Ивана од PowerHouse Pilates: Без разлика од каде тренираш, целта на вежбањето е иста!

PowerHouse pilates workout

-Tреба да си креативен и да го задржиш темпото и квалитетот на тренинзите без користење на реквизитите што се користат во сала, вели Ивана Каратукова, инструктор во PowerHouse Pilates.

Таа пред месец дена се запознала со виртуелниот свет на онлајн вежбањето кога почнала со одржување тренинзи по Power Pilates преку платформата Zoom.

-Zoom има супер и стабилна конекција, видеото е взаемно и јас ги гледам нив додека вежбаат што ми е многу битно за да го следам нивниот прогрес во вежбањето.

Дали вежбачите ќе се прилагодат на новонастанатата ситуација бил најголемиот страв на Ивана кој успешно бил надминат откако тие покажале флексибилност и интерес за онлајн тренинзите на Ивана.

Zoom workout

-Вежбањето онлајн од дома има многу предности! Се намалува времето потребно за пристигнување и враќање од тренингот, и целиот тренинг се одвива во домашни услови. Вежбачите се прилагодуваат со тоа што користат импровизирани реквизити што можат да ги најдат во својот дом. Без разлика на просторот за вежбање, мотивацијата и целта се исти! 💪

Ивана ја користи ФитКит апликацијата за да го олесни закажувањето на онлајн тренинзите, а преку своите Instagram и Facebook профили ги мотивира вежбачите дека и тренингот од дома може да биде забавно искуство проследено со стотици потрошени калории.

-Мораме да бидеме инвентивни и прилагодливи на секоја ситуација, апелира Ивана. 😎

За да вежбаш Power Pilates со енергичната Ивана, закажи си онлјан тренинг со клик на жолтото копче на PowerHouse Pilates. Ќе ти бидат потребни само 2 кредити!


ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.