ФитКит Херој на Неделата: Елпида Ангеловска

елпида-ангеловска

Вежбањето во теретана е нејзината најдобра психофизичка терапија што целосно ја рестартира – ментално и физички.

Колку повеќе вежба, толку повеќе може да си дозволи и да си касне. 😄

Запознајте ја Елпида Ангеловска, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

Во теретана одам уште како тинејџерка. Фитнесот ми е квалитетно време поминато сама со себе, ми помага да ја исфрлам негативната енергија, да си ги средам мислите, или воопшто да не мислам на ништо. 

елпида-ангеловска

По цел ден поминат во седечка позиција пред лаптоп, првото нешто на кое што мисли е добро да се извежба. 

Има периоди кога секој ден одам да вежбам наутро пред работа. Тогаш сум најдисциплинирана бидејќи денот ми почнува со тренинг, па имам енергија за работните  обврски и се држам до здрави оброци преку целиот ден.  Но, се почести се периодите кога одам во теретана после работа или во вечерните часови. Во топлите денови возам велосипед и искачувам планини, а зимно време уживам во snowboarding.  

Благодарение на својата дисциплина при вежбањето, Елпида успеала да симне 10 килограми. 🤯

Најефективни за мене се вежбите со тежини за обликување на телото, кардио вежби како трчање и хит тренинзи за чистење.

елпида-ангеловска

Елпида вели дека нема посебен режим на исхрана, туку едно правило кон кое строго се придржува: 

Моето правило е: да не купувам храна што не треба да ја јадам! Така да, ако ми дојдете на гости, најверојатно ќе бидете почестени со протеински палачинки. 🥞

Kelsey Wells е личноста на која што ѝ се восхитува поради нејзините вежби и начинот на кој што таа изгледа. 

А, кога самата нема мотивација за тренинг, си повторува дека после 1 час поминат во вежбање, ќе се чувствува многу подобро. 💯

Важно е да започнете со вежбање и да не се откажувате од својата фитнес цел. Половина час на ден вежбање е сосема добро за почеток.

елпида-ангеловска

До крајот на 2024та година, Елпида ќе се фокусира да си го одржи своето тело здраво и силно, но и да си ги врати посакуваните стомачни мускули.

Откако вежба со ФитКит апликацијата, таа вели дека не одбива покани за тренинг.

Со ФитКит можам да вежбам каде сакам. Ако некој ме покани на тренинг во неговата теретана каде што оди, јас сум спремна да ги дружам. 😅

За да дознаеш повеќе за Елпида:😎

📸 Пиши ѝ на Инстаграм: @elpidaangelovska

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Elpida Angelovska

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore