Спортски Центар Борис Трајковски

СЦ Борис Трајковски

Во рамки на Спортски Центар Борис Трајковски, се наоѓа мултифункционална спортска сала која е репрезентативен спортски објект на Македонија.

Во самиот комплекс се наоѓа и мала спортска сала која се користи за тренинзи и рекреација. Центарот располага и со ексклузивен фитнес и аеробик центар.

Како дел од фитнес центарот има и сауни за релаксација на вежбачите и студио за масажа.

Во состав на центарот е и реновираниот базен Карпош. Двата базени (мал и голем) се користат за рекреативци, пливачки и нуркачки клубови и натпревари (државни и меѓународни).

Центарот располага и со пинг-понг клуб кој е достапен за сите посетители.

Contact info

Activities