УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ И УСЛОВИ ЗА КУПУВАЊЕ
Добредојдовте на FitKit мобилната апликација. Со нејзиното користење Вие се согласувате со Условите за користење и Условите за купување (дефинирани подолу). Ве молиме прочитајте ги внимателно. Ако имате некои прашања обратете ни се на info@fitkit.app
ПРЕТПЛАТИ
Пакет “S”
- Месечната претплата за овој пакет е во износ од 1.500 денари и добивате вредносен ваучер за купување на спортска опрема во износ од 3.600 денари доколку претплатата ја одржувате 12 месеци.
- Во случај на еднократно плаќање за период од 12 месеци претплата е во вкупен износ од 15.000 денари.
- Овој пакет вклучува користење на услуги со вредност од 1 или 2 кредити, а корисникот на овој пакет може да искористи еден термин/посета дневно.
Пакет “M”
- Месечната претплата за овој пакет е во износ од 3.100 денари и добивате вредносен ваучер за купување на спортска опрема во износ од 6.000 денари доколку претплатата ја одржувате 12 месеци.
- Во случај на еднократно плаќање за период од 12 месеци претплата е во вкупен износ од 31.000 денари.
- Овој пакет вклучува користење на услуги со вредност од 1, 2, 3 или 4 кредити, а корисникот на овој пакет може да искористи еден термин/посета дневно.
Пакет “L”
- Месечната претплата за овој пакет е во износ од 6.000 денари и добивате вредносен ваучер за купување на спортска опрема во износ од 14.000 денари доколку претплатата ја одржувате 12 месеци.
- Во случај на еднократно плаќање за период од 12 месеци претплата е во вкупен износ од 60.000 денари.
- Овој пакет вклучува користење на услуги со вредност од 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12,13, 14 или
15 кредити, а корисникот на овој пакет може да искористи максимум два термини/посети дневно, со дневно ограничување на вкупниот број искористени кредити на 15.
Претплата “XL”
- Месечната претплата за овој пакет е во износ од 15.000 денари и добивате вредносен ваучер за купување на спортска опрема во износ од 21.000 денари доколку претплатата ја одржување 12 месеци.
- Во случај на еднократно плаќање за период од 12 месеци претплата е во вкупен износ од 150.000 денари.
- Овој пакет вклучува користење на сите понудени услуги, а корисникот на овој пакет може да ги користите услугите без ограничување на бројот на термини/посети дневно, со дневно ограничување на вкупниот број искористени кредити на 30.
ДЕТАЛИ ЗА ПЛАЌАЊАТА
- Доколку плаќањето не е успешно, на корисникот му се блокира пристапот до услугите се додека не настапи успешна трансакција при обидите во следните 30 дена.
- Доколку корисникот сака да мигрира во пакет со повисока претплата не може да се изврши дополнување на веќе уплатената сума од понискиот пакет. Во овој случај корисникот ќе треба да ја уплати предвидената претплата за надградениот пакет во кој сака да мигрира и претплатата од повисокиот пакет ќе се активира веднаш.
- Доколку корисникот сака да мигрира во пакет со пониска претплата, во менито за подесување, корисникот прво ќе треба да се oткаже од моменталниот пакет и истиот ќе биде активен до истекот на последниот ден од соодветниот месец кога е направено откажувањето. Откако ќе заврши последниот ден од активниот пакет корисникот ќе може да мигрира во пакет со пониска претплата.
- Доколку корисникот се претплати на последен ден во тековниот месец, секое следно наплаќање ќе се случува во последниот ден од месецот.
ПРАВИЛА НА ОДНЕСУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ЗЛОУПОТРЕБИ
- Еден профил, односно еден корисник може да биде логиран исклучиво на еден уред во дадено време.
- Доколку еден профил (корисник) смени уред повеќе од два пати во рок од 30 дена, тогаш на
третиот обид корисникот ќе добие опомена дека согласно условите за користење на апликацијата не е дозволено повеќе од 2 пати да се менува уред. Во случај корисникот сепак да го смени уредот по трет пат во еден месец, профилот ќе биде блокиран.
