ФитКит инспирација: Ангела Дончева од Струмица
Ќе ја сретнеш како вежба во едно од најпопуларните фитнес студија во Струмица — Pulse Fit, од глава до петици облечена во нејзината омилена боја — црна.
Најчесто ќе ја видиш како вежба со партнер поради, како што вели, физичката и психичка поддршка што си ја разменуваат.
Запознај ја Ангела Дончева од Струмица, нашата ФитКит инспирација на неделата. 👋
Омилена активност веќе две години ми е фитнесот, а сето тоа го започнав поради две причини. Едната беше да си ја вратам килажата и кондицијата која ми беше изгубена поради здравствени причини, а втората беше мојот тренер и другар Софија Манчева. Во неделата вежбам 3–4 пати. Тоа најчесто се случува од 18–20h и мојот тренинг трае 1ипол саат.
Иако додека вежба, често ја прашуваат „Не те мрзи?!”, Ангела си останува доследна на својата цел — да качи мускулна маса уште 3–4 кг и да си го обликува телото од соништата.
Нејзината инспирација е Katarina Perunicic.
Луѓето немаат континуитет за вежбање бидејќи се мрзливи и подобро им е да седат во некое кафуле, одколку да инвестираат време во своето здравје. 😳 Еј луѓенца, нема цел живот да сме млади!
Затворањето на фитнес центрите воопшто не влијаеше врз фитнес рутината на Ангела.
Таа си продолжила да вежба по 3 пати неделно дома користејќи ластици и ранец полн со книги. 😁
Онлајн вежбањето се покажа како реално многу поефикасно, брзо, особено за луѓе — workaholic. А за среќа, од ФитКит ми стигнуваше нотификација да ме потсети дека и јас треба да вежбам.
A eве како Ангела си ја прилагодува фитнес рутината со пандемијава: 👇
Готвење, вежбање, одгледување цвеќиња, DIY проекти, читање книги. And that’s it! Live. Love. Pray. 🙏 ❤️
За Ангела, исхраната е најважната состојка за здрав и активен живот. Затоа кога вежба, не користи суплементи, туку се што внесува е на природна база.
Ниту еден нејзин оброк не поминува без зеленчук. Честопати умее да се награди и со по некој ред чоколадо (иако се труди да го сведе благото на минимум). 😋
Во слободно време сака да планинари и вози mountain bike. Затоа, ако сакаш да бидеш сведок на нејзините несекојдневни авантури, слободно заследи ја на Инста @donch.a.
Btw. She is free and happy! 😜
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.