Сите знаеме дека без болка нема фитнес резултати, но постои и лимит за тоа колку пати можеш да кажеш „ауч“ дoдека вежбаш, пред да се здобиеш со посериозни последници.
Како да знаеш кога е премногу?
Најлесен начин како да разликуваш обична болка во мускулите од вистинска повреда која може да прерасне во сериозна проблем е следниов: ако болката го менува начинот на кој што се движиш и истата ја чувствуваш во коските или во мекото ткиво — ова е аларм за нездрава болка.
Ако при кардио тренинг, зглобот на коленото ти го менува начинот на кој што вежбаш или, пак болките во рамото го менуваат начинот на кој што ги креваш теговите, тогаш време е да застанеш пред ситуацијата да се влоши уште повеќе.
Крени го црвеното знаме, доколку чувствуваш вртоглавица за време на вежбање.
Ако си од оние што не сакаат да пропуштат тренинг, иако ги боли одреден дел од телото, имај на ум дека, ако не закрепнеш навреме, таа болка ќе стане се посилна.
Секако, не сите имаме иста толеранција на болка. Таа најчесто е одредена од генетските фактори или околината.
Сепак, со оглед на тоа дека жените подобро се справуваат со болка, токму тие продолжуваат да вежбаат и по здобивање на повреда, ризикувајќи дополнително влошување на состојбата.
Од што се јавуваат најчестите повреди од вежбање?
Погрешно или претерано вежбање!
Една истегната тетива може да стане искината тетива, а еден повреден мускул може да прерасне во потенцијал за оштетување на коска.
Зошто да дојде до тоа?
Внимавај на знаците што ти ги дава телото и што е најважно — послушај ги!
Да си дадеш одмор од фитнес рутината не значи дека си слабак, туку доказ дека се грижиш за твоето тело.
Искористи го овој период кога сите фитнес центри се затворени и дај си го одморот што го заслужуваш. Твоето тело ќе ти биде благодарно. 🙂
За побргу да закрепнеш и да се вратиш во сала, можеш да пробаш корективни вежби.
Еве неколку видеа со корективни вежби што ќе ти помогнат полесно да ги надминеш повредите на вратот, рамењата и колената.
За врат
За рамења
За колена
Но, доколку сакаш да вежбаш со експерт, ти најавуваме дека утре (четврток — 19ти март) гостин во #ВежбамОдДома ќе ни биде Дијана Шивачев, експерт по кинезологија.
Таа ќе ти покаже практични корективни вежби што можеш да ги правиш од комфорот на твојот дом користејќи само стол и ѕид.
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, во над 150 локации во земјава.
Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.
Остани здрав и фит,
Тимот на ФитКит