КРЕДИТИ ВО АПЛИКАЦИЈАТА
Кредит е валутата што ја користиме во FitKit апликацијата. Имено секоја локација или активност има одредена вредност од одреден број кредити и со секое генерирање на код и евентуална посета на термин, од одбраниот пакет на корисникот се одзема одреден број на кредити. Секоја месечен пакет со кредити има важност од 30 дена. Неискористените кредити после 30-тиот ден се бришат и не можат да се користат повторно, единствено доколку FitKit има некоја актуелна промоција за која што во одредениот временски период на промоцијата FitKit ќе ја смени оваа ценовна политика.
Корисникот може да купи различен број на кредити преку самата апликација користејќи дебитна или кредитна картичка и тоа:
- 2 кредити за вкупен износ од 160 денари
- 15 кредити за вкупен износ од 1000 денари
- 30 кредити за вкупен износ од 1800 денари
- ПРИФАЌАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ И УСЛОВИТЕ ЗА КУПУВАЊЕ
Со користењето на мобилната апликација, Корисникот ги прифаќа Условите за користење и Условите за купување (дефинирани подолу).
- ЗА АПЛИКАЦИЈАТА
Апликацијата претставува системски развиена платформа со информации за пријавување присуство на тренинзи/вежби и резервирање на термини од страна на Корисниците на услугите преку генерирање на кодови.
Апликацијата како платформа за симнување е поставена на App store и Play Store.
- КОРИСНИЧКИ ПРОФИЛ
Корисникот може да регистрира и одржува само еден профил за лична употреба. Корисникот е должен да ги обновува податоците во неговиот профил. Корисникот е согласен дека FitKit нема никаква одговорност за било каков инцидент кој може да произлезе или е поврзан со корисничкиот профил. Единствено Корисникот е одговорен за одржување на безбедноста на својот профил.
Корисничкиот профил не е пренослив и не смее да се сподели или продаде на друго лице. Било кое непочитување на овие Услови на користење може да доведе до исклучување на профилот без претходно известување до корисникот. Исклучен или отстранет профил ги губи уплатените претплати. – Корисникот го креира своето корисничко име и лозинка и исклучиво корисникот е одговорен за нивно доверливо чување и безбедност.
- КОРИСТЕЊЕ НА АПЛИКАЦИЈАТА
Како предуслов за користење на апликацијата, Корисникот се согласува дека:
- Има најмалку 18 години;
- Користењето на апликацијата во секое време ќе биде во согласност со овие Услови;
- Купување пакети се само за лична употреба на Корисникот.
- FitKit може да ја користи е-маил адресата на Корисникот за испраќање на промотивни понуди исклучиво во контекст на услугите достапни на FitKit апликацијата.
Единствено Давателите на услугите се одговорни пред Корисниците за квалитетот на услугите кои се нудат.
- УСЛОВИ ЗА КУПУВАЊЕ
Корисниците на услугите можат да купат претплата за генерирање на кодови кои се користат за закажување на термин кај давателите на услуги само доколку имаат регистрирано профил на апликацијата.
Апликацијата користи безбедносен систем за виртуелна наплата поддржан од Стопанска Банка АД Скопје. Податоците од платежната картичка кои се внесуваат при плаќањето односно купувањето не се зачувуваат во апликацијата.
FitKit нема пристап до информациите од платежните картици на Корисниците, ниту за оние кои би извршиле плаќање во корист на корисниците.
За описот на понудите во FitKit Апликацијата кои се дадени од страна на Давателите на услугите, FitKit не гарантира, ниту е одговорен за давањето на услугата или замерки во однос на квалитетот поврзани со понудата.
FitKit може да одбие процесирање на купување или да откаже направено купување, ако е тоа разумно неопходно, во согласност со важечките закони или со цел да одговори на погрешна интерпретација, измама или потенцијално кршење на законите или Условите за користење.
Барања за рефундирања на средства може да се достават на е-маил info@fitkit.app со детално образложение зошто истото се бара, а за кое тимот на FitKit соодветно одлучува дали истите ќе бидат рефундирани.
Ако одредена понуда стане недостапна за купување, FitKit ќе го откаже купувањето и за истото ќе го извести Корисникот по е-маил.
