FitKit Pixel

ПОЛИТИКА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА КОЛАЧИЊА НА НАШИТЕ ИНТЕРНЕТ СТРАНИ И АПЛИКАЦИИ (ПОЛИТИКА ЗА КОЛАЧИЊА)

Врз основа на член 16  од Законот за заштита на личните податоци (“Службен Весник на Република Северна Македонија, бр. 42/2020 and 294/21), ФИТКИТ ИНТЕРНЕШНЕЛ ДОО Скопје ја донесе следната:

ПОЛИТИКА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА КОЛАЧИЊА НА НАШИТЕ ИНТЕРНЕТ СТРАНИ И АПЛИКАЦИИ (ПОЛИТИКА ЗА КОЛАЧИЊА)

I. Вовед

Кога ги посетувате и делувате на нашите интернет страни, услуги, апликации, алатки за испраќање пораки или други алатки, ние самите или од нас овластени даватели на услуги може да користиме колачиња, мрежни водичи (web beacons), и други слични технологии за складирање на податоци за Вас и Вашите активности на, односно преку, нашите интернет страни, услуги, апликации, и алатки (како што се податоци за страната која ја посетувате, линковите на кои кликнувате, и други активности кои ги преземате на нашите платформи и услуги, и во рамките на нашите промотивни и емаил содржини). Оваа Политика за користење на колачиња на нашите интернет страни и апликации (во натамошниот текст “Политика за колачиња„) има за цел да Ве информира за овие технологии и за тоа како ние истите ги користиме.

Нашите колачиња и слични технологии имаат различни цели. Некои од нив ние ги користиме за да ја подобриме оперативноста и функционалноста на нашите платформи и алатки со што на нашите посетители ќе може да им обезбедиме непрекинато, брзо, и безбедно искуство. Ние може да користиме вакви технологии и за промотивни цели со што на нашите посетители ќе им овозможиме персонализирано искуство.

Каде што е возможно, безбедносни мерки се ставени во сила за да се спречи неовластен пристап до нашите колачиња и слични технологии за следење. Единствен идентификатор (unique identifier) обезбедува дека само ние и од нас овластените даватели на услуги имаме пристап до податоците складирани преку колачиња.

Вие имате право да ги блокирате, избришете, или исклучите овие технологии доколку Вашиот уред го дозволува тоа. Вие може да управувате со колачињата кои се користат кон Вас и со Вашиот избор на колачиња преку Вашиот пребарувач (browser) или преку поставувањата на Вашиот уред. Видете подоле во оваа Политика за Колачиња за тоа како да ги адаптирање Вашите поставувања за и избор на колачиња.

II. Што се колачиња и слични технологии за следење?

Колачиња и слични технологии за следење се мали датотеки на податоци кои се поставуваат на Вашиот компјутер, таблет, мобилен телефон, или друг уред (колективно именувани како “уред„) и кои ни дозволуваат да забележуваме и запишуваме одредени делови од Вашите податоци кога Вие ги посетувате или делувате на нашите интернет страни, услуги, апликации, алатки за испраќање пораки или други алатки, како и да Ве препознаваме помеѓу уредите кои ги користите.

Колачиња се мали текстуални датотеки (вообичаено составени од букви и бројки) кои се поставуваат во меморијата на вашиот пребарувач или уред кога посетувате интернет страна или гледате порака. Колачињата ѝ дозволуваат на интернет страната да препознае специфичен уред или пребарувач. Колачињата може да се исклучат или избришат преку алатката за адаптирање “Избор за колачиња„ на секој од пребарувачите. Изборот за секој од пребарувачите кои го користите треба да се адаптира засебно.

Мрежни водичи (web beacons) се мали графички слики (исто познати како “пиксел тагови„ или “јасни GIF-ови„) кои може да се вклучат на нашите интернет страни, услуги, апликации, пораки и алатки, и кои вообичаено работат заедно со колачињата за идентификување на нашите посетители и следење на однесувањето на овие.

