Зошто секој што работи пред компјутер треба да проба киропрактика?

https://unsplash.com/@aggergakker

Ако работата ти е пред компјутер и често се жалиш на болки во вратот и грбот, можеби треба да и дадеш шанса на киропрактиката.

Што е киропрактика?

Техника на манипулација или ротација на рбетен столб што на природен и безбеден начин ќе ти го подобри виталниот статус на твојот организам.

Иако на овие простори овој треман не е толку познат, сепак ова е голем тренд помеѓу ИТ професионалците низ светот. Поради влијанието врз ‘рбетот што го има постојаното седење пред компјутер, тие ја користат киропрактиката за успешно да се излекуваат од дискусхернија, спондилоза, кифоза, сколиоза и друго.

За бенефитите од оваа техника на масажа се консултиравме со Давор, квалификуван стручњак — масажер по киропрактика кој веќе цела деценија во студиото Давор на природен начин го подобрува здравјето на своите клиенти.

-Киропрактиката е техника која што може да замени хируршка интервенција на ‘рбетен столб. Освен проблеми со вратот и грбот, со киропрактика може да се залечат и главоболка, вртоглавица, зуење во ушите, трнење на рацете и нозе, тешко дишење, проблеми со желудникот, подуеност, гасови и болки во стомакот, болни јајчници и друго, ни објасни Давор.

Луѓето по природа се скептици кога станува збор за пробување нови нешта. Сепак, според Давор, ова е навистина едноставен, но многу ефективен третман што особено се препорачува за луѓе што работат пред комјутер.

-По дваесетата година од животот се појавуваат дегенеративни промени на ‘рбетниот столб. Затоа, медицинската масажа може да се користи и превентивно за циркулација и одржување на телото во здрава кондиција. Кај здрави луѓе се препорачува киропрактика еднаш до два пати во месецот. Кај луѓето со дијагноза и болки во вратот или грбот како последица на професија поврзана со долго седење пред компјутер и мала физичка активност, оваа масажа се препорачува еднаш до три пати во неделата.

Давор ни објасни како изгледа еден третман со киропрактика.

– Киропрактиката може да ја извршува само сертифицирано медицинско лице кое работи на ротација на ‘рбетен столб. Пред да се започне со третманот, потребно е претходно да се направи преглед за да се утврди точната дијагноза. Инаку, за третманот, телото треба да биде сосема опуштено. Затоа, претходно се прави загревање со масажа. При третманот, се прави ротација на лумбалниот дел од лево према десно и обратно. Се работи и на ротација на цервикалниит дел на вратот. На торакалниот дел се врши притисок во три позиции и за крај имаме истегнување на екстремитети. Третманот трае од 20 до 30 минути (два до три пати неделно). По масажата, болките во телото ќе исчезнат, а телото ќе биде поисправено. Секако, за комплетен ефект, потребни се повеќе третмани.

Киропрактиката е дел од масажите што можеш да ги закажеш преку ФитКит.


ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, во над 150 локации во земјава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Симни ја, закажи си термин, посети некоја од нашите локации и пиши ни како си поминал/а. 🙂