Учество на боди билдинг државни првенства три години по ред (2018, 2019 и 2020) и постигнати солидни резултати. Со вакви достигнувања може да се пофали само фитнес клубот Будо од Кавадарци. 🙌
Еве кои се дисциплините што ги имаш на располагање во фитнес клубот Будо:
✅ Функционален тренинг
✅ Фитнес
✅ Кардио
✅ Crossfit
Пандемијата од корен им го променила распоредот на вежбање, но тимот на Будо бргу се адаптирале. 😷
Доаѓање порано на работа, дезинфицирање по 4 пати на ден, проветрување на просторот и пребришување на справите со дезинфекциони средства, задолжително закажување на термини и почитување на времето за вежбање на секоја група поединечно, се само дел од активностите што се спроведуваат секојдневно по повторното отворање на студиото.
Александар Ристовски, сопственик на студиото, објаснува каква е сегашната процедура за вежбање во студиото на Будо Фит: 👇
Фитнес клубот Будо располага со капацитет од 350 м2 површина каде по самите протоколи ние имаме капацитет да примиме 35 вежбачи, односно на секој вежбач му следуваат по 10 м2. Но, и покрај големата површина и самата ситуација, не се дозволува вежбање во фитнесот на повеќе од 25 вежбачи во истиот термин. Гледаме што е можно повеќе да се избегнува користењето на соблекувалните и подолго задржување во истите. Поради зголемување на обврските на вработените, принудени сме да ангажираме дополнителна служба која ќе го врши дезинфицирањето во самиот фитнес центар.
Под мотото Фитнесот е решение за многу здравствени проблеми, од тимот на Будо Фит остануваат оптимисти. 💪
Се надеваме дека нема да не’ затворат повторно. Ќе продолжиме со позитивната енергија и давањето на совети на вежбачите, како сите полесно да ја пребродиме оваа пандемија преку вежбање и здрави навики. Затоа, апелираме до вежбачите да ги запазуваат мерките и протоколите дадени од самиот фитнес и од здравствената комисија за заразни болести.
А за да бидеш дел од успешниот тим на фитнец центарот Будо:
👉 Посети го нивното студио на улица „Западен Булевар” број 1 во Кавадарци
👉 Следи ги на Инста — @fitessclubbudo
👉 Пиши им на Фејсбук — Fitness Club BUDO Kavadarci
Кавадарчани, време е за акција! Се гледаме во сала! 😎
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.