Слични технологии (за следење) складираат податоци на Вашиот пребарувач или уред користејќи локално споделени објекти и локални бази на податоци (како што се flash колачиња и  HTML 5 колачиња). Овие технологии може да работат во сите Ваши пребарувачи, но ние не ги користиме овие технологии за складирање податоци со цел да вршиме таргетирани промоции до Вас преку нашите или други интернет страни.

Ние може да ги употребуваме термините “колачиња„ и “слични технологии„ наизменично во нашите политики кога мислиме на сите технологии кои може да ги користиме за да паметиме и запишуваме податоци во Вашиот пребарувач или уред, или кои собираат податоци и ни помагаат да ве идентификуваме на начините опишани погоре.

III. Типови на колачиња

Привремени колачиња (Session cookies) остануваат на Вашиот уред сѐ додека го држите активен Вашиот преабрувач. Тие истекуваат на крајот од Вашата сесија на пребарување и ни дозволуваат да ги поврзуваме Вашите активности за време на таа сесија.

Постојани колачиња (Persistent cookies) остануваат на Вашиот уред за подолг период. Тие се складираат на на Вашиот уред помеѓу сесии на пребарување, и ни дозволуваат да ги запаметиме Вашите избори или активности низ повеќе интернет страни.

Колачиња од први страни (First-party cookies) се поставуваат од самата платформа што ја посетувате. Ние ги користиме овие колачиња кога ги посетувате или делувате на нашите интернет страни, услуги, апликации, алатки за пораки или други алатки.

Колачиња од трети страни (Third-party cookies) се поставуваат од интернет страната на трета страна што е одвоена од страната што ја посетувате. Ние користиме овластени даватели на услуги да ни помогнат да им обезбедиме персонализирани и корисни промоции на нашите посетители. Овие даватели на услуги може да постават колачиња на Вашиот уред преку нашите платформи и алатки и исто така може да собираат податоци кои им помагаат ним да го идентификуваат Вашиот уред (како на пример IP-адреса или други идентификатори на уред).

IV. За што користиме колачиња?

Нашите колачиња и слични технологии имаат повеќе функции. Тие може да бидат строго неопходни за работењето, оперативноста и ефикасноста на нашите интернет платформи, алатки и услуги; или може да ни бидат потребни за да го подобриме изведувањето на нашите платформи и услуги и да им овозможиме дополнителни операции на нашите посетители, вклучително и промоции кои одговараат на нивните интереси и потреби. 

Неопходни колачиња (Necessary cookies)

Ние може да користиме колачиња, мрежни водичи (web beacons) и други слични технологии кои се суштински за обезбедување соодветна оперативност и ефикасност на нашите интернет страни, платформи, услуги, апликации, продукти, и алатки. Без овие колачиња, делови од нашите интернет страни не може да функционираат, и ние не би биле во можност да им обезбедиме на нашите посетители непрекината посета и искуство на нашите платформи и услуги.

Име на колачеСервисПериод на чувањеЦелТип на колаче
test_cookiedoubleclick.net    15 minutesThe test_cookie is set by doubleclick.net an is used to determine if the user’s browser supports cookies.Advertisement/ Necessary
elementorfitkit.app      neverThis cookie is used by the website’s WordPress theme. It allows the website owner to implement or change the website’s content in real-time.Necessary

Колачиња за следење на перформанси (Performance cookies)

Ние може да користиме колачиња, мрежни водичи (web beacons), и други слични технологии за да ја оценуваме оперативноста и ефикасноста на нашите интернет платформи, апликации, услуги, и алатки, вклучително и во склоп на вршење аналитика и аналитички истражувања. Ние ги користиме овие колачиња за да добиеме подобра претстава   за тоа како нашите посетители ги користат и се однесуваат на нашите интернет страни, платформи и алатки; да утврдиме дали нашите посетители ги користат алатките за испраќање пораки, и дали гледаат одреден продукт или интернет страна (линк); како и за да ја подобриме содржината на нашите интернет страни, апликации, услуги и алатки.

