Ивица од The Strongest: Ќе им го дадеме најдоброто искуство на вежбачите под најповолни…

FitKit Provider — The Strongest Skopje

Под мотото “Only the strongest survive!”, центарот за боречки вештини The Strongest oд Скопје, докажа зошто веќе 25 години се еден од најистакнатите клубови во државата што на едно место ги обединува фитнесот и борчеките вештини. ✅

Разноликост на фитнес дисциплини погодни за секој вежбач, голем број на боречки вештини од врвни иструктори и тим кој не се откажува пред ниту една препрека скоро три децении се само дел од она што ќе го добиеш во The Strongest. 🙌

Еве кои точно се дисциплините што ги имаш на располагање:

  • Функционален тренинг
  • Фитнес
  • Кардио (Кик Аеробик за девојки)
  • Боречки вештини (Џит Кун До Стрит Фајт, ММА, Бразилска Џиу Џица, Кик бокс, Муаи Таи, борење)
  • Боречки вештини за деца
FitKit Provider — The Strongest Skopje — Ivica trener

Како што велат од студиото, на почетокот на пандемијата, стравот кај вежбачите бил очигледен, па за да ги заштитат своите лојални клиенти, одлучиле да го затворат студиото на неопределено време.

Вежбачите биле разочарани, но знаеле дека сето тоа се прави за нивно добро. 😷

Неколку месеци подоцна, центарот повторно ги отвори вратите за своите вежбачи, максимално придржувајќи се кон заштитните мерки и социјалната дистанца.

Со цел да се задржи ефектот на тренингот, а сепак да бидат испочитувани сите мерки, намален е капацитетот на вежбачи, хигиената е на највисоко ниво и постојано се врши дезинфекција на реквизити и просторијата. За среќа, распоредот не претрпе многу промени, објаснува Ивица Алексовски, тренер и еден од основачите на The Strongest.

Од The Strongest велат дека ќе продолжат да се адаптираат на секоја ситуација и да им го овозможат најдоброто фитнес искуство на клиентите под најповолни здравствени услови. 💪

FitKit Provider — The Strongest Skopje — trener Ivica

Она што ги прави The Strongest уникатни е тоа што покрај по мерка скроени бодибилдинг и фитнес тренинзи, овде можеш да ги научиш основните техники за борење, благодарејќи на искусни инструктори кои што се прваци во повеќе дисциплини и имаат голем број на победи и освоени медали во своето портфолио. 🏆

А во зависност од твоите потреби, можеш да си закажеш приватен тренинг и за многу кратко време да ја научиш боречката вештина што отсекогаш си посакувал/а да ја знаеш.

Доколку сакаш да бидеш дел од тимот на The Strongest, посети го нивното студио на улицата “Емил Зола” број 10A во општината Кисела Вода во Скопје.

FitKit Provider — The Strongest Skopje shop

За повеќе информации и детали околу распоредот на студиото: 👇

Дечки време е да ја исфрлиме негативната енергија. ⏰ Се гледаме во сала!


FitKit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.