Ана Фит e студио за аеробик, степ аеробик и пилатес во Прилеп, предводено од Александра Оровчанец, наша позната атлетичарка, репрезентативка и национална рекордерка во дисциплината 300 метри Steeplechase. 🏆
Денес, Александра со огромна љубов ги споделува своите навики за здрав и активен начин на живот преку тренинзи и програма за исхрана, трансформирајќи го менталното и физичкото здравје на многу нејзини вежбачи (онлајн и во живо).
Како мајка на 2 деца, таа е голем поборник дека родителите се тие коишто треба да им ја всадат на децата љубовта кон вежбањето. 💯
Затоа, Александра ги охрабрува родителите кога доаѓаат на вежбање, да ги понесат со себе и своите деца.
Или, пак, при онлајн часови, да им дозволат да бидат во иста просторија со нив, за да го гледаат родителот како вежба и тоа да им служи како позитивен пример.
На овој начин студиото Ана Фит го поддржува воведувањето на физичката активност уште од најрана возраст како битен сегмент во развојот на детето од неколку причини:
✅Овозможува здрав развој на коските и мускулите
✅Ја подобрува меморијата, концентрацијата и учењето
✅Помага во психичкиот и физички развој на детето
✅Го намалува ризикот од прекумера телесна тежина
✅Придонесува за подобар сон
✅ Ги подобрува социјалните вештини
Најчест изговор на мајките за да не дојдат на вежбање е: „Нема кој да ми ги чува децата!” Ако нема кој да ти ги чува децата за на вежбање, тогаш, дојди заедно со нив. За да нема повеќе изговори, отсега може да вежбате додека децата играат во тревата до вас.
Ана Фит е уште еден член на ФитКит фамилијата. 👩👧👧
Доколку сакаш и ти да бидеш дел од приказната на студиото Ана Фит и да вежбаш заедно со своето дете (онлајн или во живо), закажи си термин преку ФитКит апликацијата и посети го студото што се наоѓа на:
👣 улицата „Страшо Пинџур” број 14 во Прилеп
За да бидеш во тек со сите новости на Ана Фит:
📸 Следи ги на Инстаграм: @anafit.mk
👍 Пиши им на Фејсбук: Ana Fit
☎️ Јави се: 072 315 622
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог.
ФитКит е и платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.