Единствено доколку не постои медицински проблем или некаква посериозна повреда, тогаш прашањето дали ти треба не мора повеќе да си го поставуваш. Можеби не ти треба, но дефинитивно ќе ти стане потреба кога ќе ги дознаеш и искусиш бенефитите и ефектите од практикување на оваа дисциплина.
Јогата е древна форма на вежбање што се практикува низ светот, а докажано e дека ја подобрува општата здравствена состојба. Еден типичен час по јога значи глатка транзиција низ вежбите/ставовите што ја подобруваат флексибилноста и силата, со фокус на дишењето и духовното. Смирувањето на мозокот ќе биде честа тема на дискусија од страна на инструкторот во текот на часот.
Повеќе информации за тоа од каде да почнеш и кои типови на јога најмногу ќе ти прилегаат кликни на овој линк.