Билјана Ристовски — личен тренер кај тебе дома

Моето име е Билјана и работам како фитнес тренер и стјуардеса, а исто така студирам политички науки (меѓународни односи и дипломатија).

Докажувам и цврсто тврдам дека со голема желба и амбиција, менаџментот на времето може да се достигне со цел да се реализирате на повеќе полиња.

Не сакам изговори, затоа што истите највеќе не оддалечуваат од целта.

Фитнесот е многу благодарен спорт и неизбежен е фактот дека Вашето вложување (дисциплина, упорност и трпеливост) е правопропорционален со Вашиот прогрес.

Мојата прва физичка трансформација ја достигнав пред 4 години. Напорната работа на мојот mindset и огромната желба да направам вистинска и видлива промена кај себе ми служеа како алатки низ целиот процес.

Откако ќе разберете дека со промена на Вашите секојдневни навики придонесувате за тоа, многу поубаво и попријатно ќе се чувствувате во своја кожа. Ќе се навлечете на овој начин на живот! Најосновно, би ги истакнала бенефициите на здравствен план.

Како дел од фитнес индустријата, ќе се потрудам мојата желба за овој спорт и искуство да Ви го пренесам и Вам преку моите тренинзи и програми. Нудам повеќе опции, со цел да ги минимизираме изговорите за не-вежбање!

  • Онлајн тренинзи од дома или на отворено (групни/индивидуални);
  • Персонални тренинзи 1:1;
  • Групни тренинзи во сала, со дистанца;
  • Индивидуални режими на исхрана, според Вашата цел и потреби.

Повелете во сабота (31.10) на бесплатен онлајн тренинг со мене, од дома! Ќе се дружиме на еден убав, продуктивен начин. Спремете се за многу позитивна енергија и тренинг што ќе Ви остане во сеќавање!

Термините за оваа сабота се 12:30 на следниов линк и во 18:00 на овој линк.

Се гледаме на вежбање!


ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.