Боречки вештини: Дисциплина за мажи или за жени?

Ивица Алексовски од центарот за боречки вештини Stongest

Дали сметаш дека луѓето тренираат боречки вештини за да се одбранат во случај на опасност или едноставно да учествуваат во натпревари?

Не е баш така. Боречките вештини се многу повеќе од одбрана или победа на натпревар. Тие се едно од најдобрите средства за контролирање на умот и телото, зајакнување на самодовербата и ослободување од стресот. 🏆

Боречки вештини се систем на кодифицирани вежби и традиции на борба со цел, физички да победат друго лице, или за лична победа. Името боречки вештини произлегува од уметноста на војувањето од 15 век.

Уште од самото постоење на цивилизацијата, во различни култури и различни времиња, луѓето се бореле еден против друг. Сепак, фокусот на сите боречки вештини и денес остануваат исти — психичката дисциплина и максимална просветеност. 💯

Ивица Алексовски од центарот за боречки вештини Stongest

Ивица Алексовски од центарот за боречки вештини Stongest ни објаснува каква е заинтересираноста во земјава за боречките вештини во споредба со остатокот од светот.

Може да се каже дека заинтересираноста кај нас е доста голема и не заостануваме во споредба со остатокот од светот. Денес сите сме свесни дека училиштата веќе не се оној главен воспитувачки елемент во општеството, се повеќе родители сакаат да ги запишат своите деца во клубовите за боречки вештини токму поради дисциплината која владее, респектот кон постарите и повисоките појаси и хигиента.

Ивица Алексовски од центарот за боречки вештини Stongest

Како што вели Ивица, со право боречките вештини се еден од напопуларните дисциплини во земјава.

Еве дел од нивните придобивки што не можеш да ги игнорираш:

Физички придобивки

✅ Го зајакнуваат горниот дел од телото, нозете, грбот и стомачните мускули;

✅ Ти го покачува нивото на енергија и физичка кондиција;

✅ Tе мотивира да се откажеш од лошите навики во животот за да постигнеш подобри резултати.

Психички придобивки

✅ Подобра концентрација и фокус на целта;

✅ Поголема контрола над својот ум и самодисциплина;

✅ Потези што можеш да ги искористиш во случај на опасност и самодобрана;

✅ Ќе те научи на почит кон противникот и фер борба само со оние кои се рамни на себе, а не малтретирање на послабите;

✅ Ќе те научи дека не постојат тешки и несовладливи противници.

Според Ивица, популарноста на боречките вештини може да се зголеми и подобри на следниот начин:

Треба да се обезбедат услови за квалитетен тренинг, а тоа се квалитетни и модерни сали во кои ќе имаме комплет опрема за изведување на квалитетни тренизни. Треба да се популаризираат боречките вештини на социјалните медиуми од страна на државата и општините, бидејќи со ова ќе допринесеме за здрава и одговорна младина. Да се инвестира повеќе во овој сегмент од општеството затоа што знаеме дека клубовите (фудбал, кошарка, ракомет) каде што се вложува најмногу, не може да се мерат со дисциплината и останатите карактеристики со кои се одликуваат клубовите за боречки вештини.

Драгана Андреевска од Fierce Fitness

Сепак, се уште се присутни стереотипите дека борењето било само за мажи. 😒

Драгана Андреевска од Fierce Fitness, вели дека стереотипите за “машки” и “женски” тренинзи време е да се стават на страна, затоа што никогаш нема да знаеш во што најмногу ќе се пронајдеш и што најмногу ќе ти лежи како физичка активност додека едноставно не пробаш. 💪

Вежбањето и рекреативните спортови се апсолутно за секого и воопшто не гледам логика во тоа зошто еден тип на активност би бил повеќе за мажи отколку за жени. Тоа е исто како кога некоја девојка да се пронаоѓа повеќе во фитнес во теретана, а помалку во пилатес, или маж да се пронајде себеси повеќе во аеробик во споредба со кросфит тренинг. Исто е и со боречките вештини. Некои девојки имаат потреба од подинамичен тренинг кој никогаш не е ист, а при тоа и да научат некоја нова техника како што е борење.

Драгана Андреевска од Fierce Fitness

Ако те мотивиравме да ја пробаш оваа дисциплина, отвори ја ФитКит апликацијата и разгледај ги тренинзите што ги имаш на располагање под категоријата ‘боречки вештини’.

Ти гарантираме дека ќе пронајдеш нешто што ќе ти фати око. 😉


ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.