Играњето тенис е неговата пасија како индивидуален спорт каде што сѐ зависи од самата личност. Тоа го мотивира постојано да биде во врвна физичка форма и 100% да се фокусира за секој добиен поен. 🎾
Запознајте го Мартин Митев, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋
Отсекогаш рекреативно сум практикувал различни спортови. Вежбањето ми помага да се чувствувам подобро, како физички така и психички. А благодарение на редовната физичка активност, успеав да намалам 10+ килограми.
That’s Life од Frank Sinatra е песната што најдобро ја доловува неговата фитнес рутина, што на неделно ниво изгледа вака:
Се трудам да имам околу 4 тренинзи неделно. Немам строг распоред по денови, но често го избегнувам понеделник заради избегнување на најголемата гужва. Започнувам со гради-трицепс, грб-бицепс и завршувам со нозе-рамо.
Склекови е вежбата што досега најмногу му донела резултат бидејќи е едноставна, може да се прави секаде и во секое време, а истовремено се активира целото тело. 💪
Првата активност што ја закажал преку ФитКит апликацијата е тренинг во Палестра. Од тогаш, тој ни е редовен корисник бидејќи ги искусува сите бенефити од вежбањето на своја кожа.
ФитКит нуди многу можности да се биде активен. Ти дава идеи за различен тип активности. Фит тело значи повеќе енергија и повеќе самодоверба, а со тоа и полесно функционирање во секојдневниот живот.
До крајот на 2024та година, Мартин ќе даде сѐ од себе за да стигне до посакуваната тежина. Би сакал да му даде шанса и на голфот како активност. 🏌️
Не се опседнувај со строги диети и ригорозни програми за вежбање. Едноставно, вежбај редовно и ќе видиш резултати!
За да дознаеш повеќе за Мартин:😎
👍 Додај го за пријател на Фејсбук: Martin Mitev
📸 Пиши му на Инстаграм: @martin_mit
🎯 Конектирај се на LinkedIn: Martin Mitev
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог.
ФитКит е и платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.