Име на колачеСервисПериод на чувањеЦелТип на колаче
dtCookiegetresponse.com          sessionThis cookie is set by the provider Dynatrace.
This is a session cookie used to collect information for Dynatrace. Its a system to track application performance and user errors.
Performance/ Statistics

Колачиња за следење на оперативност (Functionality cookies)

Ние може да користиме колачиња, мрежни водичи (web beacons)  и други слични технологии што ни дозволуваат и помагаат да им обезбедиме на нашите посетители подобрена оперативност кога пристапуваат до и ги користат нашите интернет страни, платформи, апликации, услуги и алатки. Ние ги користиме овие колачиња да ги препознаеме нашите посетители и да ги запомниме нивните избори (преференци) и поставки кога следно ги користат и делуваат на нашите интернет страни, платформи и алатки, со што ќе може на нашите посетители да им обезбедиме подобрено персонализирано искуство.

Колачиња за правење анализи (Analytical cookies)

Ние може да користиме колачиња, мрежни водичи (web beacons), и други слични технологии за да ја следиме функционалноста и оперативноста на нашите интернет страни, платформи, апликации, услуги и алатки, за статистички цели. Услугите за вршење аналитика може да бидат дизајнирани и управувани од трети страни. Ние ги користиме овие колачиња за да анализираме шеми и модели на однесување на нашите посетители, со што ќе може да го подобриме нивното искуство или да идентификуваме области на интернет страната кои побаруваат дополнително одржување.

Име на колаче СервисПериод на чувањеЦелТип на колаче
_gafitkit.app2 yearsThe _ga cookie, installed by Google Analytics, calculates visitor, session and campaign data and also keeps track of site usage for the site’s analytics report. The cookie stores information anonymously and assigns a randomly generated number to recognize unique visitors.Analytics
_ga_9Y5FSQEJ8Lfitkit.app2 yearsThis cookie is installed by Google Analytics.Analytics
_gat_gtag_UA_199284954_1fitkit.app1 minuteSet by Google to distinguish users.Analytics
_gcl_aufitkit.app3 monthsProvided by Google Tag Manager to experiment advertisement efficiency of websites using their servicesAnalytics/ Marketing
_gidfitkit.app1 dayInstalled by Google Analytics, _gid cookie stores information on how visitors use a website, while also creating an analytics report of the website’s performance. Some of the data that are collected include the number of visitors, their source, and the pages they visit anonymously.Analytics
rxVisitorapp.getresponse.comneverThis cookie is set by the provider Dynatrace. This cookie is used to store the visitor ID for the returning visitors.Analytics
gaVisitorUuidfitkit.app1 yearRegisters statistical data on users’ behaviour on the website. Used for internal an alytics by the website operator.Statistics

Колачиња за маркетинг и таргетирање (Advertising and Targeting cookies)

Ние може да користиме наши колачиња и мрежни водичи (web beacons) (колачиња од прва страна), како  и колачиња од трети страни, за да доставуваме содржина на нашите интернет страни и платформи или на интернет страни и платформи на трети страни, вклучително и промотивен материјал кој соодветствува на интересите на нашите посетители. Овие колачиња, кои може да се постават на уредот на нашите посетители од нас самите или од доверливи и соодветно овластени трети страни даватели на услуги, паметат кога наш посетител пристапува до и делува на интернет страни преку нашите платформи, и ја користат оваа информација за да му достават на истиот содржина и промотивен материјал согласно неговите покажани интереси. Без овие колачиња, содржината и промоциите со кои се сретнуваат посетителите на нашите интернет страни и платформи може да се помалку битни за нив и нивните интереси.  

