Како да го искористиш социјалното дистанцирање за да вложиш во себе?

Erik Mclean@introspectivedsgn

Одржувањето на социјалната дистанца умее да биде досадно и поразувачко искуство. Но, во време кога дистанцирање од сите аспекти на твојот живот надвор од дома е повеќе од неопходно, да го зграпчиме најдоброто од ситуацијата.

Секако, го имаш изборот да си седиш дома и да мизеруваш, прашувајќи се кога сето ова ќе заврши за повторно да му се вратиш на “нормалното” секојдневие. Или, пак, можеш да бидеш продуктивен/а и да го искористиш овој период во изолација за да поработиш на себеси — психички и физички.

Како да го извлечеш најдоброто од ситуацијата?

Еве ти неколку идеи како да го подобриш твоето ментално и физичко здравје за време на социјалното дистанцирање:

  1. Читај книги

Ако претходно си се жалел/а дека немаш време за читање, сега е време да престанеш со изговорите. Социјалното дистанцирање може ќе те спречи да се видиш со пријателите, но не и да прочиташ некоја добра книга која веќе со години ти фаќа прашина на полицата.

Иако не работат библиотеките ширум земјава, опцијата за електронско читање на книги ти е достапна како никогаш досега. Зграпчи ја можноста :).

2. Гледај едукативни програми

Не се сомневаме дека ќе ги изгледаш сите серии што ти се на списокот, но она што ќе го научиш од сериите ретко кога ќе ти се најде во реалноста.

Наместо тоа, за да биде уште покомпетентен/на на пазарот кога сето ова ќе биде готово, помеѓу маратоните со твојата омилена серија, погледај и по некој документарец или едукативна емисија.

Едукацијата е моќна алатка што умее да ти го смени погледот на светот. Зошто да не се обидеш?

Исто така, за да те оттргнеме од негативното влијание што вестите го имаат врз секој од нас, воведовме #ВежбамОдДома talk show. Секој работен ден почнувајќи од 9 часот наутро, ќе имаш можност да бидеш дел од предавања од експерти на широка лепеза од теми како ментален фитнес, спортска медицина, придобивките од трчањето, постигнување на целите и многу други теми.

Спреми си прашање и се гледаме во 9 часот на нашите Facebook и Instagram профили.

Доколку имаш идеја за тема или експерт кој што ќе сакаш да го гледаш како дел од #ВежбамОдДома talk show, пиши ни во инбокс :).

3. Медитирај

Најдобар начин за тоа како посмирено да ги поднесеш овие кризни периоди, а истовремено добро да се запознаеш себеси е да пробаш медитација.

Оваа дисциплина не само што ќе ти го отстрани целиот наталожен стрес, туку и ќе ти го даде потребното чувство на спокојност, мир и рамнотежа корисни за твојата емоционална состојба и здравје.

Практикување медитација по неколкупати дневно, ќе ти ја зголеми самосвеста, ќе те научи како да се справиш со стресот, како да ги намалиш негативните емоции и да се фокусираш на сегашноста. Идеално, нели?

4. Дружи се со домашните

Не се само празниците период кога треба да им се посветиш на твоите најблиски. Напротив, периодите на принудна домашна изолација се одлична можност за дружба со твоите сакани.

Разговарајте со часови, гответе заедно, вежбајте заедно, чистете заедно и ти ветуваме дека никогаш нема да ти биде досадно.

5. Вежбај онлајн

Калориите од домашните оброци нема сами да се стопат со седење на кауч, нели?

Затоа, вежбај и остани дома. Доколку немаш инспирација за вежби или те мрзи сам/а да си смислуваш, секој ден (освен недела) од 19 часот ти организиравме онлајн тренинзи со нашите најдобри фитнес инструктори што ќе можеш да ги следиш на нашите социјални профили.

За да им го направиме вежбањето забавно и за најмалите, започнуваме со #ВежбамОдДома тренинзи за децата што ќе можеш да ги следиш со твоето дете секој работен ден во 11 часот на нашите Facebook и Instagram платформи.

6.Размислувај за иднината

Првата половина од 2020-та година можеби и не ти испадна како што сакаше. Веруваме дека многу планови што си ги имал/a ти се срушиле како кула од карти. Но, тоа не значи дека треба да се помириш со реалноста.

Напротив, прегледај ги твоите цели за 2020 и направи ги неопходните промени за истите да соодветствуваат со реалната ситуација. А доколку се уште ја немаш креирано листата со твоите цели за 2020, сега ти е идеално време да го сториш тоа.

Биди флексибилен/а и не дозволувај твојот живот да наликува како брод без капетан, оставен на милост и немилост на тековната ситуација.

За крај, да се потсетиме дека по дождот секогаш доаѓа сонце!

Затоа, вложувај во себе и во рамките на својот дом и ние ти гарантираме дека кога кризата ќе заврши, ќе бидеш повеќе од подготвен/а да се впуштиш во авантурите на секојдневието.

Остани здрав и фит,
Тимот на ФитКит


ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, во над 150 локации во земјава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.