Земи пријател на вежбање: 5 начини да убедиш некого да ти се придружи

Ако си дошол до оваа статија, тоа значи дека си свесен за важноста на вежбањето и знаеш дека треба да си физички активен. Но, сега е време да го пренесеш тоа знаење и да ги мотивираш пријателите и фамилијата да влезат во акција. Бенефитите од континуираното практикување на здрав и активен начин на живот се секогаш видиливи за околината. Доказ за тоа се твојата енергија, сјајот на кожата, физичкиот изглед и самодовербата. Но, многу често твоите блиски имаат аверзија кон вежбање и сметаат дека они немаат време или ресурси за да бидат како тебе. Затоа постојат некои дополнителни убедувачки тактики кои ќе ти ги поткажам за да ги употребиш :).

Многу е важен тајмингот

Потруди се’ веднаш после вежбање да искомуницираш со некој твој пријател или близок. Темпирај го кафето или телефонскиот повик веднаш после вежбање, не е можно да не ја примети твојата свежина и позитивна енергија. Тоа е моментот за да го поканиш да ти прави друштво следниот пат. Не секогаш ќе профункционира од прва, но не се откажувај. Се работи за твој близок!

Вежбањето може да биде терапевтско

Биди му пријател на некој што во моментов поминува низ стресен период. Предложи му да се прошетате, да одите на планинарење или пливање и да ти раскаже што се случува. Биди желен да го ислушаш — но не да го сожалуваш! Не е можно да не го осети будењето на “позитивните” хормони, плус чувството дека некој му посветува внимание и сака да го слушне. Секогаш ќе го памети тој позитивен ден и секогаш ќе ја прифаќа твојата покана за истата рутина. И така ќе му влезе во навика да има некаква активност.

Биди мотивацијата

Тука јас знам да потфрлам 🙁 Многу често ме понесува радост и ентузијазам кога ќе “навлечам” некого на вежбање и менување навики, па заборавам да го задржам мојот личен моментум. Затоа вежбањето со друг, особено во група на луѓе кои лично јас сум ги “инфицирал” 🙂 ми прави да го држам својот личен моментум, да не заборавам да бидам активен, да доаѓам секогаш прв и да бидам присутен до крај. Тоа ти е најдобрата можна стратегија и win win ситуација. Ти го држиш својот моментум и истовремено помагаш на луѓе кои ги сакаш.

Сподели ја твојата лична приказна и цели

Ова ти го кажувам од лично искуство. Често кога ќе направиш некаква промена во животот, а во случајов зборуваме за инволвирање во поздрав и активен живот нема да наидеш на целосно разбирање од најблиските. Можеби ќе слушнеш совети како следниве: “ај не се глупирај”, “внимавај да не се исповредиш, од каде знаеш ти тоа”, “и што ќе ти се сега тие прашкови”. Во овие ситуации, не скокај и не се расправај туку напротив искористи ги да раскажеш зошто го правиш ова, што те натерало да превземеш акција за промени, кои се твоите цели. Повторно одлична можност да го поканиш истиот тој човек да ти се придружи и да си бидете партнери.

Биди фит и добро облечен/а

Нема ништо попривлечно од убава облека и опрема за вежбање. Замоли некој твој пријател да ти прави друштво за да си купиш облека. Веројатноста дека ќе му се допадне и купи некое парче спортска облека е голема. А што доаѓа после тоа? Епа после тоа доаѓа желбата да го стави тоа парче облека или патики на себе и да се сликне како вежба :).

Сите овие тактики функционираат и што е најважно колку и да наидуваш на моментално неприфаќање, не отстапувај да бидеш позитивен и да го споделуваш твојот ентузијазам за тоа што ти го правиш. Кога ќе успееш да “навлечеш” барем еден близок со тебе и кога тој/таа ќе ги почувствува бенефитите од здравиот и активниот живот тоа ќе биде видливо и за останиот дел од друштвото, пријателите и фамилијата. И така полека ќе се направи заедница од луѓе што ги сакаш. И не заборавај истото да го правиш и со исхраната ;).

Ако можеби па ти сеуште си “сам на себе” или сакаш да бидеш во заедница, или си на почеток во светот на здрав и активен живот придружи се во нашата позитивна и пријателска ФитКафана

Ако ти се допадна ова што го читаше ќе ни значи да стиснеш на аплаузот 👏 и можеби да ја препорачаш статијава некому на кого му е потребна.

-Јосиф