, а со цел унапредување на искуството на Корисниците со користењето на апликацијата и за промотивни материјали исклучиво во контекст на користење на Апликацијата.

АВТОРСКИ ПРАВА И ТРГОВСКА МАРКА

Апликацијата содржи заштитен материјал, авторски права, трговска марка, вклучувајќи ги, но не ограничувајќи се на текст, софтвер, слики, видео и графика. Се што се наоѓа на апликацијата е во ексклузивна сопственост на ФИТКИТ ИНТЕРНЕШНЕЛ ДООЕЛ е-маил: info@fitkit.app има авторско право над селекцијата, одбирање, координацијата или модификација на содржината, како и врз содржината која оригинално ја поседува апликацијата. ФИТКИТ ИНТЕРНЕШНЕЛ ДООЕЛ има авторско право над фотографиите кои се во нејзина сопственост, како што се фотографиите кои се фотографираат за целите на понудите.

Секое копирање, дистрибуирање, пренесување, модифицирање, учествување во продажба, поставување на линкови или на било кој начин користење на содржината од апликацијата, делумно или целосно без изречна писмена согласност од ФИТКИТ ИНТЕРНЕШНЕЛ ДООЕЛ е строго забрането.

Секое прекршување на оваа политика може да резултира со прекршоци на авторските права, трговската марка или друга интелектуална сопственост и може да го доведе крајниот корисник до водење на граѓански и/или кривични постапки.

FitKit логото е заштитена трговска марка на ФИТКИТ ИНТЕРНЕШНЕЛ ДООЕЛ Сите права во однос на оваа марка се задржани. Доколку не е поинаку назначено, сите други трговски марки кои се појавуваат на FitKit се сопственост на Давателите на услуги.

РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ И НАДЛЕЖНОСТ

Сите спорови кои можат да произлезат исклучиво во врска со употребата на апликацијата страните ќе се обидат да ги решат спогодбено или по пат на медијација. Во случај споровите да не можат да се решат спогодбено, надлежен суд ќе биде Основниот граѓански суд Скопје.

FitKit не е одговорен за било какви спорови кои може да настанат помеѓу Корисниците и Давателите на услугите.

За се што не е уредено со овие Услови на користење се применуваат важечките законски прописи во Република Северна Македонија.


Овие Услови се последно ажурирани, објавени и стапени на сила на 01.04.2025 год.