Како да се справиш со најчестите поплаки во твоето студио?

voPhoto credits: https://unsplash.com/@sulemakaroglu

Не сите вежбачи ќе си заминат среќни по тренинг. Некои ќе се наполнат со позитивна енергија, а други ќе шират критики за услугата во твоето студио. 😟

Колку и да се обидуваш да му угодиш на секој вежбач, секогаш ќе има поплаки. Најважно е негативните коментари да не ги надминат убавите зборови.

Овој текст ќе ти покаже како да се справиш со најчестите поплаки што ги добиваш од клиентите и да ги свртиш во твоја полза. Сепак станува збор за твојата репутација, a со тоа нема играње.

За среќа, полесно е отколку што мислиш. 😊

Пред да преминеме на решенијата, еве неколку совети како треба да ги менаџираш критиките:

✅ Собирај ги сите критики на едно место, без разлика дали доаѓаат од твоите социјални профили, Google или ти се пренесени во живо;

✅ Сочувствувај со проблемот и обиди се да се ставиш во чевлите на вежбачот;

✅ При секоја нова критика, веднаш барај решение дур проблемот е свеж;

✅ Не го земај коментарот за лична навреда;

✅ Преземи одговорност и извини се ако грешката се случила поради тебе или твоето студио;

✅ По извинувањето, понуди јасен план како може да се реши проблемот.

Драгана Младеновска
@https://www.instagram.com/dragana_fitlife/

Добар пример за справување со поплаки споделува Драгана Младеновска од Fit Life.

На мое големо задоволство поплаки скоро и да немаме затоа што навистина се трудиме да бидеме на страната на вежбачите и да ги задоволиме сите нивни желби и потреби. Најчесто има жалење во однос на термините. Нашите тренизни се групни, па многу е тешко да усогласиш термин кој ќе одговара на сите. Многу често се бара од нас да поместуваме и да адаптираме термини. Сепак, се што е во наша можност искрено го правиме. Друг конкретен пример за поплака што се случи неодамна е дека се прави гужва во некои термини. Во моментот, поради пандемијата работиме со редуциран број на вежбачи во група и најчесто и тој редуциран број на места не е пополнет. Тие што се редовни, некако се навикнаа да вежбаат со мал број на луѓе, па кога се случи момент да се наполнат сите предвидени места, почнаа поплаките дека е гужва, иако реално гледано тој пополнет број на места е пополнет запазувајќи ги сите протоколи, мерки и дистанца.🏆

Ивица Алексовски
https://www.instagram.com/thestrongestmacedonia/

Во центарот за боречки вештини The Strongest, најчесто се справуваат со поплаки поврзани со тренинзите по боречки вештини.

Ивица Алексовски објаснува како успешно ги надминуваат:

Да бидам искрен, ретко имаме поплаки во некоја од групите за боречки вештини. Од време на време, може некој индиректно да посочи дека одреден член е малку понасилен, погруб кон другите кога се увежбуваат техниките, кога имаме спаринзи. Но, тоа не се случува поради тоа што другиот намерно го прави тоа, туку поради фактот што другиот е таков по “природа”. За него тоа и не е толку грубо. Овие поплаки се најчесто од членови кои се “помеки”, односно сакаат да тренираат боречка вештина, а да немаат контакт со другите. Секако сите ќе се сложиме дека не може да се тренира боречка вештина и да се нема контакт. Се трудиме да немаме поплаки. Изградивме сала со површина 450м2, 230м2 високо-квалитетни татами, опрема за тренинг од реномираниот VENUM, теретана каде што ХИГИЕНАТА е на највисоко ниво. 🏆

Кои се најчестите критики што ќе ги добиеш и како да се справиш со нив?

⚠️ Критика: Теретаната има многу лоша хигиена!”

Решение: Биди проактивен/на. Прочитај ги уште упатствата за хигиена во услови на пандемија и целосно исчисти и дезинфицирај ги целата опрема и сала.

⚠️ Критика:Многу е топло и загушливо во сала!”

Решение: Постави пријатна собна температура што ќе биде идеална за сите.

⚠️ Критика: Не добивам одговор на пораките и повиците!”

Решение: Најди време во денот каде што единствено ќе се фокусираш да одговориш на пораките и повиците на сите вежбачи или ангажирај личност која ќе го прави тоа.

⚠️ Критика:Опремата е скршена и неисправна!”

Решение: Не ги одложувај поправката или купувањето на нова опрема и секогаш учи ги вежбачите дека и нивна одговорност е уредно вратена опрема на место и уредно исчистен простор за вежбање.

⚠️ Критика: Персоналот ме игнорира и не ми помага!”

Решение: Обучи ги вработените како се користи секоја справа, мотивирај и инспирирај ги за тие да не ги штедат своето знаење и вештини пред клиентите.

⚠️ Критика: Теретаната е преполна!”

Решение: Мотивирај ги вежбачите да ги следат твоите онлајн часови од дома или да доаѓаат на тренинг во термини кога има помалку гужва.

⚠️ Критика: Тренингот се откажа во последен момент!”

Решение: Колку што е можно порано, објави информација зошто часот е откажан и кога ќе се надомести.

⚠️ Критика: „Џабе вежбам, немам резултати!”

Решение: Понудете персонализиран план за вежбање со личен тренер или барем некоја насока како да ги постигнат фитнес целите.

За да ги задржиш клиентите, тие треба да се среќни. Обезбеди им врвна услуга и возбудливи тренинзи и тие со нетрпение ќе го очекуваат секој твој следен тренинг! 💯


ФитКит лого

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.