ФитКит Херој на Неделата: Маја Ацеска

maja-aceska

Вежбањето ѝ помага да си ја зголеми самодовербата и енергијата на уште поголемо ниво за да може да се вложи максимално во својата пасија – дигитално цртање. 🎨

Запознајте ја Маја Ацеска, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

Отсекогаш сум била свесна дека физичката активност има голем придонес за физичкото и менталното здравје. Следејќи ги луѓето кои се занимаваат со фитнес, се инспирирав и јас да започнам и да научам како да дојдам до замислената фитнес цел.

maja-aceska

Вежбање во теретана е нејзината омилена активност бидејќи знае дека на крајот на тренингот ќе се чувствува толку добро и исполнето како да гази по облаци. 🏋️

Тежинските тренинзи досега ми се покажале како најефективни, особено кога имам leg day. Овие тренинзи не само што ми го обликуваат телото, туку и ми помагаат при добивање поголема стабилност и издржливост во секојдневните движења.

Песната Beggin’ од Måneskin најдобро ја опишува нејзината фитнес рутина што изгледа вака: ⬇️

На неделно ниво, тренинзите ми се поделени во групи: тежински тренинг – 3 пати неделно и кардио тренинг – 2 до 3 пати неделно. Распоредот зависи од обемот на обврски што ги имам во текот на неделата. Најчесто тежинските тренинзи ми се преку еден ден (пример тежински тренинг, кардио тренинг, ден за одмор, итн).

maja-aceska

Користењето на ФитКит ѝ помага да си ја задржи дисциплината за вежбање и да ја разбие монотонијата од одење во иста теретана или вежбање една активност.

Откако почнав да вежбам со ФитКит апликацијата, немам повеќе болки во телото поради прекумерено седење пред компјутер цел ден. Многу позитивно искуство!

maja-aceska

До крајот на 2024та година, Маја ќе се вложи подобро да си го обликува телото и да ја дефинира мускулната маса, а десна рака во трансформацијата ќе и биде нејзиниот фитнес тренер Иван Коцевски.

Редовно оди на тренинг и не го прескокнувај. Дури и кога не ти е денот, на крајот ќе се чувствуваш многу подобро! 💪

За да дознаеш повеќе за Маја:😎

👍 Додај ја за пријател на Фејсбук: Maja Aceska

📸 Пиши му на Инстаграм: @aceska.maja

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Maja (Maya) Aceska

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore