Како да ѝ раскинеш на мрзливоста и да почнеш да вежбаш по дома?

Photo credits: @thibaultpenin

Си се навикнал/а да вежбаш во фитнес центар, па сега вежбањето дома некако не ти доаѓа баш природно. Наместо да си ја продолжиш рутината, ти си седиш на каучот дома и си гледаш Нетфликс, надевајќи се дека калориите ќе се потрошат самите од себе.

Секако, тешко е рутината да се смени преку ноќ, но што можеш да направиш за да го скршиш овој ланец на мрзливост?

Еве неколку работи што ќе ти ја ублажат носталгијата за твојот омилен фитнес центар и инструктор и ќе те станат од каучот (се надеваме):

1.Првите 15 минути се најтешки

Дали ти текнува колку се мачни првите неколку тренинзи секогаш кога почнуваш нова дисциплина?

Ти се чини како инструкторот да кова заговор против тебе само за да те остави без здив. Првите 15тина минути ти се чинат како ноќна мора, но штом заврши тренингот, се чувствуваш исполнето и среќно (и не си му лута на инструкторот).

Исто е и со вежбањето дома. Дури и полесно. Ти сам одлучуваш кога, како и што ќе вежбаш. Без разлика дали ќе се приклучиш на онлајн тренинзите организирани од ФитКит како дел од #ВежбамОдДома, или, пак, ќе си пуштиш некое видео на Youtube, одлуката е само твоја!

Секако, не ти треба некоја фенси облека за вежбање. Доволни ти се тренерките за по дома и домашна памучна мајца (зашто никој не те гледа :D).

2. Чувството по тренингот го оправдува напорот

Социјалната изолација го зголемува ризикот од депресија. А утехата можеш да ја најдеш токму во вежбањето!

Кога си физички активен/на, твојот мозок излачува низа хормони како допамин, серотонин и ендрофин што ти помагаат да се чувствуваш опуштено и среќно.

Затоа многу научници велат дека вежбањето се нарекува и природен антидепресив. Зошто да не го искорстиш во твоја полза?

3. Вежбањето како превентива

Периодов сите сме на еден или друг начин хипохондрици, стравувајќи да не бидеме дел од брзорастечкиот број на заболени од Ковид 19. Со оглед на брзото ширење на вирусот, стравот е сосема разумен и оправдан.

Што можеш да направиш?

Анксиозноста замени ја со вежбање! Меѓу другите здравствени придобивки, физичката активност ти го штити кардиоваскуларниот и респираторниот систем. А токму тоа ќе те направи имун на многу болести.

Photo credits: @iyunmai

4. Идеја за семејна активност

Ние сме социјални битија и верувам дека не ти е сеедно да си по цел ден затворен/а дома и да смислуваш “топла вода” како да си го исполниш времето.

Еве вежбањето нека ти биде следната идеја за семејна активност. Земи го партнерот под рака, детето или родителите и подготви се за многу забава.

А за да ти ја олесниме работата за трошење на енергијата на твоето дете, од минатата седмица покрај редовните онлајн тренинзи од 17 и 19 часот на нашите Facebook и YouТube канали, организираме и бесплатни онлајн тренинзи за најмалите со нивните омилени цртани ликови.

На крајот на денот, се се сведува на тоа дали си подготвен/а да се предизвикаш себеси или подобро ти е да останеш во својот кауч и да се помириш со вишокот килограми? Што ќе избереш?


ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, во над 150 локации во земјава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.