ФитКит инспирација: Елеонора Димковска од Битола
Запознај ја Елеонора од Битола (Нора), нашата ФитКит инспирација на неделата. Гимнастиката е нејзината најголема љубов, a за прв пат стапнала во сала благодарение на дедо ѝ.
Oткако пораснала, сфатила колкава е важноста на вежбањето како за здравјето, така и за изгледот. Особено ѝ се допаѓа чувството на исполнетост што го има откако ќе се изнавежба добро. 💪
Нора вели дека кризата со Ковид -19 не ѝ го разнишала ритуалот за вежбање, туку напротив — ова ја мотивирало да вежба уште поинтензивно.
Нејзина рутина: вежбање 5 пати во неделата, 3 пати по 2 часа.
Тајната на Нора да се остане фит за време на карантин? Повеќе време на планина, помалку пред телефон! ❌
Искрено, почнав повеќе да спротувам. Комбинирав вежбање по дома и во природа. Почнав да планинарам редовно, а и возев велосипед. Досадата ме мотивираше да вежбам по дома. Наместо да седам на телефон — практикувам некоја активност. Не ми треба интернет и социјални мрежи за да се мотивирам, едноставно тоа ми е секојдневна рутина и ме исполнува.
Од активнот фитнес живот што го имала пред епидемијата, Нора вели дека најмногу ѝ недостига салата за гимнастика со сите позитивни луѓе што таму вежбаат.
Сепак, како ученик во битолската гимназија „Јосип Броз Тито”, таа смета дека карантинот добро ѝ дошол за да се одмори малку и да се фокусира на себе.
По дома си вежбала сама, најчесто користејќи греда за гимнастика.
Нејзината најголема инпирација е добро познатиот битолски гимнастичар:
Најголема инспирација ми е Иван Крстевски постар гимнастичар од Битола. Тој воедно ми е тренер, другар, постар брат. Накратко кажано — со него израснав и целата мотивација која ја добивам можам да кажам дека ми е токму од него. 👑
Стој на раце, ѕвезди без раце, чучњеви, склекови, салта и слично се само дел од вежбите што и помогнале да остане фит и да го одржува ритуалот за вежбање и за време на пандемијата.
Нора не сака да слуша музика додека вежба, бидејќи смета дека песните ја деконцентрираат, особено кога вежба на греда.
Луѓето многу често ме прашуват дали и тие би можеле да бидат гимнастичари/ки иако се високи по 180, се смее таа.😁
Нашата ФитКит инспирација е од оние луѓе чија што конзистентост за вежбање е за пофалба. Таа вели дека нејзините навики за спортување не се менуваат со годишните времиња, а нејзината упорност останува во текот на целата година.
Не сака баш да вежба по теретани, а кредитите од ФитКит апликацијата ги користи за релаксација.
Сепак, како секој од нас и Нора си има мал, сладок порок:
Исхраната е прилично многу важна за вежбањето, ама да бидам реална — не внимавам баш! Не можам да живеам без благо, особено без Милка чоколадо. 🍫 По вежбање често се опуштам со када полна со сапуница и Милка чоколадо (ама тоа нека остане тајна).
Нора можеш да ја најдеш на нејзиниот Instagram профил @eleonoradimkovska. Таму ќе можеш да уживаш во нејзините слики од шетањата низ Европа и да размениш искуства (особено ако си фан на гимнастика како неа).😍
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.