Драгана е сопственик и фитнес тренер на FITLIFE студио кое е специјализирано студио за Аеробик, Пилатес и Јога во Скопје.
Има дипломирани и магистрирано на Фармацевтскиот факултет во Скопје во 2015-та година. Во 2017-та година се реализираше и започна нејзината вистинска љубов и приказна, кога го основа FITLIFE. Таа е фитнес тренер за Аеробик, Пилатес и Пилатес за трудници. Исто така и главен уредник и основач на сајтот www.fitlife.com.mk каде може да најдеш безброј рецепти за подготовка на брзи и здрави оброци, многу совети за исхрана за здравје и за убавина.
Сакајќи да си го заокружи своето знаење и експертиза во областа на храната и нутриционизмот, во 2018-та година се запиша и на магистерски студии по Диететика и Диетотерпија исто така на Фармацевтскиот факултет во Скопје.
Со Драгана ќе имаш можност да добиеш целосна поддршка во патот до промена на животниот стил. Ќе добиеш тренинзи кои го активираат целото тело и сите мускули пропорционално. Со еден час вежбање ќе потрошиш во просек од 500 до 600 калории, а доказ дека добро си извежбал ќе биде слатката болка во мускулите следниот ден и тоа болка во оние мали мускулчиња кои не ни знаеш дека постојат. Комбинација на пилатес движења и кардио елементи заедно со длабоки истегнување е нејзината равенка за добар тренинг.
Доколку се одлучиш да работиш со Драгана ќе добиеш и персонализран план за исхрана со промотивен попуст од 10% кој ќе биде креиран согласно твоите индивидуални потреби и цели. Ти одлучи, а јас ќе те поддржам.
Процесот е следен:
- Соберете се минимум 5 луѓе, или пријави се па ние ќе ти најдеме група.
- Пријавете се овде и кажете кое време најмногу ви одговара.
- За повеќе прашања пиши ни на info@fitkit.app или искомуницирај не на нашите профили на Instagram или Facebook.
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.