Вежбање со детето како најдобра семејна активност

Ерата на компјутерите и часовите поминати пред компјутер го земаат најголемиот данок — здравјето на нашите деца.

Колку повеќе им се дозволува на децата да седат пред компјутер, да играат игри на мобилните уреди или да гледаат телевизија, толку повеќе расте бројот на деца со деформитети на ‘рбетниот столб и прекумерна тежина.

Истражувањата покажуваат дека децата кои што повеќе од 3 часа дневно се пред електронските уреди, имаат двојно поголем ризик да се здебелат и да добијат искривување на ‘рбетот.

Како да се спречи ова?

Со воведување на физичката активност уште од најрана возраст како битен сегмент во развојот на детето од неколку причини:

  • Помага во психичкиот и физички развој на детето
  • Го намалува ризикот од прекумера телесна тежина
  • Овозможува здрав развој на коските и мускулите
  • Ја подобрува меморијата, концентрацијата и учењето
  • Ги подобрува социјалните вештини
  • Придонесува за подобар сон

Колку вежбање му е потребно на твоето дете?

Најмалку 60 минути дневно, велат педијатрите.

Сепак, доколку твоето дете не е физички активно и не покажува голем интерес за вежбање или спорт, твоја должност е да го поттикнеш како родител.

Разбуди го спортскиот дух кај детето со тоа што ќе му покажеш дека физичката активност може да биде многу забавна.

За таа цел, како дел од иницијативата #ВежбамОдДома — за најмалите, тимот на ФитКит организира бесплатни онлајн тренинзи и за најмалите .

Детските тренинзи се достапни на нашите Instagram и Facebook профили секој работен ден од 11 часот наутро.

А еве како изгледа еден ФитКит тренинг за деца:

https://www.facebook.com/fitkitmk/videos/643628733070025/

Детето под рака, шишето вода до вас и Ви ветуваме многу забава!

Остани здрав и фит,

Тимот на ФитКит


ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, во над 150 локации во земјава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.