Термините кои се објавени на апликацијата се достапни за резервација за секој регистриран член.
Со резервацијата и плаќањето на термин преку апликацијата се генерира код, кој е потребно да се презентира на Давателите на услугите пред отпочнување на закажаниот термин во одбраната локација.
- УПОТРЕБА НА КОДОВИTE ЗА УСПЕШНО ЗАКАЖАНИ ТЕРМИНИ
Корисникот е должен пред почеток на закажаниот термин да му го покаже на Давателот на услугите купениот код од апликацијата како и својот профил со точно име и слика за идентификација.
Доколку Корисникот не го покаже кодот и својот профил со точно име и со слика, Давателите на услугите имаат право да го одбијат Корисникот да ја користи услугата.
Корисникот е должен да го запази времето и местото на одржување на вежбата/тренингот и да носи соодветна опрема за вежбање, во спротивно Давателите на услуги го задржуваат правото да не му дозволат на Корисникот да го искористи закажаниот термин.
Кодовите за закажани термини кои се купени од страна на Корисниците се со важност од 30 (триесет) дена сметано од датумот на купување. По истекот на 30 дена Кодовите стануваат неважечки и Корисниците нема да можат да ги користат.
- ВРЕДНОСНИ ВАУЧЕРИ
При активирање на претплата за пакет на услуги со Апликацијата, а согласно овие Услови, добивате вредносен ваучер за купување на спортска опрема („Ваучер“). Ваучерот можете да го искористите кај нашите партнери за продажба на спортска опрема („Партнери“), таксативно наведени на нашата платформа.
Како услов за издавање и достава на ваучерот, Корисникот е неопходно да ги даде на ФитКит следниве лични податоци за идентификација:
- име и презиме,
- ЕМБГ,
- број на лична карта, и адреса на живеење.
Вредносниот Ваучер можете да го искористите за купување на спортска опрема од целото портфолио на продукти на нашите Партнери, освен храна и додатоци на храна („Продукти“). Со вредносниот Ваучер можете да купите еден или повеќе продукти.
Вредносниот Ваучер ќе ви биде доставен по е-мејл. За користење на вредносниот Ваучер кај Партнерите, ќе биде неопходно да го отпечатите Ваучерот или да го покажете Ваучерот во дигитална форма преку вашиот мобилен уред или пак да ги внесете соодветните податоци од Ваучерот во соодветно поле на електронската продавница на нашите Партнери.
Доколку цената на избраните продукти е идентична со вредноста на Ваучерот, тогаш можете да ги купите и подигнете продуктите кај нашиот Партнер без парична доплата. Доколку цената на избраните продукти е повисока од вредноста на Ваучерот, тогаш можете да ги купите и подигнете продуктите кај нашиот Партнер со парична доплата на делот од цената што ја надминува вредноста на Ваучерот.
Ваучерот можете да го искористите само еднократно, односно не е дозволено повеќекратно користење и исцрпување на вредноста на Ваучерот. Доколку со Ваучерот купите продукти чија цена е пониска од вредноста на Ваучерот, немате право на впаричување на неискористениот дел од вредноста на ваучерот од ФитКит или Партнерот.
Пред искористување на вредносниот Ваучер за купување на продукти, Партнерот задолжително ќе ја провери валидноста на Ваучерот.
- ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
FitKit ги обработува личните податоци на Корисниците во согласност со законските прописи за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија односно Законот за заштита на личните податоци и подзаконските акти.
Категории на лични податоци кои се обработуваат:
- Податоци за идентификација: Име и презиме на корисникот, лична фотографија на корисникот, ЕМБГ на корисникот, број на лична карта на корисникот, адреса на живеалиште на корисникот.
- Податоци за користење на Апликацијата: е-маил адреса на корисникот, пол, датум на раѓање, локација на уредот од каде се користи Апликацијата.
FitKit е исклучив контролор на личните податоци кои Корисниците директно ги имаат споделено во апликацијата и се обврзува да не ги оддаде личните податоци на трети лица, освен во случаите како што е дефинирано во овие Услови.
