Ја заокружуваме годинава со уште еден во низата успеси – сертификат А+ за бонитет како значајно признание за финансиската стабилност и кредибилитет на компанијата. 🎉
Оваа признание е и уште една потврда дека ФитКит е надежен и сигурен партнер во деловните односи и инвестиции, објаснува Јосиф Дамјанов, ко-основач на ФитКит.
Овој сертификат ќе ја засили позицијата на ФитКит на пазарот и ќе донесе поголемa доверба кај клиентите и партнерите. Очекуваме дека ова ќе биде и поттик за нашите вработени и соработници дополнително да веруваат во лидерството на компанијата. Како за нас, така и за тимот, ова е дополнителна мотивација, бидејќи е потврда за успешноста на нашата заедничка работа и кохезивноста на тимот и културата во компанијата. 💯
Овој сертификат го доделува рејтинг компанија CompanyWall Business која што на балканско ниво ги сертифицира компаниите што постигнале најдобри деловни резултати во претходната година, врз основа на методологијата воспоставена од најголемите светски куќи за кредитен рејтинг.
Критериумите според кои ФитКит се закити со оваа признание вклучуваа анализа на финансиските извештаи на ФитКит, историјата на плаќање, управување со кредитниот ризик и други економски показатели што го одразија финансиското здравје на компанијата.
Јосиф објаснува како храброста за инвестирање во непредвидливи времиња била клучна компанијата да расте и да се шири регионално. 🚀
Тоа што придонесува за добро здравје на еден бизнис е конзистентното управување со финансиите, иновативниот пристап кон услугите и производите, како и силниот фокус на задоволството на клиентите и квалитетот на услугата. Ова е само една потврда за нашата дисциплина во плаќањата према нашите партнери, домаќинското располагање со средствата, како и инвестирањето во технологија и поголема продуктивност.
ФитКит во изминатите 6 години покажа дека успешно навигира и може да ги искористи турбуленциите како гориво. ⚡
Секоја компанија се соочува со предизвици, особено во динамично и турбулентно опкружување како што имавме во изминативе години. Предизвици има во континуитет, но доколку ги нема, нема да постои ниту иновацијата. Почнувајќи од проблемите со ангажирање на кадар за развој на софтвер, ограничените финансиски ресурси, пандемијата, па се до геополитичките случувања што и те како ни го отежнаа ширењето во Грција.
Годинава, само ја засиливме својата позиција на пазарот. А токму овој сертификат беше уште една потврда дека сме на одличен пат кон уште поуспешна 2024та година. 🤸♀️
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог.
ФитКит е и платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.