Бобан од Fit Club Phoenix: Се трудиме да обезбедиме повеќе опции за сите оние кои сакаат да…

Како вежбачите да останат мотивирани, како да се организираат онлајн тренинзите и како да не се дозволи недостатокот на опрема и сала да биде оправдување, oва беа најголемите предизвици периодов за кумановскиот Fit Club Phoenix. 😷

Сепак, благодарение на одличниот тимски дух и флексибилни вежбачи, студиото повторно ги отвори вратите за сите оние кои што едвај чекаа да се вратат во сала.

Бобан Панзевски, основач на Fit Club Phoenix ја објаснува процедурата за вежбање во студиото за време на пандемија: 👇

Целиот процес е во рамки на препораките, со строго почитување на истите. Бројот на членови во сала е намален, за да се обезбеди минималната дистанца, се доврши дезинфекција постојано, се мери температура на влез и слично. Значи најпрвин се чека дозвола за влез во салата, па се мери температура, потоа секој член си бира позиција, за да се обезбеди дистанца. Потоа, по завршување на тренинзите се врши дезинфекција на опремата и се врши вентилација на целиот простор пред да дојде наредната група. Знаеме дека се што правиме е за наше добро!

И распоредот за вежбање претрпел драстични промени, но тимот успешно се адаптираше воведувајќи вежбање во сала и онлајн програма со тренинзи во живо, со опција за нивно гледање и подоцна. 💪

Веќе имплементираме дел од промените што ни ги наметнаа здравствените препораки. Нашата онлајн програма функционира и понатаму, се трудиме да обезбедиме повеќе опции за сите оние кои сакаат да останат активни. 🙌

Без разлика дали ќе вежбаш во сала или онлајн, ова се дисциплините што ги имаш на располагање:

  • Функционален тренинг
  • Кардио

Од Fit Club Phoenix со апел:

Бидете сплотени, умни и секогаш активни!

Доколку сакаш да бидеш дел од тимот на Fit Club Phoenix, посети го нивното студио на улицата “Народна Револуција” број 56 во Куманово.

За да добиеш повеќе детали за студиото и распоредите, следи ги на Инста @futclubphoenix или пиши им на Фејсбук Fit Club Phoenix.

Кумановци, време е за акција! Се гледаме во сала или онлајн! 😎


ФитКит лого

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.