FitKit е процесор на личните податоци кои Корисниците ги имаат споделено врз основ на Договор склучен со одредени соработници на FitKit, а ги користат услугите достапни во Апликацијата врз основ на взаемна согласност и договор. Како процесор на овие податоци FitKit се обврзува да не ги оддаде личните податоци на трети лица.
FitKit може да ги употреби податоците на Корисниците исклучиво за идентификување на корисниците при креирање на профил, за присилна наплата на долгови по основ на предвремено откажување на претплата согласно т.10 подоле, сопствени статистички цели, а со цел унапредување на искуството на Корисниците со користењето на апликацијата и за промотивни материјали исклучиво во контекст на користење на Апликацијата.
- АВТОРСКИ ПРАВА И ТРГОВСКА МАРКА
Апликацијата содржи заштитен материјал, авторски права, трговска марка, вклучувајќи ги, но не ограничувајќи се на текст, софтвер, слики, видео и графика. Се што се наоѓа на апликацијата е во ексклузивна сопственост на ФИТКИТ ИНТЕРНЕШНЕЛ ДОО е-маил: info@fitkit.app има авторско право над селекцијата, одбирање, координацијата или модификација на содржината, како и врз содржината која оригинално ја поседува апликацијата. ФИТКИТ ИНТЕРНЕШНЕЛ ДОО има авторско право над фотографиите кои се во нејзина сопственост, како што се фотографиите кои се фотографираат за целите на понудите.
Секое копирање, дистрибуирање, пренесување, модифицирање, учествување во продажба, поставување на линкови или на било кој начин користење на содржината од апликацијата, делумно или целосно без изречна писмена согласност од ФИТКИТ ИНТЕРНЕШНЕЛ ДОО е строго забрането.
Секое прекршување на оваа политика може да резултира со прекршоци на авторските права, трговската марка или друга интелектуална сопственост и може да го доведе крајниот корисник до водење на граѓански и/или кривични постапки.
FitKit логото е заштитена трговска марка на ФИТКИТ ИНТЕРНЕШНЕЛ ДОО. Сите права во однос на оваа марка се задржани. Доколку не е поинаку назначено, сите други трговски марки кои се појавуваат на FitKit се сопственост на Давателите на услуги.
- ПРЕДВРЕМЕНО ОТКАЖУВАЊЕ НА ПРЕТПЛАТА
Прифаќате, признавате и се согласувате дека вредносниот Ваучер претставува награда што ФитКит ви ја дава за одржување на активираната претплата за пакет на услуги согласно овие Услови во непрекинат период од 12 месеци. Оттука, Доколку предвремено ја откажете активираната претплата за пакет на услуги согласно овие Услови, односно пред истекот на 12 месеци, валидноста на вашиот вредносен ваучер ќе биде укината.
Доколку веќе сте го искористиле вашиот вредносен Ваучер делумно или целосно пред предвременото откажување на претплатата, имате обврска за целосно враќање на искористениот дел од вредноста на Ваучерот на ФитКит со цел обесштетување на ФитКит, Враќањето треба да го извршите по пат на уплата на паричен износ еднаков на искористениот дел од вредноста на Ваучерот преку банкарски трансфер на трансакциската сметка на ФитКит Интернешнел
200003821503560 или преку трансакција направена со вашата платежна картица преку Апликацијата. Уплатата треба да ја направите во рок од 15 дена од предвременото откажување на претплатата и добивањето на известување преку Апликацијата за обврската за плаќање.
Доколку корисникот доцни со уплатата на искористениот дел од вредноста на Ваучерот, ФитКит го задржува правот да покрене постапка за присилна наплата на долг пред надлежен орган, согласно закон.
- РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ И НАДЛЕЖНОСТ
Сите спорови кои можат да произлезат исклучиво во врска со употребата на апликацијата страните ќе се обидат да ги решат спогодбено или по пат на медијација. Во случај споровите да не можат да се решат спогодбено, надлежен суд ќе биде Основниот граѓански суд Скопје.
FitKit не е одговорен за било какви спорови кои може да настанат помеѓу Корисниците и Давателите на услугите.
За се што не е уредено со овие Услови на користење се применуваат важечките законски прописи во Република Северна Македонија.