Елисавета од Битола: Не е важно од каде ќе вежбаш, туку квалитетот на тренингот!

Незапирлива и секогаш подготвена за акција — запознај ја Елисавета Димовска, фитнес инструктор во битолскиот Universal O2 Fitness Center.

Со онлајн Crossfit и високо интензивни (HIIT) тренинзи започнала пред повеќе од месец дена користејќи ја платформата Zoom поради нејзината практичност и едноставно сетирање на тренинг. Ги охрабрува своите колеги да го следат нејзиниот пример. 🙌

-Моите колеги тренери треба да започнат и да не се грижат за банални работи како и од каде би го извеле тоа, осветлување и слично. Нашите клиенти знаат дека немаме професионално студио за снимање и мислам дека на оној кој сака да тренира не му менува од каде снимате и како тоа изгледа. Нашите клиенти се најважни во ова сценарио и квалитетот на нивниот тренинг доаѓа од Вас.

На почетокот, Елисавета сметала дека онлајн вежбањето нема да наиде на интерес кај вежбачите, но она што се случило ја изненадило позитивно.

-Сметав дека вежбањето нема да е прифатено од моите клиенти и нема да успеам да ги задржам, дека можеби немаат иста вредност тренинзите за нив што би се одразило на тоа да не сакаат да го продолжат членството. Бев загрижена на почетокот и за тоа од каде ќе ги одржувам тренинзите, позадина, осветлување и сл. Потоа сфатив дека тоа е небитно. Друг страв кој го имав е тоа што не знаев колку е одржливо на долг рок, па бев позитивно изненадена од feedback од клиентите кои сѐ уште останаа со мене.

Дел од вежбачите дури предложиле и да се продолжи со онлајн тренинзи и по отворањето на салите.

-Може да тренираат повеќе луѓе во ист термин од што е возможно во сала. Во време како ова, сигурна сум дека им носи голема вредност оваа услуга на сите кои тренираат онлајн и им го подобрува секојдневието. Она што го забележав лично кај некои од моите клиенти (оние кои се поинтровертни) постигнуваат многу подобар резултат во вежби кога тренираат сами дома и не ги гледа никој. Друго, неколку ми предложија да ова продолжи и по отворање на сала, бидејќи им одзема помалку време.

Додека Елисавета ги промовира онлајн тренинзите преку својот Фејсбук и Инстаграм профил, таа ја користи ФитКит апликацијата за да привлече уште поголем број на вежбачи за нејзините онлајн часови.

А еве која е тајната за големиот интерес за онлајн часовите на Елисавета:

-Се обидувам да сум креативна. Сме немале ист тренинг. Им креирам предизвици, се натпреваруваат меѓусебно за време на тренинг. Ова го правам и во сала секако, се обидувам да се поставам на нивно место и за време на тренинг им го зборувам она што мене би ме мотовирало да продолжам да вежбам и да дадам сѐ од себе. Им оставам и слободно време помеѓу вежби и загревање за дружење, зборување, смеење — сметам дека е важен дел од формирање заедница и нејзино одржување. Можеби дел од нив се вклучуваат и поради таа дружба која ја имавме во сала 😊.

За да бидеш дел од овие онлајн тренинзите посети го жолтото копче на Елисавета и подготви се да потрошиш стотици калории! 💪


ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.