Име на колачеСервисПериод на чувањеЦелТип на колаче
IDEdoubleclick.net1 year 24 daysGoogle DoubleClick IDE cookies are used to store information about how the user uses the website to present them with relevant ads and according to the user profile.Advertisement
frfacebook.com3 monthsFacebook sets this cookie to show relevant advertisements to users by tracking user behaviour across the web, on sites that have Facebook pixel or Facebook social plugin.Advertisement
_fbpfitkit.app3 monthsUsed by Facebook to deliver a series of advertisement products such as real time bidding from third party advertisers.Marketing
1P_JARgoogle.com1 monthBased on recent searches and previous interactions, custom ads are shown on Google sitesTargeting/Advertising
NIDgoogle.com6 monthsStores visitors’ preferences and personalizes ads on Google websites based on recent searches and interactions.Targeting/Advertising
__Secure-3PSIDgoogle.com2 yearsUsed by for targeting purposes to build a profile of the website visitor’s interests in order to show relevant & personalised Google advertising.Targeting/Advertising
__Secure-3PSIDCCgoogle.com2 yearsUsed by for targeting purposes to build a profile of the website visitor’s interests in order to show relevant & personalised Google advertising.Targeting/Advertising
NIDgoogle.mk2 yearsUsed by for targeting purposes to build a profile of the website visitor’s interests in order to show relevant & personalised Google advertising.Targeting/Advertising
__Secure-3PAPISIDgoogle.mk2 yearsUsed by for targeting purposes to build a profile of the website visitor’s interests in order to show relevant & personalised Google advertising.Targeting/Advertising
__Secure-3PSIDgoogle.mk6 monthsStores visitors’ preferences and personalizes ads on Google websites based on recent searches and interactions.Targeting/Advertising
gr83p_59db3877 322f17e6c0092c10 6bdf75ddgetresponse.com2 monthsUsed in context with the website’s pop-up questionnaires and messengering. The data is used for statistical or marketing purposesOther/ Marketing
dtSaapp.getresponse.comsessionCollects data on th e user’s navigation an d behavior on the website. This is used to compile statistical reports and heatmaps for the website owner.Marketing
pagead/1p-conversion/#google.comsessionTracks if the user has shown interest in specific products or events across multiple websites and detects how the user navigates betw een sites. This is used for measurement of advertisement efforts and facilitates payment of referral-fees between websites.Marketing
pagead/viewthroughconversion/801085823doubleclick.netsessionUnclassifiedMarketing
trfacebook.comsessionUsed by Facebook to deliver a series of advertisement products such as real time bidding from third party advertisers.Marketing

Колачиња за социјални медиуми (Social Media cookies)

Ние може да користиме колачиња, мрежни водичи (web beacons) и други слични технологии кои се поставуваат од страна на социјалните мрежи кои ние сме ги додале на нашите интернет страни, платформи и апликации. Ние ги користиме овие колачиња кога нашите посетители споделуваат наша содржина со нивни пријатели и мрежи или кога нашите посетители пристапуваат до наша содржина преку социјални мрежи, како на пример Facebook, Instagram, LinkedIn, или Twitter. Овие колачиња го пратат пребарувачот на нашите посетители низ други интернет страни и креираат профил за интересите на истиот. Ова може да влијае на содржината и пораките кои нашите посетители ги гледаат на други интернет страни и платформи кои ги посетуваат и на кои делуваат.

Име на колачеСервисПериод на чувањеЦелТип на колаче
datrfacebook.com   
sbfacebook.com   

V. Управување со колачиња

Вие самите управувате со обемот и поставките на колачиња кои ќе бидат користени кон Вас и поставени на вашиот уред кога ги посетувате и делувате на наши интернет страни, платформи, апликации, услуги и алатки. Доколку не сакате одредени колачиња да се постават на Вашиот уред, Вие може да одберете кои типови на колачиња нашите платформи и алатки може да ги употребат кон Вас со притискање на “Избор на колачиња„ (“Cookie preferences”) на дното на нашите интернет страни. Вие може да го адаптирате Вашиот избор на колачиња во секое време, и исто така може да ја повлечете согласноста за користење колачиња што претходно сте ни ја дале.

Доколку сакате да ги отстраните претходно поставени колачиња, Вие може рачно да ги избришете овие во секое време. Ова сепак нема да ги спречи нашите интернет страни, апликации, и други платформи и алатки, да продолжат да поставуваат колачиња на Вашиот уред, сѐ додека за тоа не го адаптирате Вашиот избор на колачиња (“Cookie preferences”) на начинот кој е опишан погоре.

VI. Администратор на колачиња

ФИТКИТ ИНТЕРНЕШНЕЛ ДОО, Скопје

Ул. Вангел Тодоровски 5/1-30, 1000 Скопје

VII. Завршна одредба

Оваа Политика за Колачиња стапува на сила на денот на нејзиното усвојување или поставување на истата на нашите интернет страни, платформи, апликации, услуги, и алатки.